Затоа што материјалот е многу тенок. Не само што може да ти се наводени ногата, може да ти се упопасти ткаенината и да ти биде студено на ногата. Ти како сакаш. А и, вчера бев Скопје. Старки ниски по 1500 денари, високи 1700 мислам. Од новата колекција цените достигнуват и до 5500 денари, но има преубави моделчиња.
Те молам кажи ми каде има Старки за 1500 и за 1700 ден., јас ги гледав по 2900-ниските, 3000-високите.
^И јас бев пред неколку недели и навистина имаа голем избор ,интересни модели а и од сите бои имаше. Мене некако ме фати мерак за оние чизмичките,ама никаде не сретнав такви. Спојлер
Јас си купив црвени од Грција, 25 евра, made in China. Што и во Скопје ги има. Во Космос made in Vietnam, беа 60 евра, далеку подобар квалитет и поиздржливи. Белите се дефинитивно најубави, ама кај мене бели ќе се само првиот ден па со тешко срце се откажав од нив
Да знаев,одамна ќе беа мои. Една феминка имаше пишано дека видела вакви,ама не пишала каде. Мислам дека кај нас нема вакви.
Моментално имам три пара актуелни од кои бели високи лани купени во Италија (Made in Vietnam), црни кожени исто од Италија купени пред две години (Made in Indonesia) и бели ниски купени пред некоја недела од Скопје (Made in China). Додуше, у Италија стварно се за 20-тина евра поскапи, ама викаш има разлика во квалитет ? Мене не ми се верува баш.
Некако поцвртс е материјалот, потешки се што значи и ѓонот е поразличен, и имам приметено на Кина "јазичето" е пократко, од врвките се крие етикетата, а на Виетнам е подолго и знакчето искача од врвките
Класичните All Star во Converse (бев во ГТЦ) не се намалени, намалени се само некои без везе модели. А во аутлетот во Мавровка изборот е катастрофален!
Девојки во дилема сум незнам дали да си купам Converse или Adidas вие што мислите кои се поубави и поквалитетни и од колку е најниска цена на Converse и Adidas.?.
^ Ако си купиш Converse ќе можеш да ги носиш само 2-3 месеци, а потоа кога ќе почне зимата нема шанси да ги носиш. За периодов што доаѓа Adidas е подобра опција. Ако си купуваш Converse најдобро е некаде крајот на зимата да си купиш, во март или април, бидејќи ќе можеш да ги носиш додека не залади.
^^Но,ако се решиш да купиш сега, ќе можеш да ги носиш цела есен (кога нема да е врнежливо) и потоа ќе си продолжиш на пролет да ги носиш.Само ако земаш да си земеш поголемо бројче ќе треба за да ти се точни и на пролет.
Во есен мислам дека е подобро да си земеш nike, adidas, puma него ли конверрс. Конверсот ми е мене како за во лето, доцна пролет кога нема врнежи.
Сакам да си купам старки со висока платформа значи нешто вака отприлика: Дали знаете каде можам да ги најдам во Скопје и каде има најголем избор? Помош ве молам и предложете ми боја.
Мислам дека старките никогаш нема да излезат од мода Моите први старки си ги купив во седмо одделение оти тогаш бев во некој рок-фазон Се покажаа квалитетни, ги носев неколку години се` додека не им избледе бојата.