Можеш да ја земеш од роза на Алверде, или таа од маслинка во стаклена тегличка. Од двете сум задоволна а се околу 200-300 ден.
@Biodevojka сакам да те прашам нешто за кремите на Алверде. Мајка ми сака да си купи некоја за лице и околу очи (има 63 години) па има ли некоја баш за таа возраст наменета? Ја гледала таа со гоџи бобинки бидејќи пишува 30+ и се мисли дали да ја земе. За околу очи ја гледала оваа баш ако имаш некој предлог пиши ми
Здраво драга оваа за околу очи е убава. Има од истава линија ако не се лажам и за лице. Знам дека гледав еден крем за 50+ ако праша во ДМ ќе и го покажат. Не ми текнува точно како пишуваше ама можно е да е од истава линија како овој крем за очи. Поздрав.
@Luminary оваа кремава за под очи нова ли е во продажба на Алверде што си ја ставила на темата што последно си купив? Пратам една блогерка на инстаграм и многу ја испофали , кога ќе ја испробаш пиши баш каква е
Јас би рекла повеќе е како гел, во рол он, со метално топче. Не издржав и вчера одма ставив. Рано е да кажам било какви резултати. Очекувам барем делот под очите да ми биде похидриран. И јас читав дека го фалат, дека ги намалува и смирува подочниците. Јас до душа немам таков проблем често, само ми се темни, ама ако, баш да видиме Инаку чувството кога кружите со металното топче под очите е прекрасно. Освежително, како мини масажа на подочници. За тоа вреди гарантирам. Цел ден би се мачкала
@maaraa96 @Luminary девојки , дали можеби ја имате пробано кремава на Алверде со заштитен фактор за лице? Некаде прочитав дека е добра за мрсна кожа и дека нијансата е одлична за светол тен , па ме интересира мислење Дојдов да го пофалам прајмеров на Алверде. Ако имате црвенила на лицето одлично ги прикрива и имам приметено дека шминката е нешто подолготрајна со него. При крај ми е веќе , се надевам дека се уште го има во продажба (тогаш кога го купив само во едно ДМ го најдов ) благодарност до @Ginger^
Јас за жал ја немам пробано кремава, не би знаела да ти кажам. Во врска со прајмерот, одличен е, и јас го користам. Само мора многу внимателно да го нанесам бидејќи образите ми се суви, па да не се познава нешто. Ама подобар со добар состав не сум сретнала Исто додека сум тука да кажам за ролонот за подочници (во сино пакување), супер ми се погоди. Темните кругови ми ги снемува полека (дали сум наспана, дали е до тоа, не знам), ама го препорачувам, ако сте во можност пробајте го
Ниту јас ја немам пробано кремава, а и да ти кажам немам ни преметено дали ја има кај нас но треба да идам во Дм и баш ќе проверам, ако ја има ќе ја земам и ќе ја тестирам А инаку за прајмеров да ми кажете нешто повеќе? Па и него да го пробам
@maaraa96 зелена боја е , прикрива црвенила и некако мене ми го матира лицето имам барем такво чувство. Во врска со пори не помага , тоа сигурно. Ама добро наменет е сепак за црвенила ако имаш. Него јас да те позамарам малку знам дека ја користеше оваа колекција на Алверде и дека беше задоволна. Јас го имам пробано тоникот и гелот за миење лице , а флуидот не. Го матира лицето , може да ми кажеш нешто повеќе за него?
Јас имам црвенило на образите кое ми се јавува кога ми е топло. Обично успевам да го прикријам со пудра, ама се случува сепак да ми назираат румените обравчиња хаха. Ме интересира, погоден е да се нанесува на поголема површина? Лесно се покрива зелената боја? Затоа што за преку ден користам пудри со слаба покривност. Фала
Да, имам потрошено по две шишенца од тоникот и флуидот, конкретно за флуидот кај мене си ја вршеше функцијата, немам некои којзнае какви бубулици и акни (претежно ми излагаат пред да добијам и од храна како мајонез и такви некои високо калорични продукти) е сега јас го користам исклучиво кога сум дома и претежно навечер, нанесувам мала количина директно на местото или бубулицата и можам да ти кажам дека мене прилично ми ги суши, а порано имав проблем прво помодруваа па после ги снемуваше, сега без да бидат модри се сушат. Е зошто го употребувам кога сум дома? 1. Далеку од тоа дека матира, баш дава онака голем сјај и тоа ме нервира. 2. Кога и да го нанесувам него па пудра иако има благо кремаста боја, прави пудрата врз тоа место да изгледа како паштета буквално но пак ќе кажам, за употреба навечер пред спиење и сабајле убаво миење на лице и спремање за работа е супер, многу подобар од било што друго за акни што имам пробано. Се надевам ќе ти помогнам со моево искуство. Инаку јас како прајмер го користам плавиот серум од алги, прееедобро легнува пудрата врз него и дава баш добар изглед, мислам дека за тие пари вреди многу повеќе од некои поскапи што воопшто не си ја вршат функцијата. А за овој вие што дискутиравте сум во мисла дали да го земам затоа што приметувам дека образите во последно време ми се изразено суви и понекогаш на тие делови малце имам проблем со нанесување на пудрата помош околу тоа?
@maaraa96 јас користам од бебешката cold cream од Алверде на образите, чекам 2-3 мин да упие па ставам потоа пудра/бб крема. Премеки се, и нема веќе суви делови. Секако и пилинг еднаш неделно
Пилинг правам 2-3 пати неделно кога ќе приметам дека ми е ептен сува кожата на тие места, а за cold cream не знам колку ќе ми одговара заради камилицата, имам некоја реакција од неа одма ми поцрвенува кожата
@Avery ако убаво го размачкаш нема да се познава зелената боја под пудрата лесно се размачкува @maaraa96 од колекцијата со алги три пати го имам купувано гелот за миење лице и е најубавиот во живот што сум го користела. Овој е серумот? Сум го гледала на штандот ќе го пробам обавезно. А за флуидот од глина ништо тогаш баш и не сакам да ми свети лицето Мислам дека нема да ти направи проблем никаков прајмерот иако ти се суви образите некоја баш со сува кожа нека каже ако го користела прајмеров
Да тој е серумот прееедобар е и не сјае кожата од него. Јас го начекав одма кога излезе по некоја смешна цена 120денари, сега гледам 199 е, ама сепак за тие пари е Повеќе од солиден Ако го пробаш баш чекам да ми кажеш мислење А за прајмеров ќе почекам да кажат и другите за да решам Да или не
А овој го користел некој? Мислам има алое вера во составот. Тоа ми звучи добро и за суви и помасни делови од кожата
И јас го имам меркано овој ама бев скептик да го пробам инаку да со алое вера е ама не знам дали има и Плав ваков или ова му е нова амбалажа
Пред некој ден ја купив целата линија на алверде со гоџи бобинки. По три дена користење ми се нафрла долниот дел од лицето и вратот со ситни мозолчиња, а пред да почнам да ги користам овие продукти ги немав. Читав и по српски форуми и таму исто така наидов на случаеви како мојот. Единствено што ќе продолжам да користам е серумот за околу очи. Еве како изгледа нафрланото Спојлер