Не, овој е overnight coffein serum пишува, а тоа горе е lash booster. Не ми е итно, само да знам дали го има. Кај маскарите на Лаверде скоро ништо и да немаше во ДМ во Капитол и на Битпазар, па дали е ситуацијата таква и во другите ДМ маркети. Прашав кога ќе донесат нови производи, ми рекоа дека не знаат.
Фала ти многу. Ама далеку ми е, натаму ич не ме води патот. Здравје Боже, ќе чекаме да се обноват полиците во поблискиве ДМ маркети. Секако не ми е итно. Фала ти за одвоеното време Ми ги зајакна трепкиве. Јас немам особено јаки и густи трепки, онака просечни. Со ова секоја вечер ги мачкав, и некако појаки ми се, кога вадам маскара не ми се кинат.
Ако колекцијата со дива роза е за сува кожа, која е за комбинирана? За да не трошам многу време по рафтови
Таа со јаболко и лимета е за комбинирана до масна кожа. Имаше уште една со морски алги, но не знам дали уште ја има.
Дали Алверде имаат крема за лице или камена пудра со заштите фактор за комбинирана/мрсна кожа? Почнав да користам крема за лице од Алверде за 30+ ама имам светол тен а иде лето и ќе ми треба нешто со заштитен фактор за преку ден.
Здраво девојки. Дали Алверде во својата линија има производ кој што ја затемнува или осветлува пудрата соодветно? И ако има дали знаете која цена е и доколку сте го користеле искуство?
Има и едно, и друго. За цена не сум сигурна, ама повеќе од 200-250 мислам не се. Не сум ги користела, ама ги фалеа низ темиве. Не се воопшто скапи, можеш да си пробаш, па и да не ти се погодат да не ти биде криво.
јас го имам тоа за затемнување пошто купив светла пудра. добро е многу врши работа. некои читав и за контурирање го користеле. околу 200 и нешто ден беше.
Да, @marta993, ги имам и светлиот и темниот тонер, ги користам по потреба. Темниот ми е супер за во лето, да не купувам потемна пудра специјално за тие неколку недели после одмор. Имајќи го предвид фактот што едно шишенце пудра ми трае цела година, глупост ми е да земам темна пудра од 30мл и да ја фрлам, вака со ова супер е, си мешам по потреба директно на рака. И двете ги купив на попуст мислам по 120 денари секое. Редовната цена беше 180.
Имате попуст во дм на некои работи од стари колекции на алверде - пудри, кармини, камена пудра и римели. Цени околу 109 кармини, 149, 189 пудри. Може да ми кажете подлога за пудрава која да ја користам?
Дали постои мицеларна вода на Алверде која не содржи алкохол, за да не предизвикува печење на очите? @Biodevojka или некој друг доколку има користено, а ако нема таква би ве замолила за предлог убава природна мицеларна вода Исти така дали некој ја користел оваа крема и колку е задоволен