@КикиМаус 3.390 ниски и 3.590 високи Да се редактирам, еве и тука ќе пишам, патиките не се воопшто скапи, му доаѓа нешто повеќе од 50 евра, проблемот е што нашите примања се ниски, за жал
Од една страна, не ми се верува дека се толку пари обични ниски платнени патики. Ама, кога од друга страна ќе помислам дека пред некој месец и правев друштво на другарка да си купи Најк од „само“ 9000, при што ми се врескаше мене од мака за нејзините фрлени пари... Сепак би ги дала парите за старки, бар ќе знам дека ќе ги убијам од носење, за разлика од неколкуте пара вртоглаво скапи Најк на другаркава, кои за неколку месеци и се изобличуваат.
Ок Ели, се разбравме Свати на кои мислев јас Пошто не можам да ставам слика, нешто ме зеза нетов. Иначе старки носам со години. Најнеквалитетни патики се дефинитивно, од она што го нуди пазарот (не мислам на бит пазар туку модната индустрија) како квалитет во државава. Е сеа зошто ги носам ако не се квалитетни? Мене ми се многу удобни, а со оглед на тоа што од 24 часа дневно, 21 сум во патиките... Нормално дека ќе ги ги носам. Лесни се за одржување Е сега, дали тоа е вообичаено или само јас ја имам таа среќа, да после 2-3то перење (во машина на 30 степени) више почнуваат да се распаѓаат. Најпрво дупчиња на платното, па пука гумата и више не личат на ништо. Цената... Што знам што да кажам. Не дека се евтини за платнена патика ама и за квалитетот кој се продава кај нас... Сметам дека не вредат толку, во однос на стандардот. Се заборавив со пишување, мислам во Чошот сум па си терам
Сивите ќе бидиш изненадена да видиш со колку комбинации одат. По неколку излагања белите ќе бидат сиви само тогаш ќе се вика валкано.
Јас сега си купив бели ниски старки и ги обожавам, буквално на секаква комбинација одат, мене ми се стварно cool. За парите ич не ми е жал има да ги изнаносам. Имам и Nike и Adidas патики кои сум ги платила дупло повеќе и ми стојат нови со години зашто едноставно нема кај толку да ги носам, спортски се ептен.
Ги обожавам и ми се преубави, на еден куп начини можам да ги комбинирам. За жал на последните бели кои ги имав после перењето откако се исушија останаа да се познаваат на нив оние водени разлеани флеки или не знам како поинаку да ги наречам. Повторно ги перев и повторно исто , немам поим зошто така...Мислев да си купам други но сепак не ми се даваат пари да не им се случи истото...
Ова се патики во кои никогаш не можам да се замислам себе си. Прво затоа што мислам дека не би ми стоеле мене и на моето стапало, второ затоа што хмхм, не ги можам. Не се поклопуваат. Што знам, отсекогаш ми личеле на глупав модел на патика кои воопшто не личат на иста. Ни на изглед, ни намена. Може да се карактеризираат за некој спорт? Не. Па што се тогаш? Старки. И толку, овде се завршува. Сепак повеќето ги носат и мене не ми смета, само не се нешто што јас би го облекла или одобрила, ever.
Имам два пара, ниски бели и високи црвени, со ќерка ми исти имаме ги обожавам ги комбинирам со се. И јас порано мислев дека не сум тип за Старка ама комбинација потскинати фармерки и висока старка ми е фејворит
Пoрaнo сите кoшaркaри тренирaле вo стaрки. Chuck Taylor, тoј штo ги прoширил бил кoшaркaр. И сегa имaм виденo некoи кoшaркaри вo стaрки. Уствaри стaркиве биле првите висoки пaтики, сите висoки пaтики штo ги нoсиме сегa се нaпрaвени пo нив.
Во ред, никогаш не сум читала за историјата на Конверс. Па ако некогаш ги носеле кошаркари во минатото, тоа не значи дека се симбол за тој спорт. Не се сега, и не се во последниве неколку децении. Од искуство знам која потпора ја бара од зглобот кошарката, и не сум сигурна дали Старките можат да ја дадат. А за тоа дали и сега некој кошаркар носи, е ирелевантно. Ги носат и други спортисти. Тоа не го мени моето мислење.