Некој да не има точна информација колку се ниските старки во Сити мол? Во гтц се 3350, а за таму ми се чини дека беа 3150 па некој да ми ја потврди ценава
Некаде чув информација дека старките изработени во Виетнам биле многу подобри од старките што биле изработени во Кина. Дали има некој што знае дали е ова точно?
лани ова време начекав попуст во конверс 9ситимол) и купив викоси црни за 2550, регуларно беа 3350. имаше други бои на уште поголем попуст од кај 1900.
Неколку лета купувам бели ниски од битпазар но ги носам неколку месеци и се кинат, сакам да прашам дали се стварно квалитетни да купам оргинал и дали повеќе години ќе ги носам зошто стварно голема е разликата во цени ?
Дечки, сакам да си земам старки од конверс ама некако многу ми се три и кусур илјади па сакав да ве прашам дали знаете кога отприлика имаат попусти?
Од денес на старки.. бев и си купив сосем не планирано...2510... Имаш добри копии во Polaris во рамстор 800 денари..ако не ти се даваат толку пари
Попуст има, ама не за бели и црвени, ако не се лажам. Инаку на бит пазар копија е по 600-700 денари тешко се распознаваат од оригиналот.
И јас имам купувано од тие од бит пазар и кај мене се упропастија за неполни два месеци бидејќи во тоа време ги носев речиси секој ден на факултет. Претходните старки што ги имав ми беа многу добри, ги носев околу две по ред години пролет, лето и есен речиси секојдневно ама мислам дека ќе ги носев многу повеќе да не возев точак со нив. Ми се упропасти ѓонот од педалите. Сега во април купив нови, претходните ми беа од странство и мислам дека беа многу подобри ама и овие што ги купив од тука не се лоши. Мислам дека две - три години сигурно ќе ги носам. Од април наваму секој ден речиси ги носам, на факултет додека бев одев пешки по многу, значи ги утепувам од носење и немаат мрднато така да мислам дека нема да згрешиш ако си купиш.
@WarriorAngel Веќе купив оргинал розеви 3350 ги платив Има стварно разлика Подлогата е многу мека, платното е покруто и што е најбитно кога ги носиш не тропаат Мајка ми вчера ги ставила во машина за перење, ги исплачив пола саат Се исушија ама малце побледе бојата