@Nut јас имам многу чувствителна кожа и единствена крема која можам да ја користам и да не ми направи иритации е оваа Само @Biodevojka може да каже за составот дали е погоден за 17год.
Сакав подлога за шминка ама не сакав сѐ и сешто да ставам на кожава, сепак се работи за кожа склона кон акни и кожа што се мачам да ја третирам и користам пудра само за да ги покријам несовршеностите ама постојано, што можеби дополнително ја влошува работава, но се чисти понекогаш, зависи колку сум истрајна. Значи, за да не ставам секакви хемиски работи на лицето(нели природна козметика), ја купив алверде базата за пудра. Hydro. Според цената и не очекував многу, но тоа што некако ми го стврднува лицето и му дава некаков мат ефект и што мириса убаво, и тоа е плус.
Не, не е воопшто масен. Косата е многу убава и мека. Јас ставам на пола коса и никогаш не ми останала мрсна, а имам коса склона кон често мастење. Не остава некој мирис, ама негата е одлична.
Порано долната половина од косата ми беше многу сува, речиси како метла. Почнав да го користам путерот од авокадо и на пола пакување престанав зошто ми ја омекна и освежи косата до степен каде што не ми требаше повеќе, зошто претерано мека ми ја правеше. Еве веќе пола година немам проблем со сува коса. Убедливо најдобриот производ од Алверде. Морам да го пофалам овој балсам за тело: Текстурата е доста густа, но многу лесно се размачкува. Феноменално омекнува и хидратира кожа, дури и наредниот ден се чувствува. Мирисот е ПРЕ КРА СЕН! Како мафин. Многу многу сладок, ама истовремено не е јак. Нежен. Долго време го меркав, не знам што чекав до сега, limited edition е! Ептен го препорачувам, супер е. Веќе година-две ја користам кремата за раце со невен, едноставно совршена ми е, од нелепливост, до хидратација, до мирис. Овој пат се решив да ја пробам оваа со био-кактус и био-зелен чај и не само што не зажалив, туку ми стана омилена крема. Мириса прекрасно, на свеж портокал, веројатно кактусот дава таков цитрусен мирис. Хидратацијата и впивливоста е иста како на оној со невен, односно совршена. Исто така производ од limited edition, добро е што се решив на време да го пробам. П.С. Во моментов има 20% попуст на производите на Алверде во ДМ!
Мене многу ме нервираат тие лимитед едишн изданија на продукти. А кај Алверде ретко нешто да не е лимитед. Таман ќе си најдам нешто што ми се допаѓа, па истото ќе биде лимитирано... Џабе и ако купиш повеќе, кога ја повлекуваат серијата, чао рагаци, барај си го чарето со нешто друго. Многу ме нервира тоа.
Го купив путерот за коса, и дефинитивно не е за мојата остра и виткана коса! Ми ги разбушави локните и ги стежна некако. Ќе се држам до колекцијата за виткана коса на Балеа.
Мене пак баш убаво ми ги навлажнува и оформува локните, а и мојата коса е остра и виткана. Доказ дека нема две идентични коси. До 7.10.
Не, ама поради многу што ми ја затегаше кожата, после ставањето на пудра ми се правеа како стврднати делови и кожата ми се лупеше. Веројатно, убаво рекле, не секоја база одговара на секоја пудра. Не ја користам некој ден, откако го увидов ова, повторно се враќам на кремата, барем со неа нема ризикување. Мора да постои некој трик околу изборот на база.
@maaraa96 еве да си кажам што имам користено од Алверде и секако мое мислење Можеби и ќе послужи и на некој друг. За лице: Имам пробано неколку креми, за сува/нормална кожа и најзадоволна сум од кремата од роза, најубаво ми го хидрира лицето од било која друга крема што сум ја пробала. Го користам и маслото од роза, преубаво, лесно, ми ја хидрира кожата. Кога е ладно го ставам навечер пред спиење на чисто лице. Неодамна го купив и спрејчето од роза, не сум забележала некоја голема промена, само ми го прави лицето помеко, и многу поубаво ми легнува кремата кога ќе го нанесам пред неа. Жолтото лабело, мислам дека беше од невен, е единствен спас за суви усни. Исто така и едно црвено, мислам од цреша, многу убаво хидрира и дава некој така природен црвеникав сјај на усните Од течните пудри за жал не најдов некоја која ми легнува убаво на лицето. Единствено сум задоволна од минералната пудра во прав, за нормална-комибинирана кожа, ја користев цело лето, омилена ми беше. Многу лесна, за изедначување на тенот, и преубаво мириса. За коса: Путерот од авокадо, многу убав, полесно се чешла косата, ја омекнува, скротува. Исто така и пакувањето од кокос, но за подобри резултати да се остави неколку мин на косата пред да се измие Следно планирам да пробам некој од шампоните. За тело: Гел за туширање од кокос, преубав мирис, не ми се исфрлаше кожата од него, само слабо пенеше. Спреј-дезодоранс со лимета, преубав, за летно време беше одличен, никаква миризба немав од него. Лосион за тело со маслинка и алое, презадоволна сум. Омекнува, смирува црвенило, хидрира. Дури и на лице го имам ставано да смирам црвенило и изгореници од сонце, и успева. Сега за сега не ми текнува нешто друго што сум користела, ако има нешто друго ќе допишам.