Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Alverde козметика

Дискусија во 'Лице' започната од Queen^^, 25 јануари 2016.

  1. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Пробај ја ЦЦ кремата на Биотен
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Барај ја Serum Foundation од Alverde.
    Многу е хидратантна и хранлива, чини 279 денари и спакувана е во стаклено издолжено шишенце, со пипета.
    Многу фина пудра. Нема висока покривност, но лесно се надоградува и секако можеш да си додадеш коректор по потреба.
    Мирисот е фантазија, ме потсеќа на колекцијата што е од Alverde со роза, а всушност најверојатно мириса на праска.
    Мене ми мириса цветно-овошно, фина пудра за тие пари, јас ти ја препорачувам.
     
    На MissDior, Babyby, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @НаталиЛили мене цц кремата на биотен ми е неверојатно неразбитлив производ. Нема никаква трајност, никаква водоотпотност (со капка вода да се допре се растечува во бела боја). Не трпи никаков прав над неа, како краста се собира и се лупи. Плус има хемиски филтри и ако си ставиш блиску до очите ќе се убиеш од плачење. Никому не би ја препорачала.
     
    На naturally, marta993, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  4. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Фала ви за советите девојки.
    Јас до сега користев бб крем на флормар, ама не сум задоволна дека дополнително ми ја сушеше кожата и ми се лупеше по извесно време.
    Ќе ја пробам таа што ја препорача @Mishela па ќе пишам искуство во темава.
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @DAngel Леле, а мене ме убија од солзење очите, никако да ми текне дека може да е од тоа. Демн. Иначе за ништо не ја бива, цц крема треба да изедначи тон, а со оваа како флеки да иам :/
     
    На naturally и DAngel им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ми излезе темава, па ајде да пишам коментар за пудрите кои ги купив јас.

    Коректор -
    [​IMG]
    Одличен е. Покривен, фино мириса, јас зедов најсветла нијанса.
    Ако немате потреба од пудра на цело лице може да го користите само за подочници или акни, секако ако најдете соодветна нијанса.

    Ја купив течнава пудра The Perfect Cover Foundation & Concealer
    [​IMG]

    Ја купив нијасата 02, а колку за споредба користам (т.е. ја користев) Catrice HD - 01.
    Пудрата е покривна, фино мириса, ама јас имам еден мал проблем. Не знам дали е до мене, ама откако ја нанесов со прсти, пудрата лом ми го направи лицето. Значи под пудрата лицето ми изгледаше како испукана земја. Крема за лице (fleurance -creme hydratante a aloe vera) ставив сабајлето а пудра ставив по неколку часа.
    Нареден пат решив да ставам крема и веднаш после тоа да савам од пудрата и за среќа немав ваков ефект на цело лице, малку само на јаболкниците. Не ми е јасно зошто, тој дел никогаш не ми бил сув. Овој пат ја нанесов со сунѓерче за пудра со тапкање.
    Пудрава има сјаен финиш, многу природно изгледа, ама ако барате мат пудра - оваа не е за вас.

    Камена пудра -
    [​IMG]

    Не сум којзнае колку задоволна. Ја нанесувам со кабуки четка од Авон и не остава доволно. Не знам дали е до пудрата или до четката, ама не ми ја матира кожата.
    Откако ставив камена на цело лице, ми изгледаше како делот кај јаболкниците да ми е без пудра, не буквално, ама камената како да ја избриша пудрата?! :drunk:

    Се мислам на која од овие две пудри да им дадам шанса?
    gel make-up
    [​IMG] или mattifying make-up[​IMG]
     
    На Babyby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Јас имам пробано една пудра на Алверде, Cover and Stay и не бев воопшто задоволна...тешко се бленда, ги истакнува порите и сувите делови и ужасно многу се познава на лице. Додека пак минералната во прав без талк ја немам сменето веќе цела година, на почеток имав проблем со нијансата и сфатив дека 2-ката е претемна за мене. Дава ист ефект како камена пудра а е многу лесна на лице, малку е потребна пракса за нанесување, ама ефектот вреди. Ме интересира дали пудрава со пумпичка лесно се нанесува и дали има задоволителна покривност? Не ми треба мене посебна покривост, само убаво да го изедначува тенот и да не изгледа како маска на лице :)
     
    На Mishela и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Пишува на неа дека хемиските филтри можат да предизвикаат печење на очите.
    Се декларира како природна, а има силикони.
    Ја земав јас за летото, демек да не носам пудра по жешково. Без ништо врз неа се растекува буквално во бели траги, било што да ставиш врз неа како да се лупи или како лишаи и флеки се собира. На ништо не личи.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Со пипета е, нема пумпичка. :)
    Инаку фино се дозира, само многу е неуредно кога се затвара поради вишокот насобран производ на пластичниот издолжен дел, па мора да се внимава.
    Инаку е навистина океј, не можам да најдам замерка, само што не мислам дека е погодна за класична масна кожа и не делува добро во комбинација со помасните делови од лицето.

    Не би можела да дадам поопширно мислење затоа што ја користам само неколку денови, но мислам дека за сува, нормална и комбинирана кожа која нема премногу изразени масни делови, би била во ред. За комбинирана кожа нормално со соодветна подлога, по желба прајмер и задолжително нешто за фиксирање затоа што има лесна формула и знае бргу да засвети.
    За многу масна кожа дефинитивно не и за кожа со неправилности само во комбинација со коректор за да се добие посакуваната покривна моќ.

    Да се надополнам - не ми се допаѓа тоа што има премногу леплива формула. Се чувствува како неисушена и лепи на допир. Се пресликува на телефон и на облека, нормално.
    И многу некако делува брашуњасто ко неизблендано, а убаво се бленда. Мислам дека кај оние со масна/комбинирана кожа ќе се собира во борите, ќе видиме за некое време.
    Веројатно има чудна формула.
    Инаку во глобала ок како за секој ден, ама не би била мој избор за на долги стази - нема замена на Ревлон. :)
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.698
    Пол:
    Женски


    Оваа пудра погоре со лажиче што е - ја користеше Биодевојка на едно видео на јутјуб и ми се допадна ,а она ми ја прпорача за масна кожа... ќе ја пробам па да видиме. А оваа последната mattyfing make up ја имав земено во летото и за масна кожа е супер , не свети брзо лицето-само што мирисот неможев да го поднесам мириса силно на алкохол. Сакам да ја пробам и пудрата што ја земала и Мишела - гледам дека 2-3 пудри од Алверде ќе земам :D:D:D
     
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А покривна е mattyfing? Мене дилемата ми е која е по-покривна?

    [​IMG]

    [​IMG]

    Инаку serum foundation не е покривна, лесно накај средно, а јас сакам што е можно по-покривна пудра.

    [​IMG]


    Јас уште една течна и нова камена ќе земам, само не знам која: alverde pure beauty или alverde loose powder?

    Сега гледам дека и прајмерот може да го пробам а и хајлајтерот. :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не сум баш надежна дека ќе ти се допадне. Не знам дали ми се допаѓа и мене да ти кажам. :D
    Дечко ми вели дека лицето изгледа природно, меѓутоа пудрата се познавала.
    А штом некој кој нема поим од козметика ќе го каже ова, мислам - јасно е...

    Не е лоша, ама од тестерот ми делуваше дека ќе биде подобра.
    Многу фина структура, ама не баш за комбинирана и масна кожа.
    Повеќе е за сува, нормална и комбинирана со послаба Т-зона, тоа дефинитивно. :)
    Повеќе среќа (за мене) следниот пат.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.698
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R

    Јас немам проблематично лице ,па оваа mattyfing make up ми беше добра во врска со покривноста. Но не е во никој случај прегуста како што беше cover and stay мислам се викаше пудрата.

    Оо @Mishela штом е така тогаш таа со пипета да не ја пробувам воопшто. :) може пак таа мат да ја земам а ќе ја пробам таа штом и ја предложи @Biodevojka
     
    На Mishela и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  14. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Serum foundation баш добро се фиксира со пудрата во прав. Па и со база за масна кожа мислам би била идеална, е сега зависи до тоа колку ви е мрсна т-зоната, за секој различно, инаку за класично мрсно лице не е пудрата. Затоа и напоменав дека е добра за овој период, да не речам одлична (барем за мене):).
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.698
    Пол:
    Женски
    @sorbet ја тагнувам, кога ќе го пробаш сетот на Алверде обавезно да пишеш на темава :)
     
    На Annath и sorbet им се допаѓа ова.
  16. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    @koritsaki речено - сторено :D
    [​IMG]
    Не знам што ме трефна да го купам комплетов, иако се мислев дали да го земам путерот од кокос, путерот од макадамија или лосионот од бадем и шеа путер (мислам дека од тоа беше, лимитирана колекција). Сепак завршив со ова. :D

    Мирисот е темно чоколадо со мнооогу чили. До сега не сум сретнала производи што мирисаат вака.
    Гелот за туширање мириса очајно, премногу е остар мирисот на чили. Се угушив додека се туширав. Пени убаво и сва среќа не остава никаков мирис на кожата. Количина - 200 мл.
    Лосионот за тело има густа структура и за разлика од гелот за туширање мириса боженствено. Го нема тој специфичен мирис што го има во производите од Алверде. Негата е одлична, до сега сум го користела лосионот од лотос и сусам и според хидратацијата се тука некаде. Не остава лепливо чувство и лесно се размачкува. Количина - 200 мл.
    Кремот за раце има нападен мирис но после некое време „избледува“ и мириса фино. Има поретка структура од лосионот и убаво ја негува кожата. Количина - 75 мл.

    Ако сакате нападни мириси тогаш сетов ќе биде совршен за вас. Сметам дека соодветен период да се користи сетов е во зима бидејќи во лето повеќе одговараат тропски и лесни мириси. Со оглед на цената (259 денари) е супер економично зашто добивате 3 различни производи за малце пари.
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На do-re-mi, Babyby, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.698
    Пол:
    Женски
    @sorbet многу ти благодарам :) јас имам пробано еден сличен производ на овие од Алверде , од Natura Siberica (Organic shop) пилинг за тело со чоколадо и чили , тој ми мирисаше на чоколадо ама од кога ќе се истриев ми оставаше едно црвенило по нозете (тоа заради пиперката внатре) дури ми беше непријатно и престанав да го користам. Супер е цената што е 300 денари за три работи , ако го начекам наредната недела може да го земам :) :l:
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Матирачка камена пудра на Алверде, планирам да ја пробам. Досега ја користев минералната, ама ова пакување ми изгледа попрактично за нанесување, а и составот е убав, без талк. Не се осмелувам да користам течна пудра од Алверде бидејќи немам најдено некоја која ми одговара, ама од пудрите во прав сум задоволна. Ќе пишам рецензија тука :)
     
    На Babyby му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    @UnordinaryOne те чекам. И мене ми е следна на список за купување оваа пудра ;)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Alverde Wake up (01) - минерална пудра.

    Мислев дека ќе имам проблем со нијансите, оти беа само три 01, 03 и 07, а мене ми требаше некоја помеѓу нијасна (02). На попуст ја начекав, некои 130 денари, а искрено се` што ми треба е малце да му дадам свежина на лицево периодов. Бидејќи ужасно сум бледа, чисто колку за импровизација и изедначување на тен.

    Бојата, буквално камелеонска! Се изедначи апсолутно со мојата природна боја, потешкотии имам само да ја размачкам помеѓу челото и кожата, но би пробала и со сунѓерче, сметам дека така и полесно би било. Ја користам самостојно, без претходно нанесување крема, коректор и слично. Се` уште ја немам истестирано временски колку и како би се задржала на кожата, но секако тоа би било на пократок временски период од 2-3 часа. На декларацијата имаше наведено дека има матирачки ефект, а во составот масла. На мојата нормална - сува кожа, моментално стои како да имам лесна крема ставено за лице. Апсолутно препорачувам за дневен, свеж изглед. :)

    Наредна за тестирање верувам ќе биде минералната во прав со огледало.
     
    На do-re-mi и marchi-cool им се допаѓа ова.