Help, има ли шанса Старки да се подрашират/олабават. Ги купив точен број и после подолго носење ми стануваа неудобни, а после пораѓај уште повеќе веројатно држат стапалава некој оток од бременоста. Иде пролет и многу сакам да ги износам
Женски , кажете која боја е поубава? Беж или бела? сакам да си купам старки мислам идеална патика е за пролет- лето кога и не врне толку , бев прееска демек да земам и нсзнаев што да одберам од толку избор и си отидов имаше и вакви ама мислам па многу се кичести
Белите се поубави Ако се одлучиш за белите, мој совет е подобро кожни него ли платнени. Секако ако сакаш да ги износиш онолку колку и си ги платила. Ако ти се само за една сезона, земи ги платнените.
@koritsaki бели или сини (оние најблиску до боја на фармерки што се, има повеќе сини нијанси) ми се најубави. Ама пак и крем, зелени, бордо и сиви изгледаат убаво.
Бели, кремот изгледаат многу жолти во живо и мене тоа ме нервира, како недоперени или како да окапале од стоење во некој подрум. Имам бели, крем, бордо, тегет, зелени, сиви...најдраги и најизносени ми се белите и бордото. Обично не сакам такви накитени модели, но тие со светките би ги носела, ми се допаѓаат за во некои поедноставни комбинации.
Ви благодарам Ќе купам бели за почеток Ги меркам и овие со светки имаше и едни такви светкави црни тие нареден пат ќе ги земам. Имаше и кожни со и без крзно ама сега за лето платнени ми требаат , кожните со крзно ги планирам за есен и кога ќе биде ладно
Штета што не си во Мк, баш прееска бев во Артурс и меркав едни целосно крем, и кожата и врвките и гумата доле беа крем, преубави... Околу 4.600 беа. Ќе си чекам попуст. Едит, а за бели платнени, секогаш сум за... ги убивам од носење. Ако купуваш со светки или сл., пробај ги добро како лежат на нога, некласичниот материјал на старка знае да убива кај петиците позади.
У машина стај ги на 90 или 60 степени како сакаш , и во одделот за прашок дотури мслце сода бикарбона , ќе се светнат
Поквалитетни се платнените или кожните старки? Цел живот купувам платнени, поседувам два пара високи и еден пар ниски. Овие нискиве ми се бели и ги убив од носење, буквално ми се распаѓаат. Срам ми е да ги соблечам кога одам некаде зошто гумата кај петата ми се рони. Чекам попуст, малку не се нормални со цениве - 3300 за ниски. Првите старки ги купив некаде во 7мо одделение, црни високи и коштаа 2200.
Јас сум презадоволна од белите високи старки што ги земав пред 2 месеца. Ги убив на носење и на топлово време. Поготово за на работа ми се топ. Воопшто не зажалив што дадов 50 евра и дефинитивно ќе си ги земам и тие со крзното
Jaс имам кожени бели, од Америка ми беа поклон од брат ми пред 5год. Јас патики не носам, ама старкиве ги убив од носење и само се распукнати на местото каде обично сите пукаат, каде што заврушва гумата од прстите. Им мењам врвци за да изгледаат како понови и мислам дека ќе ги носам уште некоја година. Ги перам во перална на 40, не знам дали квалитетот е различен дека се од таму или јас ги чувам како што треба, ама брат ми од тогаш па до денес смени едно 10 пара. Мада тој така си се носи и цело време е во нив, а и сака да поседува разни бои може затоа, ама како и да е кожени дефинитивно се поквалитетни.
Како ги перете Старките во боја? Исто во машина или на рака некако? Имам црвени, ги купив пред некое време и страв ми е да не избледат ако ги пикнам во машина, пошто имав виолетови и така ги уништив.
@Marge на колку степени во машина ги переше? Јас планирам да земам црни или црвени ама ете и јас имам некој страв да не избледат. Јас имам бели и немам мака ги перам во машина (уклучувам програма со ладна вода) и супер се после. Ама бели е друго , не знам како би било со тие во боја. Можеш да пробаш на рака да ги покиснеш да стојат некое време па потоа испери ги и остави да се исушат. Така мислам е најсигурно
Тие што ги уништив, да ти кажам најискрено мајка ми ги имаше ставено во машина, ама по тоа каква им беше бојата после тоа, мислам дека не биле под 40 - 50 степени, што е премногу Е сега овие се плашам ептен да ги исперам. Може да пробам на 20 степени, на пола саат програма, чисто да пројдат низ вода, ваљда нема ништо да им биде. Имам и некоја пена специјална за чистење обувки од секаков материјал, може па и со тоа ќе пробам, не знам што е попаметно...Во секој случај, ако ги пикнам во машина, ќе пишам овде дали сум ги уништила или не, да си знаете