Планирам да се купам сега,да ве прашам која цена се и да ми дадете совет дали бели ниски или високи да си купам ?
Моите беа вакви... ...а сега се некоја ваква боја, од пусто перење. Кога ќе испуштат душа, сакам да си купам бордо, ама ниски.
Има ли попуст во Артурс (или друга продавница за старки) на кожени, има ли избор, како се движат цените?
Jas si poracav od Aliexpres visoki temno plavi converse za okolu 1000den. Ima i niski ista cena se. Patikite se super ne mirisaat na kinesko a na niv im pisuva Made in Vietnam jas sum zadovolna sega za sega od niv za tie pari
@realGirl Сакам да си нарачам теѓет ниски All Star. Те молам прати ми го линкот од селерот на Алиекспрес. ФАЛА!
Знае ли некоја колку се маичките на кратки ракави со логото на Converse? Или дуксовите, исто ми останале во сеќавање дека се убави. Разлистував на сајтот на Артурс, но цени немаат наведено.
Пред некој ден бев до Артурс и приметив дека на маичките и дуксовите имаше беџ со 50 % попуст , колку беа точно незнам да не те излажам
Да не знае некој колку се од прилика ниските од детските броеви, зашто носам 35-ка, сакам да си купам ме интересира
Mулти корпоративни компании се тоа, не значи дека ако е во Кина произведено дека е лошо, затоа што Converse имаат фабрика и таму за прозводство и на уште неколку места, и ја прават по исти стандарди и со ист квалитет како во сите земји што се произведува Converse. Е сега по дифолт кога ќе се спомне made in China одма сите мислиме дека е шунт, но тоа се однесува за повеќето од кинеските компании, а за Converse и сите други мулти корпоративни компании производството е исто како и во другите земји, без гајле. Инаку ги сакам старките, имам два пара, тие скроз црни што се, црвени, имав и кожни али ги дадов на другарка една. ги обожавам кога се малку износени а кога ги купувам првите неколку недели кога се нови не ми се свиѓаат, вака износени поуметнички ми делуваат. Converse е мислам еден од најстарите брендови, јас поштувам такви ствари, но мислам дека сепак во цената на Converse повеќе се плаќа брендот отколку квалиетот, плус во секоја земја различни цени се, а ние нели како со најнизок стандард научени сме на највисоки цени fuck logic.
И мене мејд ин Виетнам ми се покажаа како поквалитетни, ги убив од носење, а навистина не се попуштени. Баш ги средував пред некој ден и ми текна да ги споредам. Оние кинеските ми попуштија по неколку месеци, се одлепија од страна. Кај дечко ми пак, сосема иста ситуација - и тие и другите попуштија за отприлика ист временски период. Нјверојатно е до одржувањето, јас многу си ги пазам сите обувки, како нови ми се без разлика колку време сум ги носела, а тој се правда со старата добра „машко сум, не сум толку флегма како тебе.“ Сакав да прашам, како ги перете, во машина? Јас не се осудувам да ги ставам во машина, се плашам дека ќе ги најдам раздвоени од ѓонот. Си ги перам на рака - белите со Вениш, обоените со детергент за обоена облека. Би ризикувала со оние од Алиекспрес кои ги платив многу евтино, ама жал ми е, како нови ми се.
@Mishela Јас имам едни што ги носам многу време, 3-4 години и секоја пролет и есен ги перам во машина. Не се одлепуваат само што материјалот е некако омекнат. Инаку ногу убаво се чистат така, како нови се секој пат кога ги перам. Бели се со некои шарички на нив. Е другите што ги имам темно црвени не сакам да ги перам, страв ми е бојата да не стане посветла.
Јас имам розеви,ги зедов во летото од Воден ги најдов на попуст мн си ги сакам ,сега сакам најобични ниски бели заљубена сум во нив,треба да поминам да видам како се движат сега цените...
Јас имам и едни дезенирани, за нив најмногу се плашам. Засега убаво се чистат кога ги перам така, ама сепак машина си е машина. Ништо, да не ризикувам и јас значи со обоените и дезенираните.
Дали знае некој дали се продават баш вакви старки кај нас или дали некој испорачува вакви до Македонија?