Задоволна сум од шампонот за мрсна коса. За 130-140 ден е одличен. Ич не ми се мрси. Го земав за да го пробам и ќе мора пак во Скопје да доаѓам да си купам. Производите дали ги има ли на други места низ Македонија или само во ДМ?
Сте ги пробале новите производи од Алверде? Пишуваше дека се за сите типови на кожа. Јас денес ги открив и сакав да се подновам со нешто но успеав да одолеам . Пилингот, серумот и кремот за лице се донесени кај нас (можеби има уште нешто, само овие три производи беа на штандот во ГТЦ). Цената им е повисока од „обичните“ Алверде производи, трите што ги набројав се над 300 денари. @Biodevojka мислам дека ќе ти се допадне оваа колекција
@sorbet Јас денес го гледав серумот, но не се "осудив" да земам без да прочитам искуства од блогерки. Не знам дали би одговарал за комбинирана кожа. Овие производи кои наводно се погодни за секој тип на кожа отсекогаш ми биле сомнителни.
@Mishela јас пак чим прочитам „органско“ и „за сите типови кожа“ одма заклучувам дека е најпрекрасното нешто што може да му се случи на мојата кожа . Викендов ќе читам рецензии од германките, па ако се одлучам здравје ќе купам нешто наредна недела. Не дека имам милион производи, ама ајде....
@Mishela Мислам дека ти ја имаше пудрата во прав на Алверде? Како си задоволна? И ако се сеќаваш која и беше цената?
@YoungandBeautiful и јас ќе ти одговорам , ја имам користено и јас пудра во прав и е преубава , ја потрошив цела и повторно нареден месец ќе ја земам. За мрсна кожа е предобра
Мене не ми се допадна, не ми матираше убаво и ми се собираше во прегибите на лицето. Првите неколку пати беше океј, ама потоа почна да потфрла. Ја имав нијансата 02 мислам и малку ми беше темна, требаше да ја земам најсветлата како и обично, ама пак ми се најде во лето ептен. Цело лето преку ден не ставав пудра, туку нанесував со сунѓерче директно од пудрата, на цело лице. Супер изгледа, има свиленкаста структура, но мене воопшто не ми матираше и на моето лице се однесуваше баш исто како пудрите на Макс Фактор - ми се собираше во мимичките бори и ме правеше да изгледам многу постаро, поуморно. Не верувам дека би ја купила пак. Неодамна видов иста таква пудра со плаво капаче, ама немав време да прочитам што е разликата меѓу двете пудри. Можеби би ја купила таа, ама оваа со зелено капаче не, не ми одговара и воопшто не сум задоволна. Ах, заборавив да допишам. @sorbet, ако ја купиш кремата или серумот, сподели со другарките вљубенички во препаративната козметика на Алверде. Сакам убав серум за лице, да си го користам како хранлив третман за навечер. Се плашам да не ме снајде истата белја како лани и да станам целата со корупки, па да си се опремам годинава со време.
Фала ти, а која пудра би ја препорачала? Јас имам мрсно чело, останатиот дел од лицето ми е нормален, понекогаш сув. Се мислев за транслуцентата, белата на Ингрид ама не знам..
Од Алверде? За жал не знам затоа што минералната беше единствена која ја користев. Ако бараш камена пудра од Алверде, мене многу ми се допадна онаа која беше вклучена во оној сетот кој испадна предлани, но го забележав пак во ДМ во Тафталиџе неодамна. Станува збор за овој сет и мислам дека беше околу 350-400 денари. Пудрата е прекрасна, а исто така и сенките се одлични. Сјајот не го користев толку често, ама многу е фин и кремаст. Не е класичен сјај, повеќе е како пигментирано лабело. Ама пудрата е одлична. Меѓутоа, мислам дека ова е единствена нијанса и би ти одговарала само доколку имаш светол тен.
Ја донеле во МК????? Супер, јас нонстоп ја гледав на страницата на Алверде Германија...многу сакам да пробам нешто, следна можност обавезно ќе пробам. Постирајте ми било која декларација што ве интересира па ќе ви кажам. Иако знајте дека сѐ е индивидуално и зависи од кожа до кожа.
Леле леле.. овие алверде мене без пари ќе ме остават имаат и нова течна пудра professional striped foundation, па кој ќе ја проба прв да пише импресии
Ја прочитав цела тема и пак не знам што да земам. Имам сува кожа, што често ми се лупи од пудри и од бб креми. Што би ми препорачале од алверде за сува кожа, за секојдневна употреба. Не ми треба голема покривност имам чисто лице. И за подочњаци некој коректор.
Дали од Алверде постои некој лосион, крем или било каков козметички производ кој делува поткожно ? Јас имам мали бели поткожни топчиња, па залудно ми е да користам гел кој не би делувал длабински. Идеја некоја за што да користам ?