Прашуваш за детското бројче така? Јас ниски 35 ги земав 2200 од сити мол, за високите не сум сигурна ама мислам дека се тука негде.
Си зедов веќе инаку фала. Јас не 35 че, туку 33.5 ми беа точнии ги зедов за 1990 денари. Инаку некој ако зема мали бројчиња во ГТЦ за конверс патики пастелните бои ми кажаја дека се 1200 мислам, ниски. Јас си барав бели ама тие им биле поскапи.
Мислам дека само до 35 ка, се толку инаку во пастелни ми кажаја дека има минт, жолта, кремови.. А белите мислам 2000 и нешто за ниски ти кажувам.
Старки обожавам и носам цел живот. Првите Converse ги добив во 4-то одделение и ми беа малку големи, па почнав да ги носам некаде 5-6-то одделение и ги носев до 3-та година средно (имам релативно мала нога), а некаде 2-ра година факултет си добив нови кремасти од сегашниот вереник, тогаш дечко, и со задоволство си ги носам до ден денес. Следен пат ќе си купам бели или беж боја, ниски. Дека ми се универзални, а инаку во многу бои би сакала да ги имам.
Со што да им го исчистам платното на старкиве. Дека бели лом ми се, некна и дожд ме фати ѓонот чист ми е?
Класичните(тие во една боја што се) се секогаш поскапи од оние шарените...Јас класични тегет високи лани ги земав 3100 па сеа дали им е смалена или накачена цената не знам...
Убави ми се многу, порано само вакви купував, ама сега си купувам едни вакви конверс за некои да речам посвечени пригоди (бидејќи не носам сандалки-вечно патики) и други спортски - за на тренинг или за на трчање.
Ги обожавам и ниските и високите. Само такви купувам, други патики никако Пред некое време купив бели ниски за 1200 денари.
Последно кога бев во Сити Мол сите модели беа намалени до 1500 и до 2000. Дали некоја била сега побрзо да каже дали ја имаат истата цена?
Почнав да носам старки уште во основно и навистина ми се удобни, имам во неколку бои а последните ги добив пред 2 дена, конверс бели
Омилрни патики,можам да се пофалам речиси со сите бои.Оваа година имсм во план да си купам светло портокалови или жолти
Обожавааам старки Многу ми се удобни и редовно си купувам..Сите можни бои досега сум ги имала, а тие шарените не ми се свиѓаат Иначе поубави ми се ниските, некако повеќе можам да ги комбинирам