Плус патот до Скопје - исто се фаќа. Во Мавровка се поевтини од 2000, ама како што разбрав, поретко се наоѓале нормални бои. Како и да е, има во Штип продавница, само не знам кај се наоѓа навистина. Цените се исти како на сите други места - 2800-2900.
и јас незнам каде точно се наоѓа, а сакам да поминам да видам што има, цени и слично, зашто викаат дека било ефтино.. патем, денес бев во кисела вода во мат стар, имаше старки, ама бели, со шарки некои, и не ми се допаднаа. јас сакам црвени или сини, ама такви изгледа само во конверс.
Некој ми имаше кажано дека во Струмица во Глобал имало некоја продавница за Конверс.Ама незнам на кој кат е и како се движат цените.Посебно за ниските Знае некој?
Па на вториот кат си се инаку цените кога јас одев малите беа околу 2800 а гулемите што се до глуждот 3 600 инаку на вториот кат се мислам или незнам не сум баш приметила каде шо си е пума соортисимо спорт ем па има еден бутик па таму се конверс ако не се лажам така некако беше распоредот
Ја си имам мака со конверсот мој. Земав пред 2-3 недели бројче 38, а обично носам или 39 или нешто измеѓу 38-39. Кога ги пробав 39 продавачката фана кај ми бил палецот и како демек ќе ми се раширеле од неколку носења и ми рече дека 38 ќе пуштела и немало да ми биде ептен кнап. Ама еве веќе почнаа плуски да ми излегуват по нозете, болно ми е кога одам. Па, дали има некој начин да ги раширам некако. Мајка ми ги бодна во фриждер за длабоко со кеси вода во нив, па незнам ќе има ли некој ефект, кажете чаре..
Точно е дека ќе ти се рашират овие тесниве. Ама ќе се помачиш во меѓувреме. Требало да си купиш 38 ипол.
Конверзот имаат меѓубројчиња, требало да побараш 38.5 (јас носам 39.5). Нема ефект сега, но да си знаеш за нареден пат Мене немам забележано да ми се рашират од носење, се работи за платно и гума, нема многу што да се раширува. Освен ова што мајка ти ги ставила во фрижидер, можеш додека не ги носиш да ги полниш со весници и да ги дуваш со фен пред да ги облечеш.