Имам само еден пар, нешто како кремасти и високи се. Ги носам на сликите двете што ги имам ставено во Модни критики. Очајно сакав сиви, но немаше сиви и си ги купив овие. Не ми се даваат 3 илјади за едни старки кои можам само пролет и лето да ги носам. Моите си ги купив од аутлетот на Конверз за 1200 ден. Башка прочитав незнам низ која тема беше дека во аутлетите биле кинески патиките и незнам какви. Можеби ќе бидам офф, но морам да кажам дека моиве старки имаат преживеано и дожд, имам планинарено со нив, уште кој пат го немаат изодено и тоа година ги имам и еве ги здрави се како кога ги купив. Сакам да ве прашам дали сте виделе сиви до глуждот и по која цена? Зборам за во Скопје. Може цена и од аутлет и од продавница да ми кажете, за што знаете за тоа.
Иако многу ги сакам сепак не се исплатат за тие пари пошто брзо се кинат (барем мене ми се кинат брзо а не правам кујзнае што со нив ) инаку имам 3 пара сиви кремасти и виолетови со некои шари.
Ќе можи да ми кажиш од која страна ги порача, јас сакам да си порачам не се скапи колку што се тука, јас гледав на ebay, ама незнам дали е сигурно , страв ми е да порачам и колку те кошташе испорачката. Фала однапред.
Нај, најомилените патики. Ги обожавам едноставно. Имам бели класични, платнени до глужд. Од пред 5 години ми се, ама како нови ми се. Си ги пазам, ама и ги перам редовно. А најновите, од пред еден месец ми се црни, кожни, имаат малку виолетово и виолетови врвци. Кога ги видов си реков: „Мора да ги имам“. Спојлер Ај можеби ќе ги сликам, па ќе ги постирам.
Aко се аутлетот кинески, ондак и новосезонските старки се кинески Тоа што не се продава го носат во аутлет, значи истата патика е, само постар модел. А тоа воопшто не е битно Најгадно нешто е старка штикла, бљак
Класика. Нешто кое никогаш нема да излезе од мода. Ама не ги сакам овие шарениве , многу ми се фенси..преферирам едно бојни , олд скул Конверс. Имам неколку пара , и сега планирам да си купам или тиркизни или бели ,ама овој пат ниски..
Штотуку ги најдов на нет и се заљубив во нив Converse weapon Ги има кај нас негде и колку пари се? Морам да ги имам, преубави ми се
CONVERSE ALL STAR Стартка ДА Фаворит меѓу обувките.... Дома имам точно 17 пара моментално и ги убијам од носење на се и сешто. Како и Док.Мартинсот (зимо) конверс си се знае (лето) за рипање на концерти, трчање по шуми и излети, љубакање по паркои, кампување, планинарење...ма за сегде... Поссебно- ги љубам- високите модели.... Но говорам на класика СТАРТКА, не овие штикли-модулации, гротескни...да ти се блуе... Сквернавење на вистинските вредности.... Да ми беше Sid Vicious жив, одма ќе се убиеше кога ќе видеше што сторија од `евергрин` обувките. BTW> На секое поминување од Конверс во ГТЦ кога ќе си го видам Сид како ми намига, не го поминувам без да го избобацам и изгушкам... Ма секој ден нека ми го рибаат лабелото чистачките у ГТЦ од стакло, ја пак ќе си го сакам (поштуем) на секое поминување!
томица од првата слика моделот го имаше зимски заврши нема ни еден пар, другото не е може стигнато кај нас а има нешто слично на последното моделче
„Новиот пакет на познатиот бренд на Converse - All Stars, наречени ’овошно пакување‘, се вистински визуелно естетски магнет за секоја девојка.“ Оваа линија е направена за сезоната Пролет/Лето 2011 и е спремна да го почне освојувањето на пазарот, почнувајќи од Јапонија. Во овогодинешната линија на легендарните патики е ставен еден tutti-fruity шмек кој ја прави оваа обувка ептен свежа за „консумација“ од страна на армијата обожаватели низ светот. Во дизајнот на овој пакет на Converse се вклучени едни крајно привлечни модели на кои има светло црвени јагоди и друг модел со исечкани лимончиња. Овие два слатки модела се спремни за пролетта и летото кои идат и се перфектен избор за пикник на топло време. Погледнете за што станува збор. (преземено од stipka.com.mk)
Никој не ми ги сака високите Еве поточно какви се А се прават и вакви (малку сликите не се убави но...)
Аах едни преубави старки ми се заглавија во памет.. Штета што неможам да ги најдам на интернет,ама ќе ви ги опишам. Темно плави,високи до глужд со црвено бело и жолто..Не сум добра во опишување Од сега си штедам пари за нив
Мене овиој тип на патики ме потсеќа на физичко Секогаш мораше вакви да носиме(ама нели оние најпростите, 250 динари од пазарче)и од тогаш имам некаква аверзија спрема нив. Не ги сакам едноставно, немам ни еден пар.