Јас го имам пробано путерот за тело.. Нема убав мирис,малку потешко се нанесува, генерално не е лош, но сепак не прави чуда - има ист ефект како побогато млеко за тело. Не го ни искористив до крај,затоа што миризбата му стана баш одвратна - секако, претпоставувам дека тоа е поради недостаток на конзерванси во составот. Генерално - може да се проба со оглед на цената, но не е нешто wow...
@Biodevojka, дали успеа да најдеш течна пудра од Алверде на пример, погодна за комбинирана и мрсна кожа? На мисла сум да земам некоја за проба од Алверде онака како за преку ден, ама се плашам дека нема да најдам некоја доволно бледа нијанса како за мене. Обично користам (Light) Ivory и Vanilla нијанси, а пудрите на Алверде ми останале во сеќавање дека имаат малку оскуден избор, па затоа се двоумам. Mи падна во око онаа во стаклено шишенце, ама кога ја пробав од тестерот ми се виде премногу водлеста и непокривна, па се откажав.
Драга Мишела, јас онаа што ја користам е крем пудра компактна имам комбинирана кожа и мене перфектно ми одговара. Ја имам најбледата нијанса 010 која е баш како Ivory иако нешто друго пишува како light beige, а сестра ми ја користи 020 која е со жолт подтон. Инаку минералната пудра е супер за масна кожа, да знаеш како впива, пробај тестерче. Ај вака ќе направиме утре и онака треба да одам до дм да си земам нешто, па ќе ги разгледам сите пудри што ги имаат и ќе ти речам која според мене да ја земеш. Ќе се слушнеме утре. Поздрав.
@Mishela според бојата што ја бараш дефинитивно или крем пудрата 010 јас што ја користам или минералната во прав 01 и двете имаат порцелнаски тон. Инаку јас денес си ја купив онаа минералната во прав ја пробав пак од тестерчето и толку ми беше убава што не можев да одолеам. Имам намера да направам статија за споредба на двете пудри и ако не ти се брза за едно три дена треба да ја објавам на блогот со слики од ефектот врз кожата. И двете убаво покриваат (не премногу, природно прикриваат) и се одлични за преку ден. Поздрав.
@Mishela и сите останати кои се заинтересирани за пудрите на алверде, како што ветив направив една статија за покривноста и трајноста на две пудри кои ги имам односно минералната пудра во прав наспроти компактната крем пудра, со слики кога ја нанесов и по цел ден поминат со пудрата. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав Минерална пудра во прав наспроти компактна крем пудра Откако ги објавив статиите каков тип на пудра одговара според типот на кожата и потребите, добив навистина многу прашања каква пудра подобро издржува на лицето во однос на трајност, прикривност и хидратација за кожата. Јас моментално имам две пудри (минерална во прав и компактна крем пудра) кои лично ги користам и одговараат како за комбинирана кожа така и за сува (многу е важен и начинот на апликација), па еве ги ставив на тест, за да ви покажам како делуваат врз кожата и секако крајниот ефект по цел изминат ден со нив. Да започнеме со минералната пудра во прав. Онаа која јас ја имам ја има следнава декларација Kaolin, Mica, Zinc Stearate, Silica, Magnesium Silicate, Prunus Armeniaca Kernel Oil*, Isoamyl Laurate, Tocopherol, Tourmaline, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Helianthus Annuus Seed Oil, Ascorbyl Palmitate, Parfum**, [+/- CI 77891, CI 77499, CI 77492, CI 77491, CI 77163] Пудрава дава мат ефект на лицето поради присуството на каолин и силика во самиот производ, меѓутоа одлично прикрива проширени пори, односно ја намалува нивната видливост. Може да ви кажам дека ги минимизира малите брчки на лицето, затоа што минералите присутни во овој тип на пудра на нежен начин ја рефлектираат дневната светлина и даваат многу убав свиленкаст сјај и изедначен тен. Покривноста не е голема, би рекла дека има средна покривност и одлично ја оддржува кожата сува, во смисла дури и по цел ден со овој вид на пудра кожата нема воопшто да ви светне или пак минимално ќе светне (зависи од видот на вашата кожа). Ова е доколку ја користите пудрата таква каква што е, односно во прав со помош на една четка или пак сунѓерче (лично ги пробав двата методи и со четка апликацијата е доста полесна). Доколку имате комбинирана до масна кожа, нанесете ја пудрата на овој начин затоа што верувајте ми кожата многу минимално ќе светне и тоа веќе при крај на денот. Еве слика од пудрата кога ја нанесов околу 12 часот на пладне Еве слика од лицето во 23 часот навечер На втората слика кожата е благо светната само на челото, меѓутоа е доста сува кај носот и образите, што верувајте ми не е секогаш случај со оглед на тоа што со некои пудри знам да светнам како лампион. Доколку имате сува кожа, пробав два начини на апликација на овој производ кои се одлични за да го потенцираат крајниот ефект на сјајна и убаво изедначена кожа. Едниот е доколку пудрата ја нанесете со додаток на термална или обична вода или тоник за лице. Четката намокрете ја со малку вода или испрскајте малку термална вода или тоник, па земете малку од пудрата. На овој начин нема да ја чувствувате кожата дека ви затега, а сепак ќе имате убав изедначен тен и природен сјај. Вториот начин е оној за кој веќе имам говорено, односно масл дел од пудрата помешајте ја со вашата дневна крема за лице и со помош на прстите нанесете ја на лицето. На тој начин кожата ја добива целата потребна хидратација од вашата крема плус сите бенефиции од минералната пудра во прав. Подобро не може да биде!!! Кога станува збор за компактната пудра онаа која ја имам јас ја има следнава декларација Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Magnesium Silicate, Tricaprylin, Mica, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Euphorbia Cerifera Cera, Cera Alba, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Copernicia Cerifera Cera, Rhus Verniciflua Peel Cera, Silica, Hydrolyzed Silk, Tocopherol, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Caprylic/Capric Triglyceride, Parfum**, Linalool**, CI 77891, CI 77492, CI 77491, CI 75470 Јас најчесто ја аплицирам директно со сунѓерчето кое е во самиот производ без да го мокрам со вода. Текстурата на оваа пудра е доста богата и кремаста и има одлична покривност (за нијанса подобра покривност од минералната), а делува сепак природно. Кожата има убав природен сјај. Што се однесува до светењето кое обично се појавува кај масната кожа, морам да напоменам дека кај мене лично добро издржува меѓутоа ова е секако индивидуално. Подобра од овој аспект е минеалната пудра во прав која одлично ја оддржува кожата без да светне, затоа што оваа по неколку часа може да направи кожата малку да свети (доколку имате помасна кожа). Многу е важен и изборот на крема за лице која ја користите. Еве ја апликацијата во 12 часот на пладне Оваа крем пудра дава неверојантен сјај на кожата и изглед на здрава кожа. И еве по скоро 11 часа односно во 23 часор навечер На крај направив експеримент користејќи ги двете заедно. Најнапред ставив тенок слој на минерална пудра само на Т зоната, а врз неа малку од комактнава. Резултатот беше фантастичен. Пудрата навистина долго траеше, кожата светна минимално, а покривноста е поголема отколку двете пудри посебно. Секако ова е одлично за вечерно излегување или доколку имате потреба од поголема покривност. Ете, ова е моето искуство со пудрите, а вие секако во согласност со вашите потреби и можности изберете една, или пак двете заедно за подобар ефект. Поздрав и се читаме наскоро. Вики
Вчера барајќи нешто во ДМ забележав дека сетчево кое го меркав подолго време е на 40% и си го земав. Девојки идеално е!!! Во едно имате сѐ она што ви треба за шминкање ако сте надвор, доволно е малечко и за во ташна. Сенките се навистина многу убави благо светкави особено светлата, сјајот/кармин ако ставите еден слој е како сјајче или обоено лабело, два слоја веќе претставува кармин за преку ден. Камената пудра е супер, многу слична на онаа која ја имам дома. Што да кажам сетов беше полн погодок. Моментално е 265 денари на попуст. Еве го испробав за да ги видите боите, и што е најважно пред малку се вратив дома и шминката е супер, сенките не се собираат во капаците. Од мене има 10/ка.
А да ја пробаш минералната течна пудра, јас ја имам најсветлата нијанса 01 naturelle, и е баш светла неутрална, а и мене ми е ок за комбинирана кожа.
ок следно нешто ќе ја земам е токму неа. Имам еден куп пудри на алверде ама ајде и оваа наскоро ќе се најде на дневен ред.
Па не се скапи, може да се ексериментира со нив и да не се погоди, не е страшноЈас ги имам минералната течна и Cover and stay, и од двете сум задоволна, само втората ја користам само за навечер и посебни прилики зошто и навистина покривна, а не ми треба многу покривност мене, па за преку ден ми е одлична минералната, исто ја имам пробано и Color and care make up онаа во тубичка, но од неа не бев ич задоволна немаше никаква покривност, а и ми се лупеше. Сега уште крем пудрата и минералната во прв планирам да ги пробам. ,
Јас моментално ја имам течната минерална пудра на Алверде и морам да нагласам дека остава траги при допир. Тоа и е според мене најголемата мана на пудрата. Не знам каква е кога ќе се фиксира со камена или пудра во прав, ќе тестирам тоа во иднина. Инаку настрана тоа и малку специфичното размачкување, пудрата дава одличен изглед. Кажав и во друга тема, многу пати до сега добив комплименти за тенот. Воедно сама си чувствувам придобивки на кожата, затоа што од кога ја користам оваа пудра заедно со кремата од роза на Алверде и кокосово масло пред спиење, лицето ми е хидрирано, свежо и мазно, буквално без никаква фалинка...секако ако не ги сметам подочњаците со кои веќе се помирив. Нареден пат ќе пробам некоја друга, најверојатно за Cover and stay ќе се одлучам, само не сум разгледала баш како стојат со нијанси.
Здраво девојки! Ја земав минералната пудра на Алверде, но никако не можам да ја размачкам. Имам суви образи и мрсна Т-зона. Го користам хидратантниот крем од Алверде од авокадо па врз него ја ставам минералната пудра, но штом ја размачкам веднаш ми се суши на лицето и се создаваат ронки не знам дали е до кремот или навистина не знам како да ја размачкам. Некој совет? :? Ви благодарам! Поздрав...
Здраво драга, која минеална течната или во прав? Таа во прав лесно се нанесува со четка или сунѓерче, а за течната не знам ја немам користено. Поздрав.
Пробај да ја нанесеш без крема да видиш како ќе биде. Мене минералната ми е супер и со крема и без, јас за под пудра ја користам матирачката крема со лимета и јаболко. Инаку мене вака ми беше кога ја користев Color and Care, ниту покриваше ни малку и исто и ми се лупеше и не ја користам веќе.
Ронките ти се создаваат од хидратантниот крем, пробај со некој друг, или стави некое масло кај што ти е сува кожата, ама минимално.
Течната минерална пудра е проблематична за размачкување додека ја научиш. И јас мислам дека е поради хидратантниот крем, затоа што кога не е целосно упиен се прават грутки при обид да се размачка пудрата. Истото се случува и ако користите поголемо количество пудра од тоа што ви е потребно. Јас на пример класична пудра, ставам во дупло поголема количина од оваа па затоа од навика имав потешкотии на почетокот. Инаку пробав да ја нанесувам и со сунѓерче и со раце, ок ми е и вака и така. Плус ставам сосема мало количество, дури помало и од зрно грашок и верувајте мене ми е доволно за да ја разнесам цела таа количина на лицето и скроз малку накај вратот. Да напоменам јас немам апсоултно ништо да покријам освен подочњаците за кои дополнително користам и коректор, па само добивам свеж тен, убаво изедначен и дискретен сјај поради самиот состав на пудрата.
Да пријавам само дека од денес е на попуст путерот за коса од авокадо- 159 денари (од 209 денари) и моливчињата за очи- 69 денари (од 99денари).
И јас ја користам течната минерална за преку ден, но и мене ме загрижува алкохолот, јас ја користам или без крема како подлога или со матирачката од лимета и јаболко, но и таа има алкохол на висока позиција.Што мислиш ќе делуваат ли штетно поради алкохолот? Исто ако можеш да препорачаш некоја крема лесна како матирчката, но која нема алкохол на висока позиција? Еве го составот на таа од лимета и јаболко: Aqua, Alcohol*, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Helianthus AnnuusHybrid Oil *, Cetearyl Alcohol, Distarch Phosphate,Butyrospermum Parkii Butter*, Malus DomesticaFruit Water*, Myristyl Myristate, MicrocrystallineCellulose, Citrus Aurantifolia Fruit Extract*,Glyceryl Stearate, Glyceryl Stearate Citrate, XanthanGum, Calcium Alginate, Sodium CetearylSulfate, Parfum**, Limonene**, Citral**,Linalool***ingredients from certified organic agriculture**from natural essential oils
Здраво драга според мене пудрата треба секогаш да се нанесе над кремот затоа што на лицето мора да му дадеш најнапред соодветна нега а потоа соодветно прикривање. Како што имам напоменато и во статијата за алкохол кај некои не смета додека кај други да, зависи од тоа колку е чувствително лицето, сите сме различни. Дали сакаш предлог за матирачки крем од истата марка алверде или од друга? И до која цена? Поздрав.