Јас го купив заедно со лосионот, но ако имаш чувствителна или сува кожа може да пецка бидејќи содржи алкохол. Го користев само за Т-зона за чистење на порите.
Кремата од камилица со сино капаче горе за каква кожа е, можам да ја користам за нормална/комбинирана кожа, сакам заедно со пената да ги земам..?
Реално, дур не пробаш на своја кожа не можеш да знаеш. Еден куп членки се презадоволни од него, јас го зедов и ме нафрла, па го дотрошив употребувајќи го на тело.
Мене ми е супер, не знам кое шише по ред го купувам. Ама ќе се согласам дека маслово не е баш најдобар пријател со секој тип на кожа и знае да даде рекација некогаш, па пробај го без некои големи очекувања на почетокот и не на цело лице. Ако приметиш нешто невообичаено, ќе го баталиш.
мене тој од авокадо ми е супер во комбинација со hair food маските на гарниер и млеко за коса на балеа. мислам дека ми расте побрзо а и генерално ја чувствувам поздрава косава
Да ми препорачате добар пилинг за осетлива кожа? Околу носот ми се прават како лушпи и кога ставам пудра многу лошо личи па затоа сакам да направам ексфолиација