Вака од едно ставање, не е многу мрсна, баш убаво хидратантна е. Мирисот, има некоја нота на ванила, но мене повеќе ми мириса на колачиња со путер Убав празничен, зимски мирис има
Девојки, мене ми требаат неколку препораки. Имам нормална/комбинирана кожа, понекогаш ми се мрси или суши на носот. Сакам некоја пена или гел за лице што убаво чисти, лицево цело време го осеќам ко да ми е валкано и "тешко". Потоа некоја крема, и некој серум за околу очи, во последно време забележав многу брчки околу очите и ми се продлабочуваат, а имам речиси 22 години.
Задоволна бев од оваа пена. Убаво чисти, а не го предушува лицето. Спојлер Мој предлог е да правиш еднаш до два пати неделно пилинг на лицето, за да не чувствуваш ко да ти е тешко, како што велиш. Од Алверде сум го користела само Aqua пилингот, ама има премногу ситни гранули за мој вкус. За околу очи немам користено крема од Алверде, ама маслото од роза и јојоба можам топло да ти го препорачам. Се нанесува на мокра кожа, убаво потхранува и што е многу важно поради твојата возраст, нема anti age состојки. Спојлер А доколку во обзир доаѓаат и производи од Балеа, би можела да ти препорачам доста работи од кои сум презадоволна.
@Avery Фала ти многу. Инаку може и од Балеа, не знам зошто стриктно во оваа тема пишав. За крема/серум околу очи знам дека речиси сите содржат анти ејџ состојки, и се прашував дали би било голем проблем ако користам нешто со колаген или хијалурон во составот. Ама може да пробам и со маслово. Препорачај ми нешто и од Балеа, па сигурно нешто ќе си одберам.
Инаку, маслото од роза можеш и на цело лице да го ставаш како ноќна нега. Неколку години ми е незаменливо, посебно во зима. Пола форум го користи, доста имаме пишувано за него, ретко некој да не е задоволен. Инаку од Балеа користам доста работи: 1. Плавата пена за миење лице од лотосов цвет- не знам колку паковања имам потрошено до сега. Одлична е. 2. Од креми, сум ги користела таа со лотосов цвет, гелот и крем гелот од Aqua колекцијата. Од сите три сум задоволна, ама мислам дека гелот е попогоден за во лето, не е доволно хидрантен за во зима. Спојлер 3. Рол- онот за околу очи од Aqua колекцијата е супер за млада кожа, веќе трето паковање трошам. Не е мрсен, брзо се впива, а делот околу очите е убаво хидриран. Спојлер 4. Пилинов не е многу груб, ама кожата ја чувствувам многу свежа по негово користење. Убаво ги чисти порите. 5. Буквално се колнам во маскава за лице. Ја користам 2-3 пати месечно. Не можам да ти опишам каква ми е кожата 2-3 дена по маската. Буквално ја враќа во живот. Обично ја ставам после пилинг. Спојлер Постов огромен Се надевам некои од предлозиве ќе ти се допаднат. Пиши ако пробаш нешто
Дали сум единствена која што има лошо искуство со маслото од дива роза? 1 месец го користам и ми направи бубулици на челото и брадата кои што ги 'лечам' со флуидот од бела глина, незаменлив ми е но што е со маслото се разочарав
Ниту мене не ми одговараше. Како да ми ги затвори порите и ми се појавија бубулици и на челото каде што скоро никогаш немам. Потоа ставив во него и капки масло од чајно дрво али џабе. Кој е тој флуид иначе и која цена е?
Затоа што имам комбинирана кожа ми беше страв да не ми ја мрси дополнително, но не беше така баш добро ми легнуваше на лице и насабајле имав прилично мека кожа, но и јас како тебе имав чувство дека ми се затворени порите и дека ми избиваат бубулици кои што беа како подкожни не можев да ги истискам никако
И мене ме исфрла со ситни акни маслото од дива роза и кремата од дива роза. Ме среди во однос на лушпите но џабе кога цела се направив лом од бубулици.
Путерот од авокадо дали може да се нанесува на цела коса пред миење (наместо само врвовите)? Или ќе создаде првут?
Го нанесуваш само на мозолките или на цело лице? И колку пати дневно, или само по потреба? И дали ти ја суши кожата? Фала ти
Јас имам бубулички само на чело и брада па само таму го нанесувам, еднаш ставив на целото лице но имав мало црвенило. Имам пробано и само директно на бубулиците дејствува и така Инаку го ставам навечер, а кога сум дома по цел ден (претежно викенд) го ставам и насабајле, остава некоја блага светло кафена боја и затоа не се осмелувам да го нанесам на лице и потоа да излезам од дома. Не ми ја суши кожата за разлика од тоникот од истата колекција. Нема проблем инаку
Не е лоша ако имаш чисто лице. Покрива како ББ-крема, лесна е на лице, само не е баш за масна кожа. Повеќе за сува до нормална. Јас ја имам само пробано и брзо светнав. Мајка ми ја користи долго време, рече дека и' била ептен погодена, ама за мене дефинитивно не е.