Пробај на Ванс, тие се некако позгодни за носење ама за трчање никако не се. За пешачење и подолго време во патика само Скечерс. Мм никако не ги сакаше му биле грозни, едвај го убедив еден пар да земе за проба, сега не ги соблекува, вика како бос да оди. Јас сум фан на Ванс и Старки, првите некако поудобни ми се ама никако не ги откажувам и едните и другите.
Ги имам перено и на рака и во машина не повеќе од 40 степени. Според мене подобро на рака, затоа што материјалот некако станува крут и како да стануваат отпосле тесни.