Па бидејќи за сите брендви на шминки имаме отворено тема, си реков ајде и за алверде. Тука можете да споделувате мислења, рецензии итн. За почеток би сакала да ве прашам дали некој ја знае цената на alverde бронзерот во две бои? https://www.google.com/search?q=alv...UICCgC&biw=1366&bih=657#imgrc=2kudus1d2tdReM:
пак ли со бронзерот Цена мислам беше 300ден. супер е го препорачувам. Секоја пофалба за оваа козметика, речиси се имам и користам и ми одговара. Е само не знам за течните пудри и римели па за нив некој друг нека каже. Подетално ќе пишам некој нареден ден за конкретен производ
Имаат убави нежни/дискретни нијанси какви што си практикувам за шминкање, ама целосно не сум задоволна од ниту еден производ. Или производот е недоволно пигментиран, или трајноста му е половина час. И постои трето или, да мириса ко да сум го собрала цел двор со ружите на баба ми и сум го ставила во козметиката. Потврдено од дечко ми при френч кис.
Еве јас ќе пишам за римелите ги имам пробано скоро сите (два ми се неотворени па штом ги завршам другиве ќе ги пробам). Како состав ми се супер некои од нив се како за преку ден затоа што благо дефинираат ама досега најзадоволна сум од два римела и тоа Extreme Black и Doll Lashes. Нешто друго што премногу ми се допаѓа е шампонот со авокадо и шампонот со маслина и кна. Путерот за коса од авокадо е преубав, а на путерот за петици му нема рамен. Руменилото им е одлично и доста трае, сенките вистина е не се многу пигментирани ама со водичка ако ги намокриш траат. Кармините Color and Care во зелено паковање им се супер и боите се баш убави. Леле ама се распишав. Поздрав.
Го имам само моливот за усни од alverde, не се погодило да купам ништо друго. Не сум многу задоволна од моливот, убава е бојата, но многу брзо се брише, воопшто не трае долго.
Од козметиката на Алверде имам пробано доста работи и можам да кажам дека сум прилично задоволна. Најчесто купувам гелови за миење лице, последно го зедов гелот со камилица и хамамелис од линијата за сува и осетлива кожа, зимава многу убаво ми делува, не ми ја суши кожата. Имам комбинирана кожа што преку зима ми се суши малку повеќе, па користам понежни производи. Освен тоа ми се допаѓаше гелот со невен за миење лице, меѓутоа го нема, или јас не можам да го најдам. Сум ја користела и овошната пена и крем за матирање, во лето ми се погодени. Ги користам спрејовите и рол-оните, прилично сум задоволна, особено од спрејчињата. Моментално го користам ноќниот крем за лице со масло од роза, ми одговара во зимскиов период, а претходно користев еден со маслинка и сончоглед (ако добро се сеќавам). Од декоративата не користам ништо, освен бело моливче за очи и сум прилично задоволна. Во план ми се шампоните и маските за коса, а секако и путерот за петици, ама да ги потрошам тие што ги имам во моментов.
@Veki4kaa Имам слушнато дека тој со зелено кафе што е помага, но не ме фаќај за збор, подобро некој со искуство да ти каже. https://www.google.com/search?q=alv...rde green cofee shampoo&imgrc=5KTN8_ihL2f_kM:
Пудрата ја купив околу 300 ден и за тие пари солидна е.Малцд тешко се размачкува,за преку ден добро покрива и трае околу 5 часа(барем кај мене е така).Едина маана и е грозниот мирис дур ја нанесувам.Лицето не ми свети ич од неа и добив достс комлименти дека мн убаво седи на лице.
Супер што сте ја отвориле темата, и онака постојано имав на ум да го споделам моето искуство! Cover and Stay foundaton Пудрата е со средна густина, кремаста,но на кожата брзо се суши и фиксира. Лесна е, скоро не ја осеќам како пудра туку повеќе како BB cream, со висока покривност. По вадењето на пудрата, немам пресушени делови ( заради маслата во нејзиниот состав). Како што кажав, покривна е и нема потреба од дополнителен коректор. Она што го имам забележано, е дека има полуматирачки ефект. Не го светнува ( да го масти лицето) , туку му дава природен сјај, неколку часа по нанесувањето. Но, покрај бенифициите од овој производ , ова е сосема неважно. Има две нијанси: Casew и Sienna Јас ја користам посветлата, додека мајка ми ги меша и двете нијанси. На почеток кога почнав да ја користам, други реагираа дека ми е многу бледа,па пробав од мешаната смеса но пак се вратив на првата нијанса. Воочив дека порано сум користела многу потемни(неприродни) нијанси, па биле навикнати да ме гледаат така. * Цената е смешна, околу 260-70 денари. Може да ја пробате, јас сум презадоволна од неа. Заради порцеланскиот изглед кој го дава, повеќето околу мене почнаа да ја користат. Alverde Mineral Powder Минералната пудра со мирис на ванила ја обожавам. Прекрасно мириса и дава многу убав финиш. Јас ја користам нијансата 01. Цената е околу 200 денари. Alverde anti-rotung Прекрасниот прајмер, за кој не знаев дека овде го има, го добив на поклон. Има зелена боја, и лесен е на густина но поради тоа што брзо се суши, мора да се размачка одма. Како подлога е супер, но повеќе го користам затоа што го спречува создавањето на црвенило . Alverde Blush Мојот омилен руж, со интензивна боја на праска. Преубав е, траен и дава природен изглед. Само 01 го имам пробано но сите нијанси се преубави. Цената мислам дека е 260 денари. Alverde sensitive Крема за осетлива кожа, со камилица. Ја користам подолго време, мене лично многу ми одговара . Ја смирува кожата и ја прави мека. Друга крема не можам да смислам да користам . Текстурата и е малку подебела и се става по многу малку. Има специфичен мирис, од билките, но не е толку интензивен. Цената му е околу 160 денари. Ова се производите од кои многу сум задоволна и не планирам да ги сменам, се додека не најдам нивна целосна замена. Имам пробано и други производи на Алверде. Тоа се маска за коса и коректор за очи. Од коректорот не сум задоволна, а маската за коса е супер. Тоа е сега за сега.
Дали некој го има користено тушот од тегличка? Дали го препорачувате? Дачи е траен? Се размачкува? Пишајте нешто во врска со него
И јас сакав да ја земам пудрава, супер што споделивте впечатоци и ти и @joy1 Се надевам ќе ми одговара со оглед на тоа што имам комбинирана кожа.
Ми треба мала помош... После 123 bourjois пудрата решив да сменам малце,но никако да најдам добра замена за поевтини пари. Читам ја фалите на алверде пудрата...но која е подпбра? Знам има една во туба и во шишенце.Незз за каков тип на кожа се и двете,па ме интересира предлог која да ја земам.Сакам само да не ми светнува лицево,имам нормална кон комбинирана кожа
Само што купив маскара, еве оваа и само еднаш ја испробав и така од прв впечаток не ми е баш нешто посебно...
@kate89 еве баш споредба на твојата пудра со други. Јас ти ја препорачувам пудрата на алверде, затоа што е природна без хемиски состојки кои и штетат на кожата. Мислам дека е споредена со Alverde mineral make up 01, која јас ја немам користено. Пробај со тестерче,а цената сигурно не е повеќе од 250 денари. .
Jaс jа користам минералната пудра, ja купив 135 денари на попуст а редовна цена е 170 денари. Лесна пудра е, средно покривна и дава сатенски, полумат финиш. Недостаток и е што лесно се брише, остава траги ако случаjно се допреш. Многу е приjатна на лице така да би jа купила пак. Имам пробано скоро се, и користам и многу други работи од Алверде, ке пишам деновиве и за нив.
Не сум приметила мојата да остава траги, но знам дека постојано гледам да не се допрам до нешто Веројатно самото чувство дека не е "гипсирана" за моето лице ...туку е лесна, ми создава несигурност Не ја чувствувам како маска, башка не е многу сува.