@maaraa96 јас ја користам од како излезе пудрава(околу година можеби). Иако имам комбинирана кожа, оваа ми се покажа како најдобра сега за сега. Не покрива многу, но не е ни како бб крема. Некоја средна покривност има. Над неа секогаш фиксирам со пудра во прав. За парите е одлична, ич да не се мислиш. Од другите пудри што сум ги пробала на алверде ми излегуваа бубулички оти беа претешки за моето лице.
Фала ти ќе одам утре да си ја земам, како и да е не е скапа па ако не ми одговара ќе послужи на некој друг Инаку било која пудра на крај ја фиксирам затоа што брзо светнувам моментално ја имам Минерал од Алверде и одлична ми е
Сте забележале дека со Алверде шампоните пребрзо се замирисува косата? 3 месеци користење и исто е. А шампоните пак, не оставаат некој мирис, барем тие што сум ги користела.
Не оставаат некој мирис (јас сама не приметувам, но сепак мириса косата на шампонот), ама не можам да кажам дека косата ми се умирисува побргу од порано. Кај мене не е така, има повеќе од една година како користам Алверде шампони.
Јас го користам скоро 3 месеци и баш напротив, сега како што е премногу загадено воопшто не ми се умирисува дури и чудно ми е на моменти.
Да не го проба случајно? Прикрива црвенило? Да не е агресивен за сува кожа? И јас го гледав вчера, се мислев, ама ми е страв да не не одговара на мојот тип кожа, да не ја суши дополнотелно.
^ Зар го има? Во кое ДМ? Предобар е , го користев пред неколку година. Всушност прво ми се падна на поклон од Биодевојка, па си го купив. Прекрасеееен.Таков мек, се упива убаво, ги покрива црвенилата и после пудрата убаво си легнува. Само што јас го немам видено многу одамна
Јас мислев се извадени од асортиманот, оти кога и да побарам ги нема. Така пудрата cover & stay престанаа да ја носат и сега тонам во океанот од течни пудри пак истражувам. Штом си видела, значи го носат ама брзо им се троши или слабо носат производи. Од сега секое влегување во ДМ стрикно тоа ќе барам
Дали некој ја користел палетава? Ја пробав на тестер во ДМ има многу убава путераста текстура ама не знам како е со трајност, да не избледува ептен да ја снема од лице после неколку часа носење... Некој што ги користел камените пудри и бронзери? Anyone?
@LiliBoz и останати што ја користите пудрата на Алверде, Perfect Cover foundation and concealer, дали е многу густа? Оти на тестерите ептен густа ми беше, и некако тоа ме одврати од купување, башка што ја немаше нијансата што најмногу ми одговара.
Па не би рекла густа колку леплива. Може е за нијанса погуста но бидејки прво ја ставам на раце а не директ на лице немам проблем со размачкување. посебно кога ќе видам колку е покривна ич не ми пречи лепливоста. патем со камената заедно земи ги ако зимаш зашто една без друга ич не ми одат.
Да, така нешто, ептен леплива. Јас сум навикната на пудри со малку потечна структура, додуша не ни користам многу. За камената не знам, не користам камена, пошто немам потреба. Ќе видиме сепак, уште се мислам која пудра да ја земам.
без камената малце сјае. Се зависи каква кожа имаш. За мрсна кожа дефинитивно не е. Ако не ти е битно да е природна и со помалку хемија би ти ја препорачала на Дебора таа што е на попуст во космо . има исто така прекрасна покривност а не е леплива и не е густа.подоцна ќе ти пуштам слика да видиш за која се работи.
Комбинирана кожа имам, ама во зима не ми е толку мрсна т-зоната. Сакам поприродно, затоа се залетав по Алверде. Иначе Боржуа најчесто користев досега, ама сакам да сменам.
Мислам дека треба да пробаш од алверде со црна пипка што е.. Таа мислам повеќе беше за комбинира мрсна со нормална. Јас имам нормална со сува..
Јас ја имам дома во Скопје и ја пробав двапати не е лоша како ефект нема голема покривност ама убаво изедначува. Јас имам комбинирана кожа и ми одговараше убаво ми легна...ова секако зависи од кожа до кожа. Пробај тестерче во ДМ, а и за цента која е и да ја земеш не губиш ништо а може да ти се погоди. Поздрав