Добро, дали ви се случило маслото од дива роза на Алверде да смени боја, конзистенција и мирис? Последново пакување го имам месец дена, ок си беше, жолто, густо, на роза мирисаше. Сега мириса на обично масло, бело е скроз и како да е ретко. Рокот му е до 02/21. Се чудам што му стана. Последен пат ставив пред една недела, сега ева пак, ко да не е истото масло. А не ми е првпат да го купувам, три четири пати имам досега купено и сите докрај ги искористував. Ова ни до пола не е, а изгледа се расипало
Каде го чуваш? Да не ти било ептен изложено на светло/топло па се ужегнало? Се случува некогаш, гледај да го чуваш на темно, постудено место, за секој случај.
Во тоалет го чувам, поладно е таму, и на темно е, во кутија. Исто го чував и претходно, немало никаков проблем. Не знам што се случи овојпат. Го фрлив секако. Си купив масло од смил на Оливал, за промена
Девојки во кое ДМ ја има оваа пудра нијанса 20 almond? Во flatiron и во Кисела Вода дрогеријата ги нема, останата е само нијансата 05.
^^ Колку што знам таа пудра одамна не ја носат. Есента ја барав и тогаш имаше само по некоја останато.
Им пишав по препорака на @koritsaki, но за жал ја немаат и нема да ја носат. Ви благодарам на одговорите. Доколку знаете некоја алтернатива за органска пудра да ми препорачате, само не на Хаушка некако не ми се погоди.
Zenski gi donesoa parfemite na alverde vo dm,ako proba nekoja neka pise) Oko mi fati toj od vanila i uste eden sumsko ovosje mislam ne sum sigurna
Здраво ме интересира некој што има користено пудра за лице на алверде колкава покривна моќ има и дали се добри пудрите од оваа козметика ?
Дали откако ќе го нанесете маслото од дива роза ставате крема после тоа или маслото само по себе е доволно? @Mishela Еве ќе те означам тебе пошто знам дека имаш пишувано за него ама може да одговори било кој што го користи маслово
Маслото е погусто од крема, затоа подобро крема, па масло. И како што пишала Мишела, не ја скокај кремата.
Знам за кремата дека се нанесува на кожата додека не е потполно сува, за масло не сум слушнала. Можеби се мисли додека кремата не е потполно упиена во кожата. Ако ставиш крема врз масло, корисните состојки нема да продрат бидејќи маслото прави филм врз кожата. Затоа секогаш оди на крај.
Земав два од парфемите едниот е Freudensprung, а другиот е Wunderwelt. Првиот е овошно-цветен, нежен, благ (не премногу, така што е погоден за секоја сезона според мене). Нотите му се: бадем, шумско овошје, лилии, роза, праска, ме потсеќа на миризливите ливчиња како мали што ги собиравме како колекција ама 2 саати преку сила трае на кожа за жал. Како и да е оти ми враќа некоја носталгија не е страшно... Вториот Wunderwelt е доста потежок есенски/зимски, нотите му се: ванила, кедар, портокал, цимет, лаванда и трае подолго од другиот. Не е препорачлив за луѓе што не сакаат потешки мириси. Во врска со мирисот ок се двата секој треба да проба лично за да види дали му се допаѓаат. На wunderwelt трајноста му е солидна иако сега е малку тежок за носење. Ми се допаѓаат пакувањата на парфемите. Се на се ок се, средна оцена.