Ги има ли некој користено тие капките од ДМ што се за осветлување на пудра да сподели искуство? Благодарам Мислам дека @Rose96 имаше некаде пишувано, ама не сум сигурна...
Јас ги користев, функционираат одлично. Секако можеш да ги користиш и како коректор. Покривноста е многу мала, меѓутоа многу убаво осветлува и функционира како хајлајтер. Без светки, нормално.
Точната цена не ја знам, јас го купив на попуст околу 150 денари, редовната цена можеби е 200-250. Не сум сигурна.
Дали некој го има користено ова антицелулитно масло на alverde? овде доста лоши искуства прочитав со оваа козметика , а по списанија топло препорачуваат
@marchi-cool Не само за Алверде , па и за друга козметика , не мора да значи дека ако на некого не му се допаднало нешто , мора така за сите останати да важи тоа. Јас имам пробано доста работи од Алверде и има работи што ми се допаднале многу , а и обратно. Пудрата во прав е врв , пената за лице од јагода исто е прекрасна , а маслото за очи од гоџи бобинки не ми се допадна воопшто бидејќи ме пржеа очите од него (што немора да значи дека и за некој друг мора да биде лош производ) , пудрите не ми одговараат бидејќи имам масна кожа и многу ми ја мастеа итн. За да видиш нешто дали ќе ти се допадне , мора да пробаш инаку ќе нема да знаеш. А маслово на сликата го немам пробано лично.
Негде читав дека поради капките за осветлување на пудрата од Алверде се губело матирачкото својство на пудрата е сега не знам колку е точно... И дали осветлуваат многу затоа што мене ми е страшно темна ко бронзер да сум ставила на цело лице барем 2 нијанси да осветли
Сама си дозираш колку количина производ ти е потребна за да ја осветлиш пудрата и да добиеш нијанса која му одговара на твојот тен. Не знам дали се губи матирачкото својство на пудрата, не верувам дека до толку може да се измени формулата, мене тоа не ми се случи со Ревлон Колорстеј, пудрата си остана сосема иста. Пробај па ќе видиш дали ти одговара така.
Од Алверде ги имам користено следниве производи: Овој никаков отстранувач на шминка, очите ми ги изгоре... полош производ ми се чини не сум користела. Двостран молив за очи, не можев да најдам слика, од едната страна беше црно а од другата метална боја, откако ќе го нанесев веднаш се размачкуваше, се изненадив очекував многу повеќе. Путерот за коса кој сигурно многу од вас го користите, презадоволна, ми ја врати косата во живот, го нанесував откако ќе ставев шампон. Оваа 5 во 1 маска за коса е најпрекрасната што сум ја користела досега, зоштоо не ја произведуваат во поголема количина?? Во последно време не можам да ја најдам, ама кога ќе налетам на неа, ги грабнувам повеќе.
Јас го имам користено ова антицелулитно масло и мене многу ми се допадна. Има убав мирис на рузмарин и цитрон, малку е интензивен, ама јас сакам интензивни мириси. Го имам рецензирано овде https://biodevojka.blogspot.it/2015/05/blog-post_5.html (се надевам дека смеам да го ставам линкот овде, ако не слобоно нека го избришат модераторите). Поздрав. Јас просто го обожавам овој производ на Алверде. Го користам чист под очите (доколку не сум се наспала и имам подочници) или ако немам пудра го мешам со крем за ББ ефект. Обично секогаш ја погодувам бојата на пудрата, а овој го користам одозгора ако треба поголема покривност на одредени места. Инаку не го алтерира матирачкото дејство на пудрата, барем кај мене. Поздрав.
Дали ги имате пробано новите течни пудри на Алверде? Дали се за масна кожа? @Biodevojka @Mishela @Babyby
Драга јас лично не, ама дај ми декларација од некоја што те интересира па ќе ја изанализирам. Само не можам да тврдам дека за твојата кожа ќе одговара тоа е сепак индивидуално. Ќе ти кажам за каков тип на кожа е наменета според формулата. Поздрав.
Горе лево со зеленото капаче ја земав, имам ставено 3 пати се покажа како добра за мрсните делови. Малку остава даги-даги ако не ја размачкаш рамномерно @koritsaki пробај ја мислам дека ќе ти одговара во комбинација со минералната во прав. Мене како за прв пат и без минералната ми се допадна
@Babyby дали е доволно покривна? ја користам cover and stay и сум презадоволна,па ме интересира дали има некоја разлика
@angel4444 јас ја пробав двапати досега и ми се допадна , на топлово ја носев околу 4 часа со пудра над неа и ми издржа одлично без да светне лицето. Ќе ја тестирам уште , ама за разлика од cover and stay што ми издржуваше само 2 часа оваа мислам ќе е супер за масна кожа. И нијансата 10 ми е одлична. Ќе пишам подетален коментар понатаму
@angel4444 тука негде се по покривност. Може cover&stay да е за нијанса по покривна но и на оваа покривноста и е одлична(барем за мене) далеку по добра од зелената пудра на дебора или од течната минерална на алверде
@Babyby Ме изненади оваа пудрава на Алверде , позитивно да ти кажам. и покривноста и е супер , да барем за мене што лицето не ми е проблематично. Единствено мирисот ми смета малку , на алкохол ми мириса. Ќе видиме понатаму како ќе е