@Elisabeth не , оваа е крем компактна пудра , мислев на камена пудра ама , ко што гледам по нет нрма таква ко што мислев оваа им е само со огледалце инаку и јас сакав да ја пробам @Biodevojka ми ја фалеше дека е супер за масна кожа ама ете сега додека сум во Мк викам да ја пробам
Јас ја имав оваа компактна пудра и мене не ми беше соодветна за комбинирана кожа, по мрсна е. Може ќе одговара со пудра во прав или камена за фиксирање.
Драга, супер за масна кожа е онаа во прав минералната. Оваа крем со огледалце мене ми беше многу ок ептен ми одговараше а имам комбинирана кожа. Ама еве на бабубу не и одговара. Сите сме различни. Пробај прво тестерче во ДМ. Барем таму има тестери колку ти душа сака. Мене на пример одма ми ја впива кожата и има одлична покривност оваа крем пудра, мене ептен ми се допаѓа. Поздрав И јас се приклучувам кон апелот да донесат многууууууууууууууу нови производи Здраво драга пишав погоре ама не видов дека и ти си ме означила. Да јас ја користев оваа имам уште едно пакување дома. Имам напишано и статија со слики од користење, еве прочитај овде http://biodevojka.blogspot.mk/2016/02/blog-post_24.html. Поздрав.
Дали ги има кај нас моливчињава за очи/усни на Алверде ? Вчера бев во дм ама не ми текна да погледнам за нив
Alverde compact make up - крем пудрата ја земав пред некоја недела , ја нанесов неколку пати па ќе пишам мислење. Пакувањето е компакт , има огледалце , под него пудрата и под пудрата-се наоѓа сунѓерчето за нанесување на пудрата. Мирис нема , а постојат три нијанси , 10 - 20 и 30. Јас ја земав 10 и е многу светла (требаше да ја земам 20ката) на девојки со проѕирен тен ќе им одговара со сигурност. Покривноста е слаба , јас мака мачам со нанесувањето искрено според мене одзема време нанесувањето на пудрата , плус забележав дека има некои честички како светки внатре што не одговара многу многу за комбинирана - масна кожа но јас нанесувам од пудрата во прав на Алверде и резултатот е одличен. Издржливоста и е околу 4 часа заедно со пудрата во прав , вака без пудра ја немам пробано. цената е исто така супер , околу 250 денари
@koritsaki јас мислам дека пудрата не е за цело лице поради мала грамажа туку да покриеш некои несовршености на лицето без употреба на пудра.
Па да , може и така да се каже , затоа и пишав дека покривноста е слаба , кој нема проблеми големи со кожата покривноста и ок ќе биде, на тие со поголеми проблеми секако не ја препорачувам за такви ситуации само течна пудра @Babyby хахах знам ама сепак сакав да и дадам шанса
Генерално јас не сум задоволна од козметиката на Алверде, оние продукти кои сум ги пробала не се ништо посебно. Го имам пробано прајмерот за сенка, искрено исто е и со него и без, Кармините и руменилото кое ги користев веднаш исчезнуваа. Последно што купив беше лабело, единствено тоа се покажа како малку по ок. Но веројатно си зависи и од кожата, некои другарки се баш задоволни од квалитетот кој го добиваат за таа цена.
Пред 2,3 недели купив доста работи, обновив козметика на Алверде и ништо посебно не ми е, со некои искчучоци. 1.Путер за коса со авокадо - Го пробав на сите начини ( пред миење на сува, после шампонирање, на сува коса) и ефектот никаков. Косата разлетана, нити сјај ништо. Големо не. 2.Шампон за волумен Исто. Нити в од волумен. Биодевојка спомна дека треба време за да делува, ќе му дадам шанса дури го истрошам . 3. Пена, крема и маска за лице за нормална до комбинирана кожа Ова ми се допаѓа. Маската просек, пената го суши малку лицето ама со кремата се надополнуваат. 4. Спреј против потење со нане - оцена 6ка. Има свеж мирис, ама мислам ради бременоста и хормоните се потам повеќе и не ми е соодветно мислењето. 5. Капки за коса со бадем и арган - ок , како и сите други
Ај ќе ве молам препорачајте ми која од пудрите на алверде е за сува до нормална кожа. Колку што разгледав тие што ги спомнувате се за мрсна/нормална кожа. Ја имам пробано минералната течна што ја зборевте во претходните страни таа од 170ден ама мн лошо се размачкувше, се лупеше како ронки. Претпоставувам од кремата што ја користам под неа, без крема беше ок ама па суво ми беше лицето. Сакам бар тоа што иде дирекно на кожа да е што е можно поприродно. Базата за сенки исто ми е пробана, чист промашај нема никаков ефект бар кај мене. Инаку кога барам препораки па да си кажам и јас искуства презадоволна сум од путерот за тело За сува кожа е предобар, е сега мирисот е специфичен ама не ми смета бидејќи ми е спас посебно зиме. Исто и кремата за раце, најдобра крема некогаш што сум ја користела, трета по ред трошам. Најбитно од се веднаш се упива а има и нежен мирис. Исто и кремата за лице ми е ептен погодена, трета или четврта по ред дотрошува и имам нова на залиха и не планирам да ја менувам додека ја произведуваат Гледав во претходните стрни ја фалите и таа за околу очи од истата линија па у план сум да ја набавам и неа. Исто и лабелото од невен е предобро. Овие производи за сувокожци се одлични. Го имам пробано гелот за миење лице со морски алги, за нормална кожа го пише ама корнеше на алкохол и не ми се свиѓаше, по неколку употреби заврши во канта. Чекам препорака за пудра
@Jana87 пробај ја cover&stay пудрата на алверде, таа е за сува/нормална според мене, бидејќи е по мрсна од минералната. Исто така можеш да ја пробаш компактната пудра. Овие ќе ти одговараат со сигурност.