И мајка ми пред некое време ги стави во перална ама не е страшно, барем убаво се испраа. Мене дури и поубави ми се вака, ми имаат некој шмек како којзнае колку да се стари. Моите еве ги ама на слика од интернет.
За ова што викате попустот во Рамстор, мислам дека само белите ниски ќе бидат намалени на 990. Како лани... шанси нема сите на толку да ги стават.
Имам бели, ама воопшто не се удобни, едвај одам, а ги носам веќе неколку месеци .. А имам и розови, но не ги носам бидејќи станаа бледи од ко ги испери мајка ми ;-;
Напротив, баш белите и сите останати еднобојни не се на попуст. Секоја година има за 990, 1490 и 1990 ама постари модели и од тие што има по 1-2 бројчиња заостанато, а класичните модели немаат толку ниски цени.
Ужас беше, гужва невидена како без пари да даваат дури не можеше ни да се разгледа. Јас 4 пати се вратив.. На попуст беа ептен мали броеви 35-36 според мене од детската колекција, 2-3 бои од еднобојните, некои сандали што не беа Converse, високи од стара колекција буквално од 2012 што беа на попуст и за зимскиот Garage Sale во февруари. Цените беа 990 малите броеви, 1490 сандалите и еднобојните и 1990 високите. А после тоа, поминав во ГТЦ и таму беа на попуст од 1490 и 1990 и барем може убаво и без тепачки да се разгледа.
Каде можам да најдам најдобри неоргинал старки? Имам читано дека на битпазар ги наоѓате, но во која продавница?
Конверс се во мода сто години, најстари патики, не мораше секоја девојка баш бели да носи фармерка скината си е пак исто, е сеа дали била скината кај бутот, кај коленото или скроз цели не прави некоја разлика, чокер би носела исто, да не носеше секоја втора девојка и секоја тинејџерка сепак ствар на вкус
@elimkd мислев на конверс шангајките ептен станаа актуелни последните години пред тоа не ги носеа баш сите и не беа баш модерни ете според мене плус поинаков им беше изгледот. Нив ги носеа за на физичко и за на работа посебно мајсторите и оние на кои не е битно што носат и за валкање се. А модата се враќа јас кога бев мала се носеа чоукери и сега пак се во мода. Тогаш носеа шангајки и сега пак се во мода ама изменети каде каде. Чоукерите во глобала се исти само комбинирани тогаш пообични беа..
@krEM4Eto ти нешто си побркала, изгледот е тој години наназад на старката, имам стари слики од татко ми во младоста ги носел Конверс одсекогаш биле асоцијација за посебен стил на облекување- бунтовнички, панк, а не за работници и деца за физичко- тоа што сега сите ги носат е нешто друго, мене ми забоде очи белата боја оти 80%од девојките ги носат, ја за инает розеви купив
Сега: Некогаш или ете поконкретно 80тите (моите шангајки): Исти се? Cause I don't think so. И ете јас на пример немам конверс. Изгледа нешто не е во ред со мене . И едноставно одбивам да носам шангајки и фустан. Други патичиња што повеќе наликуваат на балетанки да ама шангајки нема шанса.
Gi perete Converse patikite? Kako? Kaj gi susite? Inace jas nemam i ne bi sakala da gi imam, ama moram tugi na peram.
Од кога ги купив (пред 2+ години) ги перам само со четка за заби и прашак.. Понекогаш ги поминувам со влажна марамица и тоа е тоа. Ако старките се кожни никако во машина зошто ќе се направат партал. Најубаво е со стара четка за заби и прашак/сјај/... И тријте само. Како нови ќе ви бидат. Сушење на тераса, на сонце.
Уште не се перени јер лани купив. Поудобна патика - нема. Оргинал старки не верувам дека ќе се распаднат, посебно не на тој програм за рачно перење. Освен што се кине платното, патикиве немаат век, што би рекле старите. Никако немој на сонце, ќе пушти лепакот, па ако се бели - ќе пожолтат. Во машина сум перела кожни адидас и пума, еве адидасот веќе 4та година, пума 5та година ги носам за трчање надвор, значи до сега се перени барем по 4 -5 пати и немаат гајле.
Не знам веројатно може. Две другарки ради тоа си ги фрлија патиките. Бели кожни оргинал Конверс... Затоа си ги перам на рака, што е сигурно сигурно е.