На Алверде сите м.води ги имам пробано и од сите ме печеле очите. М.вода што ти ја препорачувам е на Оливал , околу 375 ден е 500 мл во ДМ
Кремата јас ја користам. Убава е, мене сите креми од Алверде ми се убави, ама пак и немам некое проблематично лице. Малку како помрсна делува, почнав да ја избегавам деновиве затоа што ми се чини дека не е за премногу топло, ама претпоставувам дека би ти била супер ако имаш посува кожа.
Имам комбинирана накај сува кожа, ама и јас се плашам дека ќе биде премногу тешка на топлово. Се мислам да ја земам оваа, па ќе пишам искуство. Фала
Немој оваа, леплива и чудна е. Може ќе ти се погоди. Ама мене ептен ми е за никаде, како филм ми ствара на лицето и многу се лепи. За мицеларна вода, убава е на Fleurance од Зегин. Природна е.
Јас и оваа ја имам користено. Исто, добра ми беше, ама мислам дека не беше ништо посебно. Најдобра ми беше една со сончоглед, ама ја немаше последниот пат кога купував. Само што јас имам нормална кожа, така да не знам како би била за комбинирана...
Драга мене ми текнува дека имам видено само една мицеларна вода од алверде, ама имаше алкохол. Јас подолго време не сум во Ск, можно е нешто ново да донеле, така да оставам другите феминки да ти кажат. Инаку од мицеларните многу е убава онаа на Флеуранс или пак онаа на Оливал. Поздрав.
Јас проверував и на официјалната страна на Алверде и ја нема таа со сончоглед, така што најверојатно ќе ја земам таа што прва ја постирав, за нормална до сува кожа. Благодарам за споделеното искуство
Само да известам,сега бев во ДМ кај Беко, имаше уште една од таа со сончоглед и маслиново масло, не ја земав бидејќи се решив за првата а баш таа ја немаше
Јас пудрата. Фина е, ама никако не е за сува кожа, лишаи се прават и многу лошо изгледа. Ќе ја пробам пак сега на потопло кога ќе ми се среди кожата, мислам поубаво ќе легне. Инаку доста време беше на попуст околу 150ден, можеби сеуште е.
Драга што поточно те интересира од оваа козметика? Секако нема да ти ја препорачам линијата со гоџи која е од 30 па нагоре, ама има и производи кои се баш за твои години. И од декоратива и од нега, Кажи ми само што те интересира конкретно. Поздрав.
Ме интересира за колекцијата од дива роза, исто така и која пудра би ми можела да ја користам, инаку имам сува кожа
Од колекцијата од дива роза земи го дефинитивно маслото. кремот ако не се лажам не е баш за 17 години, додека маслото е одлично и доста ќе ти заврши работа. Инаку од пудра за сува коа има една убава која е два во еден со серум за лице и таа е за сува кожа, а ако ме почекаш да стигнам во Скопје за неколку дена ќе разгледам да не има некој нов производ, затоа што не знам што ново донеле, па да ти препорачам. Поздравче п.с. ако заборавам потсети ме...
Ти благодарам, само уште да те прашам, бидејќи досега не сум користела масло, дали се користи како замена за крема и може да се користи и како подлога за пудра или има потреба и од крема
Можеш слободно како замена за крем, само се нанесува на благо навлажнета кожа, за да може убаво кожата да ги искористи сите состојки. Не на сува, за разлика од кремот кој се нанесува на сува. Може слободно и пудра врз него ти и онака имаш сува кожа, така да убаво ќе нахрани.
Дали маслото од дива роза би го препорачале и за летен период ? Пред спиење после вадење на шминка и миење на лице сепак имам потреба да нанесам нешто, па дали би било ок маслово? Се мислев дали ова или чисто масло од јојоба, но самото масло од алверде содржи и масло од јојоба. Иначе кожата ми е комбинирана.