Од Конверс ниските се 2890, а високите 2990 денари. Носам старки веќе 6 години, а за тие 6 години сум сменила 9 пара. Јас носам само високи, ниските не дека не ми се свиѓаат ама високите си ги сакам повише. Сега моментално имам само 4 ''здрави'' пара старки, еднобојни од класичните Конверс, црвени,тегет,црни и кожни црни. Имав едни исто високи, од странство ми беа, со некои апликации, ептен јаки, ги пазев како очи во глава и ги сакав повеќе од се, но и како сите други предходно и тие првин ми пукнаа од надворешната страна, таа гумата се оддели од матријалот и после се исцепаа, како на сликава што е старката од лево. Колку и да ги чувам, ги носам најмалце една година и се цепаат баш на тоа место. И ме чуди како можат некои да ги носат по 3-4 години неоштетени??? Некој некое чаре да ми каже за тоа??
^^ Тоа што ти се кинат баш на тоа место, 90% има шанси да ти се тесни, барем за пола број. Кај мене со првите старки истото беше случај. Ми беа 37, наместо 37 ипол. После со другите немав такво искуство.
Љубоб љубов и љубоооооооооооооооов! Ги сакам најмногу, секоја година по 1-2 пара нови си земам обавезно, најчесто модели кои се црни, црно-бели, црно-сиви...
Не сум нешто многу со старкиве Имам еден пар високи светло зелени и згодни ми се така на изглед али шознам не сум нешто многу обземена и излудена по стартките
старткиве се најубава измислена работа,ем лесни се за носење,ем одговараат со се,ем се ниски а и доста издржливи пред 4 години си купив еден пар ниски светло плави на пазар 200ден и до сега ги носев.никогаш не излегуваат од мода што е најбитно.
Значи патики што најмногу ме бендисуваат, поубави од овие за мене нема. Деновиве планирам да си го купам третиот пар. Требаше дури бев слободна ама така се погоди. Спојлер А покрај конверс ќе ми требаат и други патики, и за најк размислувам па ќе ги шетам спортските продавници за викенд.
ги обожавам. имам едни темно сиви високи. во најскоро време планирам да си земам уште едни, виолетови или праска боја <3
Не ми е јасно како може толку прости и едноставни и толку стар модел патики да бидат толку слатки! Ги обожавам, имам два пара ниски, а планирам и едни високи да си земам.
девојки, сакам да ве прашам, старки има само во конверсе оригинал, или можеби има негде каде што се поефтини, не мора оригинал да се. благодарам однапред
Имаш и во Мат Стар за 300 ден , и стварно се издржливи , има различни модели со различни дизајни , само го нема логото на Converse
Јас имам старки на Мат Стар, и за издржливост -секоја му чест! Денес си купив нов пар, виолетови, а пред тоа имав црно-бели. Црно-беливе ги отепав од носење 9 месеци, буквално. И бидејќи ми беа малце поголеми, ми пукна гумата од страна, после толку време носење секој ден А новиве ми се таман, па им предввидувам вадење на маста. За цените, имаш кожни по 500-600 денари, и платнени по 350 - 450 денари.
За цените, имаш кожни по 500-600 денари, и платнени по 350 - 450 денари.? Да? Од каде ги купуваш од Мат Стар? Во ск?