Јас вакви имам..и преубаво стојат на нога =)...а посебно доколку имате потемен тен и овие патики..уфф <3
Минувајќи низ ГТЦ на излогот од дуќанот на Конверс како да видов налепници со попуст, ама немав време да влезам за да разгледам. Знае ли некоја на што се однесува попустот ? Или завршил веќе, додека да се решам да прашам. И уште едно прашање - колку им се маичките?
Јас си добив поклон од брат ми, бели, ниски и кожени.Знате колку ќеф ми е, досега на ниедни патики не сум имала таков мерак, ама некако ептен ми се вклопуваат во стилот, дека се кожени не изгледаат толку спортски, па може и поелегантни комбинации да стокмам, мислам секако не со светкан фустан де, ама онака.Бројчето ми е супер, се плашев највеќе за тоа, ама ептен како јас да сум ги пробала.Еве ги. И мило ми е што моделов го нема туку сеуште мислам, па нема на секоја втора девојка да ги гледам.
Има ли некој искуство со виетнамските старки оние made in vietnam што се??Каков квалитет се ? Планирам да си купам но нејкам да ми испука гумата од страна после 4-5 месеци носење, сакам да издржат барем година ипол-две.
^^ Made in Vietnam, бар досега, беа најквалитетни. Во Италија се такви. Кај нас се Made in China и се гледа дека не се ист квалитет како првите. А, ако донеле кај нас Made in Vietnam да си земеш, не се мисли. Кај има такви, во Arthurs ?
Дечки, да не знае некој дека се продават копии на Converse во Штип? Имам еден пар ниски црвени, па чисто да ги споредам со оригинални chucks. Гледав нешто на страната на Матстар Македонија (Во Евокси повеќето од робата е Матстар), но ми изгледаа малце глупи. Иначе дали има некој искуство со порачување на патики од страната на Converse? Гледам дека има доставка само во САД, а некој во темата спомна дека има порачувано од официјалната страна.
Јас немам но планирам да си купам. Инаку во Охрид летово беа 1000 денари сега не знам, може кај вас е поразлична цената, но јас ќе купам сега за оваа пролет.
Зa вo летo се супер вooпштo не ти држaт тoплo и бaш се убaви oнaкa нa изглед дo сегa сум имaл црни кoжни,вoјнички и сегa имaм тегет
Јас ги имам споредувано.Немаат никаква разлика.Јас имам порачано од алиекспрес беа околу 900 денари. Пишуваше дека се Made in Vitneam колку се оригинални не знам.Но за таа цена се перфектни. Во Штип во Матстар има ама не се баш како конверсот .
Внимавајте на земјата на потекло кога купувате. Обично оние од Виетнам се со подобар квалитет отколку од Кина. Проверувајте ги. Може да се случи во истата продавница да има и такви и такви.
ги обожавам, без разлика која боја и какви се мислам високи или ниски ги носам на се и имам во повеке бои