Ни јас не сум задоволна од маслото од дива роза. А за осветлувачот не го земав гледам сменето им е пакувањето но и формулата. Друг осветлувач каде да најдам?
Јас го имам зелениот прајмер и не бев задоволна, ми се лупеше кожата. Потоа читав дека прајмерот си е прајмер, а одоздола треба крема, јас ставав само прајмер. Може и до пудрата да било, тогаш ја користев тру меч, сега е буржуа така да може да испробам пак. Го зедов пред сѐ поради составот и немањето тешки хемикалии, досега немам ставано прајмери и чуда. И не го користев одреден период, па сега ќе почнам пак да го тестирам, вие ме поттикнавте.
Јас го имам користено. Пријатен е на лице ама ништо не прави за шминката. Самостојно, без шминка (затоа што пишува дека може и место крема) е сосема ок. Ама не е тоа поентата, нели
Не знам, јас го имам синото од зимата земено. Неделава во Тафталиџе го видов пак зеленото пакување. Иначе солиден е, јас дека скоро не користам пудра, првиот пат стваив и не ставив пудра почна да се лупи. Другиот пат ставив и пудра не се лупеше. Единствен проблем ми е што некако чуден мирис има и откако ќе размачкаш на лицето, одма почнува да се лепи малце, ама после исчезнува тоа.
Јас го користев само серумот и исто се нафрлив на лице само не до толку како на сликата. Кога го нанесувам прво чувствувам пецкање и чешање, после се нафрлам. Го тестирав на два пати по неколку дена и го фрлив не ми одговара.
Не ги користи , сигурно некоја состојка ти смета штом вака се нафрлуваш.. Јас серумот околу очи го имам користено и супер беше. Двофазното средство со гоџи бобинки исто вади многу убаво шминка , ама за осетливи очи баш не е (јас немав некој проблем , ама мнгоу се жалат дека ги иритира очите)
Фрлив се' освен серумот за околу очи и ок е, немам нус појави, а имам премногу чуствителни очи. Голем број од алајнери ме печат кога ќе ги нанесам на капакот, особено на голден роуз лајнерите, а истото ми се случува и со козметиката за вадење шминка, особено со мицералните води (жива глупост се). Порано и го*на да ставев на лице ништо немаше да ми биде, а сега што ми стана ваква кожата не знам... изгледа стареам Не ме печеше мене. Можеби ептен малку ме зачешка додека избиваа мозолчињата на кожата. А кога ќе ги нанесев кремите (дневна/ноќна) ги чувстував цело време на лицето како да ми тежат што е непријатно чувство. Јас сакам кога ќе се намачкам со крем да чувстувам леснотија, чистота и еластичност, а не чувство како маска да сум ставила.
Го пробав хидро прајмерот со буржуа хелги микс ама почекав 1 минута да помине она лепливото, а одоздола имав ботаникал од гарниер и мислам дека многу убаво ми легна, не ни беше сетирана со камена пудра, само што имам една прилично поголема пора(имам сува кожа, на друго место немам пори) и кога се погледнав во огледало како да ми беше преотворена.
Мене ме интересира дали се уште ја има пудрава Cover and stay во продажба? И ме интересира дали пудрава (на втората слика) некоја ја тестирала на масна кожа? Секое одење во Дм си викам ќе ја земам да ја пробам и така не е скапа и ме предомислува пакувањето (нанесувањето пудра со лажичката) @Glossy-girl тоа е оној прајмер со алгите во синото пакување што го зборевме погоре? Гоѕово , морам да го пробам
@Luminary @Glossy-girl Јас го имам истиов само сино пакување, не зелено. Спојлер Инаку, ако ви е за прајмер не го бива. Не ми прави никаква разлика, дури без него и подобро ми легнува пудрата. А онака за хидратација, ок е.
Случајно го забележав спрејчево за заштита на косата од топлина на страната на ДМ , дали навистина го има и дали некоја го користела? Пред некој месец кога го барав го немаше во продажба
Јас го користам овој со невен: Како млеко за лице е, што ми се допаѓа бидејќи не го суши лицето, всушност спротивно, го хидратира како да си нанела крема. Е сега, не користам многу шминка, само коректор, моливче и маскара, а тие ги чисти убаво. Цената на производов мислам дека е 125 денари (го користам пар месеци веќе, уште не ми се потроши, језда не користам многу шминка).
Јас сум задоволна и од оваа м.вода , убаво ја чисти шминката од лицето само на очи не сум ја пробала. Земи го за очи ова што ти го препорача @MissChievous па кажи како ќе си задоволна.
Не знам дали е истото но мислам дека поминувајќи онака блиц имам приметено вакво нешто, денес или утре ќе одам во дм ќе проверам точно и ќе те известам