Ги има класиката и во Гтц и во Беверли и сиви и плави и сите бои кој спаѓаат под класика бар сум ги видела
Пред некое време си купив и многу ми се допаѓаат, удобни ми се и ги утепувам од носење. Инаку ова ми е трет пар Конверс што го купувам. Супер се!
Гарант се фејк старки. Тие со знакот нанадвор се апла фејк, оснивен знак на препознавање А немало ваков дизајн во конверс во ск Спојлер се извинувам ако сум грешка и сум нешто неинформирана
Имам вакви и уште еден пар, ама тие неможам да ги најдам на нет. Вторите нејќев да ги купам дека бели, многу брзо се валкаат, ама ептен се заљубив во апликацијата и плус за полуматура ми беа па ги земав, а со црниве пола зима ја поминав, пошто од надвор потешко ќе се искинат, почнаа од внатре да ми се лупат, па кај и да е ќе барам нови, иако баш и не ми прават нешто многу многу ќеиф најновиве модели.
Ket.Rin ауу вториве ама се добрии Јас имам стандард сиви .. ама човече 3000 денари бе , ипак платнени патики се не се ни кожа ни ништо , ипак марка си е марка
офф конверс мај лав едноставно ги обожавам и ги носам насекаде и на се! досега сум ги имала овие и планирам нови да си купам само незнам какви дај предложете некоја боја само шарени не оти еднобојни сакам само
Луѓе не ми р`чкајте у болна тачка... Значи Док Мартинс И Конверс Олстар ми се фетиш.. Можам да ги имам на тооони, би направилаа посебни соби за да ги складирам.. Болна сум за нив... Најудобно се чувствувам во истите, своја...некако...тоа сум јас. Не носам балетанки, апостолки, и слични штиклуриња...стартка е бре класика! СЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНАТ No1 И НИШТО НЕМА ДА ГИ ЗАМЕНИ.
Jас имам еден пар конверс (темно зелени) и ги носам веќе скоро една година.Планирам сега да си купам уште еден пар ниски црвени.Прекрасни се
Сакам да си земам деновиве. Бев вчера ама немаше број па патем да ве прашам издржливи се? Несакам да дадам толку пари, а да ми се скинат за 1 сезона :/
Јас моите старки ги имам 3 години и ги утепав од носење, а дури сега ми се одлепи на едно место гумата. Според мене, да, издржливи се. Секако, ако не ги пазиш барем малку, впрочем како и секои други патики, ќе се искинат за брзо време.
И двата пара ги добив на поклон , околу 100 евра се овие црните (беа пред 2 год. сега нз) Ги обожавам, кожни се , немаат гајле ни на дожд, ни на снег. Сега од прва плата си купувам сиви или тегет
Лин, јас моите ги носам од 6тто одделение, а сега ќе бидам прва, па види дали се или не се издржливи. Летово морам да се збогатам со уште едни сиви, бидејќи многу мерак ми прават. Старка си е старка! Кога станува збор за класичните - сите ми се убави, но некои деформации на поновиве од типот дупли врвци, старки со Белка, старки со Едвард - јок.
Епа супер, деновиве ќе си купам, само ме бунат она бројкине што ги преведуваат кај нас 37 и пол и такви глупости, па ќе почекам 38 да донесат И јас ги гледав овие што ги славила Wild, класика се сепак, темно сиви на се одговараат
јас одамна имам кеф да си купам, ама ме интересира колку се квалитетни,бидејќи за шангајќи да дадам толку пари малку ми е тешко, а навистина би сакала да имам барем еден пар. колку се згодни и добри за нозете и за грбот бидејќи се рамни или имаат некое поанатомско лежиште внатре? колку години ги носите овие патики?
за анатомско лежиште имаат малку не се целосно рамни. А за квалитет имаат квалитет. Е боже мој да си малер па да ти се погодат лоши меѓутоа нема шанса кој еднаш пробал не ги симнува од нога