Имав два пара од различна колекција и не издржаа ни една година, гумата пукна од двете страни каде што се превиткуваа. За тие пари можев да си купам Најк и да ги износам неколку год без проблем. Овие не вредат за парите.
Ајј, стварно кај некои како се погодат, јас имам 3 пара, првите буквално ги отепав од носење 6,7 години ми се и тоа бели, немаат мрднато, а јас како што сакам да ми се чисти перени преперени се, ама уште се здрави исто и вторите, и овие последните на плута ама тие се само неколку месеци. Зависи и од ногата, маж ми зема кожени ама има широка нога цела година постојано во нив едната пукна од страна. На кој како се погодат значи.
Женски белите платнени старки како ги перете? Пошто бели се направија лом, ги исправ во машина на 30 степени на рачна програма ама не се исчистија. Некоја со искуство да сподели совет? Фалаа однапред
Здраво Да не знаете каде може да се најдат убави високи старки, а да не се оригинал. Оригиналните 4300 Премногу ми е некако за нула квалитет. Последните што ги купив одма се искинаа и после ги носев испокинати само да не ми е криво за парите. Инаку ич не ми е битно Конверс да пишува, само да изгледаат убаво зошто на некој фејк ептен се познава дека се фејк, некако почуден облик се.
Целосно те поддржувам, и јас би сакала да го прашам истото. Ако случајно налеташ на некои те молам сподели!
Имаше попуст во артурс 20%. На другиве страни, спорт вижн и баз може да начекате и поевтини, само броевите брзо се распродаваат.
Јас баш бев пред некое време со купон од Групер и имаше убави попусти ама на попуст беа само оние многу шарени и понеобични старки.
Епа не знам, може имало и таков попуст ама точно, и со тој е многу за тој квалитет. Би ги платила 4000 ако знам дека ќе ми траат пет години. Пет месеци траат и после пукаат и се кинат.
Што не е скапо денес? Толку години нема ни еден пар патики да ти траат ако ги носиш секој ден. Значи ако си на работа по 8 часа и ако си во движење, или можеби си студент или средношколка, и чекориш во патиките по 8-10 часа плус и истите ги носиш, сезона две максимум. Само тимберленд чизми или планика толку би траеле. Кожа. Платно нема шанси. Да менуваш обувки е друго, јас имам и од пред 4 години ама ги носам по неколку часа дневно два три пати неделно.
Редовно носам патики по 5+ години, ги чувам и ги одржувам и веројатно убаво газам. Океј ова е платно ама првите старки ги земав во основно на 13 години и душата им ја извадив и истрааја. Ги носев до крај на средно. Сите следни пара што ги купив се искинаа скоро веднаш. А и да, тие први старки што ги земав точно памтам дека чинеа 2200 и беа високи. Денес цената е двојно.
Денес цената на се е двојно. Квалитетот не е ист, тоа не спорам. Плус живееме вл земја од осми ред, не очекувај вау квалитет.
Затоа отсега ќе си земам од мат стар или Јани Јани за 1000ка и секоја година ќе си имам нови наместо да одам со распарталавени.