Дечки, колку се ниските старки, а колку високите? Се токмев да одам да се распрашам и да си изберам, ама постојано ми излегува нешто друго побитно и ги оставам за друг пат. Баш ме интересира која е разликата во цената, иако мислам дека сепак ќе си земам високи.
Јас вчера купив ниски, 2800 се а високите ако не се лажам се 2900 или 2950 тука некаде, 100 денари разлика.
За во Струмица зборам Во Converse ниските се 2800 а високите 3000-3500 A во таа новата што ја отворија во Глобал (незнам како точно се вика,се наоѓа до тоа за чевли Албедо,на кошот е ) ниските беа 2600 а високите најскапите 3200.(Нот, тоа беше првиот ден кога ја отворија , можеби само тогаш им бил попустот)
Леле бре, прескапи се аман. А на кој спрат беше Конверс продавницата во Глобал? Не сум купувала откај нас никогаш.
кога се купуваат старки прво правило гумата не попушта и штеповите исто така она предно на патиката. Затоа старките ги има на пола број а пола број е 0,5 разлика. Разликата значи е толку мала што не се приметува на нога а значи многу. Пред се земете во предвид дека летно време ногата при движење отекува. Што се однесува до цените класиката ниски се 2890 високите 2990 разлика ниско-високо 100 денари.
Сакам исти вакви, каде можам да најдам, освен во ГТЦ во Артурс и дали сте виделе баш вакви. Уште ако знаете цена, одлично, ма дапретпоставуам дека се како што кажа Карак
^^ Нема врска тоа со броевите. Еве јас си зедов 36 и премногу ме стегаја, зедов 37, тие ми се големи.
Мимс, тие ти се класиката бели ниски. Треба да ги има во Беверли во таа една продавничка на приземје шо е (мислам и таа беше на Arthurs ) и плус во Сити Мол во Converse на трети кат. Цена пишуваше мислам погоре 2890 ден. Епа затоа ќе си земеш 36,5 и те како има разлика.
[/quote] Епа затоа ќе си земеш 36,5 и те како има разлика. [/quote] Не постојат. Барем не овде. Или 36 или 37
^^ Сигурно? А да прашаш по други продавници? Зошто мене искрено сите старки ми се 37,5 ама додуша од странство се купени. А планирав сега да си купам од тука од класиката црвени ниски 37,5. Имав едни од пред 7 години од тука купени и се зезнав 37 ги земав и ме стегаа. Ама пак 6 години скоро ги носев.
сега да ти одјаснам америчко 3 е наше 35 3,5 е 36 меѓутоа разликата е 0,5 а не цел број 4 е наше 36,5 4,5 е 37 5 е 37,5 5,5 е 38 бројчиња во артурс има евентуално ако немало па ти кажале дека нема а дека посстојат постојат. Е сега артурс се главни увезници за конверсе и во скопје цените се најефтини инаку имаат и во други градови конверс но таму газдите најнормално си ставаат цени какви сакаат.
сите овие продавници се на артурс и се со исти цени ако сакате нешто шарено и поефтино одете во аутлетот на артурс во мавровка
Ги обожавам. Секоја пролет си купувам нов пар. Веќе некаде 2-3 години носам старки. Ми одговараат на стилот, а и многу се удобни. Имав црни и зелени од NewYorker, а сега имам вакви од Converse.
нема нема, ке ти се прилагоди ногата и ке ти поминат раните од почетокот што ке ти се направат и после немаш гајле.. проверено. (иначе дури сега ја отворив темава по толку време инаку ке ти одговорев порано...)
Ги обожавам Моментално имам 5-6 пара, ама не можам да се замислам веќе преку ден во нешто друго Многу убаво стојат. И маичките им се многу убави, често ги комбинирам заедно.