@koritsaki, очекувам некоја фотографија во Вашата шминка низ слики, баш ме интересира како изгледа на лице. И јас ја пробав истата нијанса, ми одговара па да видиме, може ќе ја земам за проба.
Производите не ги купив одеднаш, ама летово го на паднав дм дефинитивно. Шампонот со авокадо е просечен, ништо посебно, шампонот со кајсија сеуште не сум го пробала, ќе пишам ривју откако ќе го пробам. Течниот сапун за раце мириса преубаво, путерот за стапала е преубав,крената за тело од јасмин и сусам има многу убава текстура и ја прави долготрајно Мека кожата ама има многу тежок мирис балсамот за уста од нане и боровинки многу убаво мириса и има убава текстура. Детската крема за сончање е Ок, малку потешко се размачкува белото што го остава, ама со оглед на составот и цената супер е.
@Annath ја пробав м.вода на Алверде во розево шешенце.. за лице ми е ок ама за очи НЕ Е никако вчера само што го допрев окото ме печеше ненормално.. значи оваа м.вода е иста како и останатите две. Ја имав пробано исто и таа со гоџи бери ама не, пак пече на очи.. @AnaBub 219 ден
Што е разликата меѓу стариот и новиот изглед на шампоните и регенераторите на алверде? Претходните изгледаа како на првата слика, а новите како на втората има некоја промена во формулата или исти се?
Јас ги имам пробано. Преубави се, воопшто не сушат и доста се трајни (секако доколку јадеш се бришат) ама обично траат. Доколку сакате да го погледнете ефектот може да го видите ова видео на повеќе алверде производи (пудри, коректори, сенки, креон за веѓи и маскара), меѓу кои и кармините. Поздрав.
Да ја пофалам. Ја купив скоро па ја тестирав некое време. Пудрава по нијанса највеќе ми се погоди. Има одлична покривност. Нијансите им се преубави!! Малку по мрсна, со оглед на тоа што имам комбинирана кожа ставам и минерална во прав врз неа за фиксирање. Содржи некои минерали, се воодушевив какво го прави лицето. Како порцелан!!!! Ја препорачувам посебно за овој период од годината(есен-зима).