Ниските женски се околу 2800-3200, зависи и дали класични или со шари Инаку, откако видов дека цела Шутка е преплавена од тие кинеските старки и секој втор ги носи, некако ми се одмилија
Дечки, оние што носат број 36 може да им одговараат 35/34.5 од детските..истите се само 1000 денари се поевтини од тие за возрасни. Мене ми се таман бр. 34.5 од детските (Првпат да се радувам што имам мала нога )
Не знам дали е само мое мислење, ама нејсе. Кога ќе видам девојка со старки и завратени фармерки или панталони, одма знам дека старките се носени од помодарство, хипстерај и глумење лудило. Дури и ме изненадија повозрасни девојки со глупави статуси од типот - старка се носи за да ти се гледа глуждот, па претпоставив дека е некој глуп твит на некоја хипстерка. Старка се носи бре како сакаш, нема правила (освен што погорните по правило ги носат од мода де), ако сакам и фармерките по земја ќе ми се влечат, ги носам од удобност.
Jaс имам бели. Да, се валкаат, ама па и се чистат со перење Не се толку проблематични. Јас ги имам утепано од носење. На се` идат . Ако ти се свиѓаат земи си ги, не му ја мисли. Машината ќе си ја заврши работата
Штета шо така ги гледаат старките. Затоа и си ја кренаа цената.. пред 4 години ниски зедов за 3500, сега се 4 и нешто. Обични, најобични кремави.
^^ Каде бе вакви цени ? Јас лани ова време купив бели ниски, 2890 ден. беа. Во Италија да, 70-80 евра се високите пр., ама и поквалитетни ми изгледаат, искрено.
Од каде ви се цениве бре? Од ракав ли ги вадите? Пред нецели 2 месеци јас зедов ниски старки и не беа повеќе од 3000.
Да биде јасно еднаш засекогаш, во Конверс ниските старки се 2.890, а високите до глужд се 2.990. Цените се тие со години наназад, ниту биле поевтини, ниту поскапи. И никогаш нема попуст на класичните старки. Инаку, јас лани си купив тегет до глужд, а сега ми се во план ниски. Прво сакав, т.е. бев решена бели да земам, ама некако и минт зеленки многу ми се допаѓаат. Не можам да се одлучам
Незнам, мене ми е старка - или носиш одсекогаш или не носиш никогаш, од кај сеа модерни станаа коа си се класика години уназад, изгледа одкако искочија фејковите на сите страни па се носат масовно. Познавам девојки кои се гадеа од патичињава, а сеа као неможат без нив. Мене ми се ок, никогаш не сум ги носела убаво ми изгледаат само на други, коа гледам некои комбинации сфаќам дека убаво би ми стоеле ама неможам да се замислам во нив некако... Дечко ми одсекогаш ги носел мене ми вика старка стои на секој и со се, неможе да не ти стои, купи си. Штознам, најверојатно нема да купам иако вака многу удобно ми изгледаат, ако купам некогаш мислам дека ќе ги носам само со тренерки
Вака е не само за старките туку и за Тимберленд чизмите и сличните на нив. Топлат ненормално многу,ама пред да се популаризираат на сите им беа машки,тракторски и не знам какви се` не и мрзнеа во фенси обувки. Сега истите тие се утепаа носејќи `тракторски` чизми.
И јас носам старки и цело лето во нив го поминувам. Порано само високи сакав ама сега и нискиве ми станаа многу убави па сега планирам да си купам ниски. Се мислам меѓу бели/крем/црвени ама мислам дека дефинитивно ќе бидат црвени. Сакам и едни темно виолетови високи ама следен пат. Цената им е висока како за платнени патики ама па што уште немаат издржено така да се исплаќа.
Колку се ниските старки (не до глужд,обичните ) во Converse сега,да не знае да ми каже некој ? Благодарам однапред.