@Luminary јас сега моментално го користам лосионот и е супер многу убаво го чисти лицето. И гелот за миење лице го имам користено и тој не беше лош. Но од геловиве за миење лице од Алверде највеќе ми се допаѓа тој со морските алги.Некогаш би сакала и кремата за лице да ја испробам.
Јас го користев лосионот и иако имам мрсна кожа за мене беше преагресивен, втора состојка му е алкохол и кога ќе го мириснеш премногу се осеќа алкохолот, плус некој чуден мирис некако премногу е парфемиран. Може да го пробаш ако сакаш ама јас не го препорачувам ја иритираше дури и мојата премрсна кожа, ми оставаше црвенило, а после некое време од користењето, ако на пример нанесам од лосионот вечерта, утредента се будев со мозолка што јас сумњам дека е реакција од алкохолот.
Значи не сум единствена со лошо искуство. Мене целата колекција премногу ми ја мрсеше кожата. Немав несакани реакции, ама лицето ми беше како натопено во масло што не можев дури ни пудра да си најдам. Најмногу ми се допаѓа гелот со морски алги од Алверде, ама кремата ми беше ужасна, ми направи поткожни акни, а немам ни за време на циклус вакви цистични и болни акни. Ептен ретко да ми се јави некоја таква, а додека ја користев кремата нон-стоп имав по некој кратер околу т-зоната.
@Biodevojka Здраво. Имам нормална до мрсна кожа на т-зоната, но многу чувствителна. Дали би можела да ми препорачаш крема за лице, мицеларна вода и пудра? Инаку, имам 19 години.
За миење земи ја на Балеа пената розева преубава е околу 140 мкд. Моментално е на попуст околу 120 така нешто беше, баш вчера ја видов. Алверде има исто една мицеларна вода иако ја немам пробано. Од крем не би знаела што да ти препорачам освен оној аква 24 кој хидрира. Алверде нема некој крем за 16 годишна возраст, па овој е најпогоден. Другите се за повозрасна кожа. Поздрав
@flawless-98 да знаеш само дека од сите мицерални води на Алверде и двофазни средства за вадење шминка очите ме пржат ненормално. А и други членки се жалат идто како што читам. Последен пат ја земав најновата м.вода со јаболка и лимета ама истото ми се случува. Само ова го немам испробано се уште , па ако некоја го испробала нека пише
@Luminary јас го користев тоникот од истата колекција, поголемото пакување, бидејќи колку што се сеќавам имаше помало и поголемо. Мојата кожа е нормална, до комбинирана (овој период т- зоната и мрсна е). Иако е назначено пакувањето за нечиста кожа, ме привлече глината во составот. Задоволна сум од истиот, кај мене баш напротив, не ми ја сушеше кожата, туку ја доведуваше до нормална, хидирана и исчистена. Навратив на темава да го пофалам млекото за чистење на лице од роза. Прв производ е од оваа колекција што го користам и сум дефинитивно задоволна. Често го користам за чистење на шминката, бидејќи не е агресивен, поготово за очите. Кожата после употреба ми е мека, што дури немам потреба да ставам крема за лице.
Биодевојка ја има доста фалено на нејзиниот блог а и овде на фемина , би требало повеќе да одговара на нормална до комбинирана кожа
@Biodevojka те молам за совет мислење. Дали оваа колекција може да се користи за девојче кое има 17 години,и бидејќи има чуствителна кожа дали алкохолот може да предизвика иритации?
Драга не можам да гарантирам како ќе реагира кожата. Доколку е чувствителна многу е возможно. Потребно е да проба едно мало тестерче (доколку има во ДМ). Инаку еве го видов кремот нема некои состојки анти ејџ може за 17 години. А тоа дали ќе иритира не знам, сѐ е возможно зависи од кожа до кожа. Поздрав
Фала ти многу Биодевојка ❤ си,ќе пробаме со ова колекција доколу ја иритираа,ќе барам твој совет повторно. Поздрав.