Не носам...и не ми се допагаат. Имам едни црни земени,ама џабе еднаш само ги ставив. Не сум таков тип едноставно
обожавам стартки..ги комбинирам со све и свашта...еднаш во средно и на свадба кај брачедми појдов со фустанче и стартки памтам дек мајками ќе ме убиеше хахаха
Spoiler Зелените на првата слика! Иначе и јас сум љубител на старки, ама неможам да си дозволам оригинал, па имам од оние на Мат Стар. Евтини се и можам да си дозволам и по два пара наеднаш. Иначе, имам едни со црно бели шарки, и едни црни. Пролетва ќе се подновам.
некако ми се маст хев производ. на се одат едноставни а шик и впечатливи ! Од мода никогаш не излегуваат што е најбитно
Многу ми се допаѓаат, ама до сега не сум носела оргинал, само Мат Стар. Планирам оваа пролет да си земам едни. Белите ми се класика што никогаш не излегува од мода
Дали некој имал во првите носења проблем со Конверс старки? Си купив вчера, и онака кнап ми беа, ги носев за излегување а сега назад имам плускавци и ме болат нозете. Да земам поголем број, иако во широчината и должината ми се таман, или да ги разносам, нема да ме болат?
И јас барам чаре за ова.Првиот пат кога ги носев лом ми ја направија ногата. Цела рана имав. Ама тогаш ги носев со онакви кратки чорапчиња за да не се гледаат,зошто моите се со низок изрез. Сега се опаметив си ги носам со оние кратки чорапчиња како хулахопки,не се гледаат,а цела нога е опфатена,па не се изместуваат и нема триење меѓу ногата и патиката. Супер ми беше така. Пробај. Е ,сега не знам какви старки имаш ти,од тие високите,или?
Од ниските имам, и носев кратки чорапи, ама забележав и на чорапите, изгледа дошло до толкаво триење што и тие се оштетени . хаха. А, ти колку време ги носиш?? Благодарам.. Јас сепак се премислувам, незнам што да правам.. а за какви чорапи зборуваш ти? како хулахопка?
јас секоја пролет купувам старки и секогаш го имам тој проблем на почетокот додека не ги разносам, нозете ми се прават партали на почетокот не ги носам редовно, на пример денес ке ги носам, утре ке носам некои по комотни други патики па другиот ден пак старките ке ги облечам и така кога ке се прилагоди ногата/патиката по некое време веке не ме болат и почнувам редовно да си ги носам... пс. наредни на репертоар ми се зелени.
Два пати ги имам носено до сега,првиот пат кога ми ги направија нозете лом со рани и вториот пат вчера откако ми зараснаа. Па онакви кратки чорапчиња,како хулахопка што се само не се целосни туку баш како чорапчиња. Има и доколенки такви. Ќе си земеш обични,месо боја,не од оние светкавите и ништо нема да се познава,а ќе ти бидат удобни патиките.
^ Фала, дечки. Значи, да не земам поголем број, да си ги разносам, да пробам и со такви чорапчиња, а? Ептен ми е криво, оти мн. долго ги посакував патикиве, не сакаа да ми ги купат оти биле платнени ама вчера си ги добив. catsruletheworld3 значи, по некое време ништо нема да ми се прави назад на ногата? хаха, морам да се осигурам .
И.. waka waka, заборавив да те прашам и тебе, вчера кога ги носеше со такви чорапчиња на полуоздравена нога, те болеја? Се триеја? Дечки, извинете што ве замарам, ама не сакам после да ми стојат во шкаф Плус си мислам што ако ми се мали па затоа... И што правите со раните? Јас на едната се намачкав павловичева маст а на другата залепив фластер. Ги пробав уште 2 пати денес, болат бе. А по колку време ти ги стави пак ?
Јас на раните ништо не ставив ,поминаа сами,само гледав да не ги иритирам дополнително и да не ги изложувам на прав,пример избегнувајте балетанки,зошто не е убаво со отворена рана да шетаме така за да не се инфицира има еден куп бактерии наоколу. Дури после 2-3 недели ги облеков патиките. И вчера ништо не ме болеше се беше ок,а цел ден бев излезена. Од сабајле од 11 до 11 ги носев.