Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Alverde козметика

Дискусија во 'Лице' започната од Queen^^, 25 јануари 2016.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Во кој ДМ маркет го има маслото од роза Алверде?
    Мислам дека @Avery го користи, па ако знае би ми била од помош ептен.
    Го користам и јас, но ми се потроши и никако не можам да го најдам после акцијата. Веќе минаа речиси две недели.

    Во ДМ во Веро, Градски ѕид и Капиштец го нема. :(
    Ќе појдам до вечер и до ДМ во Тафталиџе, не ми текна да проверам во ГТЦ.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.697
    Пол:
    Женски
    @Mishela ако го најдеш некаде кажи ми :) како го нанесуваш маслово? на влажно лице? Ако ја земам на Др.Хаушка кремата викам да земам некое масло за навечер
    Само се надевам дека ќе ми одговара на масново лице :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мене како за чудо многу ми одговара.
    Ја купив целата колекција со дива роза (мојата професионална деформација „сè да ми биде истa колекција“ :lol: ) и откако ќе го исчистам лицето, го нанесувам маслото како ноќен третман/серум на благо навлажнета кожа.
    Пред да си легнам ставам од ноќната крема од истата колекција, но многу мала количина. Можеби помалку од зрно грашок, затоа што кога нанесувам поголема количина приметив дека наутро ми избива многу себум, целата Т-зона ми беше „облеана“ со себум.

    „Клучот“ кај масната кожа или Т-зона не најверојатно, туку сигурно е дозирањето. Внимавај на тоа и не би требало да имаш никаков проблем.

    П.С. Само пудрата ми остана „надвор од organic зоната“. И веројатно ќе остане единствен производ кој нема да го сменам никогаш.
    За жал, после толку утки и фрлени пари за глупости, дефинитивно останувам на Ревлон. Подобро нешто за моето лице не се најде.

    Ама за колекцијава со дива роза - десетка малку е.
     
    На do-re-mi, sorbet, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.697
    Пол:
    Женски
    @Mishela
    Благодарам, не е скапо па може да го пробам :)
    И да не ми се погоди ништо страшно.
    Во врска со органските пудри, јас овде во Грција имам и други опции открив една марка lily lolo се вика имаат фини нијанси на органска бб крема, па so bio etic , benecos (овие две ги спомнуваше биодевојка по блогот) лавера , но повеќето производи треба да ги порачувам на слепо, а не можам да пробам тестер така да воопшто не ми се ризикува :) ќе видам да земам ете од таа пудрата на Алверде со лажиче што е или па таа мат што пролетта ја земав , знам дека не можеме да очекуваме да ни вршат работа како останатите пудри на пазарот со хемија што се ,ама барем кога не сум мн време надвор или за секој ден за на работа можам да користам некоја со природен состав. Ќе видам што ќе направам наредниве денови што ќе земам па ќе следи update на темава :lol:
     
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    @Mishela случајно ја отворив темава, не ми стигна известување дека си ме означила. :?:
    Последен пат го земав од Дм- Тафталиџе пред неколку месеци. Ако не ти е во близина, можам да проверам дали го има, па да ти кажам.
    @koritsaki вреди да го пробаш. И во право е Мишела, клучот е во дозирањето. Мене ми е идеално 2 капки, повеќе од тоа лицето не ми го впива или ми ја мрси т-зоната.
     
    На koritsaki и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам дали сум редактирала или не па затоа не стасало известување. Не е битно сепак, ти благодарам што ми одговори.

    Ќе проверам утре таму, последна надеж ми се Тафталиџе и Сити Мол.
    Никаде го нема, никако да го начекам. Ако го најдам ќе си земам повеќе штом бргу им се троши. :)
    Прв пат вака, обично секогаш зјаше од некаде по рафтовите.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.697
    Пол:
    Женски
    @Mishela ќе им пишам на фб на дм и ако ми одговорат ќе ти кажам :)

    @Avery благодарам за одговорот :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Барем до сега, секогаш сум го наоѓала, баш ме изненади кога пиша дека е дефицитарно :) Изгледа сме претерале со фалењето по темите :D
     
    На koritsaki и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Веројатно, на тоа и помислив.
    Рафтот (ДМ Веро-Џамбо) со колекцијата од дива роза беше видно осиромашен. :D

    Љубезниот дечко во Градски Ѕид ми рече денес дека после акцијата скроз се потрошиле и чекаат дополнување. Ќе проверувам и таму.
    Се надевам дека нема да го повлечат, само тоа ме плаши. :worried:
     
    На Avery и koritsaki им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    7D8C13F9-4566-494E-83BC-F65AA7B5B097.jpeg
    Must buy за сите љубители на лаванда, прекрасен мирис, убава лесна текстура, цена околу 160 ден
     
    На elimkd, Biodevojka, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Жално е што најубавите работи на алверде им се limited edition:( јас како што не сум склона да менувам производи, особено за нега на тело, баш ми е криво..
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    45.221
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде ве молам некоја да ми ги каже придобивките од маслото од дива роза? :)
    Не сум користела масла до сега, па се мислам дали да го купам.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Па најголема придобивка би била длабинската нега и хидратација на кожата, поготово во овој период од годината кога воздухот е поостар и кожата има потреба да се заштити од прекумерно сушење.

    Можеш да го нанесуваш на различни делови од лицето кои сметаш/чувствуваш дека ти се дехидрирани, а исто така со него можеш да ја негуваш кожата на вратот и деколтето.

    Јас лично го нанесувам во пределот под очите, како ноќен третман (по потреба и утрински, доколку состојбата на кожата го налага тоа).
    Една капка ми е доволна за целиот предел под двете очи, сè што е над тоа ми ја масти кожата многу. Имам комбинирана кожа, со изразено масна Т-зона.
    За целата површина од лицето (вклучувајќи ја и Т-зоната) нанесувам 1-2 капки кои убаво ги тријам меѓу прстите и го масирам целото лице.
    За вратот и деколтето е истата процедура.

    Како што преходно спомнав, најбитно е правилно да се дозира, а за тоа не би постоела некоја универзална дефиниција - секоја треба да си ја одреди совршената доза сама, според нејзините потреби. :)
     
    На naturally, koritsaki, Babyby и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Пудрата pure beauty да ја пофалам. Од аспект на нијанса ми се погоди многу повеќе од минералната во прав. Ја земав насветлата. Покривноста и е средна, помалку покривна од минералната, но да напоменам дека ја нанесувам со четка, па можеби поради тоа ми делува дека е помалку покривна, со сунѓерче би требало да се добие поголем покривен ефект. Лицето не ми светнува, баш добро матира, а ефектот на сувите делови на лицето исто така е одличен. Ја препорачувам за комбинирана кожа. IMG_8449.JPG


    Хајлајтерот на Алверде ми е омилениот во новава! Баш се израдував што конечно најдов хајлајтер што не "заслепува" од светкање. Идеално ми се вклопи на тенот, не ни очекував дека ќе има ефект каков што сакам и тоа природен:clap: Дава благо златест ефект, во малку помали дози е идеален и за преку ден, а малку повеќе за навечер. По тврда текстура има но да не ве плаши, доста е пигментиран и лесно се дозира, економичен е од тој аспект и кој знае колку долго ќе ми трае:) :inlove:
    IMG_8448.JPG
     
    На koritsaki, Annath и sorbet им се допаѓа ова.
  15. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    45.221
    Пол:
    Женски
    Alverde имаат и гелови за туширање така? Ги имате ли користено, добри ли се?
     
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    На времето, поодамна имаше еден добар прајмер-коректор на Алверде. Одлично легнуваше пудрата врз него, плус го покриваше црвенилото нели ради зелената состојка. Цената му беше под 200 денари.
    Го видел ли некој пак и дали има некој друг добар прајмер од Алверде ? Гледам сте постирале некој во тубичка со безбојна структура. Alverde-Anti-Redness-Primer-10-ml-Watermark.jpg
     
  17. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Женски, препорака за покривна пудра која би ми ги измазнала порите? Имам комбинирано накај мрсно лице.
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.056
    Допаѓања:
    225.427
    Пол:
    Женски
    Презадоволна! ! Не очекував олкава покровност искрено. Лицето стакло. Во принцип за пудра сум секогаш Гош или Дебора ама овој пат од Алверде се изненадив.
    Малку ми е леплива при нанесување но затоа е тој состав нели ..
    20180128_215005.jpg
     
    На Biodevojka, Babyby и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    За каква кожа е и цена ?
     
  20. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    29.044
    Пол:
    Женски
    Здраво :) .. Едно кратко прашање.. Вие кои ја користите Алверде серум пудрата, како ја нанесувате? Пробав со сунѓерче, но премногу ми се двои пудрата, пробав и со прсти но не ми се допаѓа резултатот. Дали решението е со четка? Не преферирам, но доколку тоа е начинот ќе се обидам :) Фала однапред!