да ти кажам има секакви бои има и шарени и еднобојни , а за цените па 1800-2000 највеке а како шо се сеќавам имаше едни каферни дури 900 ден
Само во Мавровка се 1800-2000 ден. или има попуст во сите продавници каде што се продаваат (Сити мол, ГТЦ, Беверли......)?
Имам вакви и мноогу си ги сакам. Ептен ми се удобни.. -Ги комбинирам со едни кратки црвенки панталончиња и обична темно сина маица. Инаку, сега планирам да си купам црни или бели.
Удобни,класични и никогаш не излегуваат од мода Најдоброто нешто во врска со нив е што можат да се носат на скоро се,па сега се носат и на суќнички и фустани. Имам бели и црвени,не ги носам многу ама некогаш и затребуваат...
Слушнав дека старките во Free Shop биле 22 евра ама некако не ми се верва оти кај нас се скоро 50 евра. Некој има видено колку се?
Многу ми е интересен и симпатичен овој модел на патики. Може да се комбинира со се, и може да се најдат најразлични бои. Квалитетот им е супер, само, платно како платно, често се валка, но и за тоа има решение.
Вчера си купив ниски, бели старки од Arthur's од City Mall и приметив дека имаат поинакво лого (шо лично повеќе ми се свиѓа)... Еве вакви се, идентични со се логото, а логото е исто и на гумата отпозади. Лани купив исти, само високи и го имаат старото лого, еве ова: Прашањето ми е... Имате приметено дали и на друго место има со вакво лого, исто старки ама во друга боја? Или можеби веќе имате дома со вакво лого?
има слични бојата им е таа само се на дупло платно едниот дел бело крзненце а другото кафено и можеш да се ги носиш на два вида. само што се ланска зимска колекција и треба да ги побараш зимоска. и не се на патент туку на врвца