За преку ден може по еднаш така за хидратација. За навечер не го препорачувам. Пробав така, но помасно ми беше челото наутро, па престанав да ставам пред спиење. Можеби чисто јојоба ќе се покаже подобро за навечер. Информирај не ако пробаш
Јас имам нормална/ комбинирана кожа и го користам пред спиење. Се мијам, го прскам обилно лицето со активен кислород и ставам 3 капки од маслото. Наутро лицето ми е меко и сјајно, но не претерано масно. Наместо активен кислород, секако можеш да користиш обична вода, но гледај лицето да е добро навлажнето за кожата да впие голем дел од маслото.
Истата рутина ја имам, само наместо активен кислород прскам ружина вода (домашно приготвена) и неколку капки од маслото. Кожата никогаш не ми е масна наутро, а имам многу масна Т-зона и прилично масна кожа во лето.
Јас па почнав пред спиење да не ставам ни масло ни крема на жешково. Единствено, крема околу очи ставам навечер и тоа е тоа.
Денес го купив,сега го измив лицето со него,и сега лицето ми е црвено и ме пече,топло ми е,како да сум трчала цел ден.. Дали ова е алергиска реакција??Да продолжам да го користам??Никогаш ми се нема случено ова со гел за миење
Јас овој гел го имам купувано 2-3 пати ми беше супер , баш погоден. Меѓутоа , можно е на некоја од состојките и да си алергична , пробај го уште еднаш , ако ти се случи истото тогаш не го користи
Дали некоја од вас знае случајно да не ги повлекле од продажба секаде моливчињата за усни на Алверде? Ги барав во Дм во ГТЦ и во Дм кај Беко ама нема ниедно останато. Исто така и за моливчињата за веѓи. Ако знаете каде има повеќе избор кажете
Патем, кои моливчиња за усни ги користиш? Самоостречките или оние регулар што се ? Кои се подобри? Сакам да ги пробам. @koritsaki
@Ginger^ и самоостречките и регуларните моливчиња ги имам пробано одлични се, долготрајни и меки , затоа сакав повеќе нијанси да земам
Го има некоја овој катмин од алверде? Го гледав во дм, релативно евтин 100 и нешто денари беше, па не знам дали да го земам, прво искуство да видам ако има некој. Ме интересира дали трае? Конкретно за третиот Lilac passion прашувам.
Пред 2 дена земав од истиве ама светло розев , мат е убаво мириса и за таа цена се изненадив од трајноста и од тоа колку е пигментиран
Во Дм во СП имаше неколку нијанси од тие за усни. Една розева светла, бела, црвена, потемна розева (постирав слика вчера во Што последно си купивте), и една темна розева накај виолетово. Ако ти врши работа информацијава, помини си натаму
Да ве прашам сте го забележале путерот за коса од авокадо на Алверде? Го барав во Дм во Сити мол ама бидејќи оддамна не сум го купила да не не се продава повеќе? Што мислите за балзамот исто од авокадо?
Прв пат купувам од Alverde, и се решив за течна пудра. Прво, многу убаво мириса, второ што приметив е дека не се вади толку лесно.. Се на се пријатно сум изненадена и се прашувам зошто порано не сум купила од брендов
Да се надоврзам за пудрава погоре - Alverde mineral make up. Јас ја купив пред 1 недела и ја користев баш на топливе денови , се изненадив од трајноста на пудрава искрено. За покривна - не е попокривна од cover and stay ама и ако ставиш нешто повеќе не е страшно. Трајноста е со сигурност околу 5 часа , потоа лицето добива некој dewy финиш , јас бидејќи имам мрсно лице обавезно ја сетирам со пудрата во прав на Lush моментално. Не е воопшто скапа над 200 денари со сигурност не ја платив , а баш оваа ја земав бидејќи од кога знам за Алверде пудрава си е во продажба и не ја повлекуваат од продажба. Мала маана е тоа што првата нијанса 01 ми е мааалку темна ама со пудрата во прав се изедначува нијансата со лицето. Јас сега освен оваа на Алверде користам и една друга органска на So bio etic и сум презадоволна исто така. Оваа пудра на Алверде ја препорачувам и за тие со мрсна кожа само со пудра обавезно одозгора