Ми се допаѓа да ти кажам право Првиот пат кога ставив не го размачкав одма убаво и ми остана како флека зелена малку, па се прешминкував После сфатив, одма ставам, размачкувам(натапкувам поточно) и супер функционира Фала ти на препораката
Jas sum mnogu zadovolna od samponot od avokado a drugite od alverde gi nemam probano. Kako ste zadovolni od alverde kozmetikata? Mene mnogu grdo mi mirisaat pudrite sakav da kupam ama koga gi probuvav testerite odvratno mi mirisaa..
Не знам за пудрите, но имав еден коректор во кружно кутивче и после нецел месец мирисаше одвратно! Го осеќав мирисот и после неколку часа. А и беше леплив некако, па заврши во канта.
Девојчиња, кој шампон на Алверде го препорачувате за тенка коса која брзо се мрси? Не барам волумен само да не ми ја сплескува дополнително .
Ги имам користено овие два и забележав дека помалку ми се мрсеше косата. Сега зависи и колку време ќе биде потребно да ти се навикне косата, а и секоја коса реагира различно. Мојата ионака не се мрси за брзо, но не се скапи, па можеш да пробаш, да не биде дека џабе пари си дала.
Па искрено.. многу брзо ми се засити косата од него и одма го сменив, сега го користам Шампонот со Кофеин(погоре на сликата) и тој е СОВРШЕН, ти го препорачувам
Да кажам збор два за ЦЦ кремата. Според мене е дефинитивно за сува-нормална кожа. За масна не би ја препорачала. Малку е тешка и ја чувствувам на кожата (како хидратантна крема за сува кожа, така ја чувствувам на лицето). Има јак мирис што малку ме нервира, но исчезнува по час-два. Од друга страна, мислам дека е само една нијанса, но убаво се слеа со мојот светол тен. Мислам ќе одговара и за тие со малку потемен од мојот (Колку за споредба јас сум Хелти Микс 51-52 нијанса). Има мала покривност, убаво го изедначува тенот. Како што веќе кажав супер легнува на сува кожа, треба само брзо и рамномерно да се разнесе (размачка) бидејќи мислам дека може да се приметат потемни флеки каде што не е убаво размачкана. Исто така дава убав природен сјај на кожата. Сепак за тие пари и природен состав, и малку пракса за нанесување, ја препорачувам. Се надевам дека феминката која ме прашуваше ќе го види ова, бидејќи не можев да го најдам мислењето.
@Luminary Јас те прашував . Од опишаното мислам дека ке ми одговара, сува кожа имам. Фала на рецензијата.
@Avery Јас малку со закаснување, ама подоцна купив некои производи. Пената од Балеа со лотосов цвет и кремата во ниедно ДМ не ги најдов, барав во тоа на Градски Ѕид, ГТЦ и Сити Мол. Како замена, ја земав пената од Алверде со лимета и јаболко, пилингот од Балеа и маската Aqua. Пената иако убаво чисти и после употреба ми е меко лицето, малку ми го суши, истото ми се случи и со пилингот. После ставам кокосово и доколку е пред спиење, сабајлето носот ми се мрси. Искрено не знам каква кожа имам, ми се движи од нормална кон комбинирана. Маската уште ја немам ставено, се ја заборавам. Инаку, @Mishela и црната маска од Revuele никаде не можев да ја најдам, од каде ја купуваш ти?
Не ставаш некоја крема по миењето на лицето? Не знам дали мене ми го сушат лицето, затоа што не се случило да не нанесам крема... Ти ја препорачувам оваа, цела зима ја користам, за нормална кожа е и доста хидрантна. Верувам дека е истата како таа од лотосов цвет, но со променета амбалажа. Често го прават тоа во ДМ со многу производи. Инаку, ја имаат сменето амбалажата и на пената, сега вака изгледа: На неа не е нагласено дека е со лотосов цвет, ама мислам дека е истата пена. Мислам дека ти недостига крема во негата, затоа ти се суши кожата. Пробај со оваа од погоре веднаш по мињето на лицето наутро и навечер. Така пената и пилингот ќе ти одговараат повеќе и ќе можеш да си ги искористиш до крај.
@blueeparadise од ДМ ја купувам, околу 170-180 денари е. Би требало да ја има, скоро купив нова од ГТЦ.
@Avery Леле, таа пена во сите три ДМ ја видов, ама не знаев дека и е сменета амбалажата, јас па чуди се зошто нигде ја нема. Инаку, јас обично масла користам на лицево, ама во секој случај попрактично ми е крема да си купам, да не светам пред излегување. Инаку, @Mishela јас видов една маска од Revuele, ама не беше нагласено дека е со activated charcoal, и не знаев дали е истата, може и на неа и ја смениле амбалажата. Фала ви женски.
Женски само да споделам искуство, прајмерот hydro ми е мене совршен и не ми создава акни а инаку имам кожа премногу сколна кон акни, сакав да го пробам маслото од роза но на сите од мојот круг што го користеа им создаде акни, за другите производи од црвената линија - не знам. Алверде шампоните се супер , но например мене од нив веќе втор ден ми е мрсна косата
Не е сменета амбалажата, друга колекција е оваа со алое вера, ја имаше заедно со колекцијата на Балеа со екстракт од лотосов цвет. Мене таа многу ми одговараше, ама за жал ја нема, па се префрлив на колекцијава со алое, ок е, ама не е иста како таа со екстракт од лотосов цвет. Потешка ми е некако, кремот е потечен и полеплив, додека се впие е проблем, иначе е ок за кожата. И не ми одговара под пудра воопшто, што не ми беше проблем со кремата со екстракт од лотос... @blueeparadise @Avery
здраво, имам сува и чуствителна кожа па досега користев др.хаушка ама некако бре скапо ми е па сакам нешто друго да пробам, па дајте некој совет за кои препарати (за лице мислам)?