(не знаев каде да го поставам прашањево) Дали маслото на Алверде од дива роза е погодно за комбинирана кожа?
Мене не ми се погоди. Можеби за сува подобро би било. Имам комбинирана и чувствителна кожа, ми направи црвенило и брунки.
Мене ми одговараше. Битно е да се нанесе на влажна кожа, после маслото не ставав крем никогаш. Само навечер го користев, кожата ми е супер од него. Го сменив со маслото од смиљ на Оливал, искрено, поубаво ми е.
Многу се израдував кога го видов алверде сталакот пополнет со декоратива Конечно се враќам на омилените пудри, руменило и слично. Се мислам помеѓу порцелан и ванила нијанси, од кавер фаундешјнот. Обично ги користам најсветлите нијанси, и од алверде секогаш најсветлите. Но оваа ме чуди, оти слабо гугл ми дава споредби помеѓу Порцелан и останатите.. Ја користела ли некоја ?
Пред 2-3 години прочитав на форумот за една течна пудра од Алверде во стаклено шишенце, баш и ја препорачав на другарка ми ама она не беше задоволна зошто има мрсна кожа. Јас ја ставив, и иако нијансата беше потемна од мојот тен, совршено се размачка и ми се вклопи. Е сега, не можам да ја најдам која е. Пребарував на темава, ама ко да не ја видов.
Некоја од овие две? За жал често ги повлекуваат пудрите , излегуваат нови. Јас таа cover ја користев и беше многу убава ама оддамна ја нема
@koritsaki Не, не беше ваква. Баш сега пишав на нет Alverde liquid foundation, и само оваа ми излезе во вакво шишенце, значи таа ќе да е ти што ми ја кажа. Стварно не знам зошто ја повлекле, лично мене многу ми одговараше, и бојата и покривноста, чувството на лице, дури и подочниците убаво ми ги покри. А да ми препорачаш некоја друга течна пудра од Алверде? Со средна покривност, да не биде тешка на лице, може да има таков glowy финиш. Имам во главно нормална кожа.
@blueeparadise таа на сликата што ти ја постира е за нормална - комбинирана кожа , ама нема glowly финиш. Друга што ја имам пробано е оваа во туба и одговара за тие со нормална накај сува кожа бидејчи мене за брзо време ми засвети лицето , не е за мрсна кожа. Можеш оваа да ја пробаш. Да ти кажам искрено немам идеја што пудри има сега донесено во ДМ од Алверде зошто од септември немам одено во Мк , ама ете мислам дека оваа во туба ја имаше уште.
Пак јас. Да не знаете дали ја има кремава уште во ДМ, и ако некој ја има користено како сте задоволни?
Ништо не сфаќам од декларацијата. Наликува амбалажата на таа од дива роза што им е за сува кожа. Оваа од што е, дневна крема ли е исто, за каков тип кожа?
@Dream-Girl Да, да дневна крема е, инаку за "усовршување", рамномерен, убав тен. За кожа како порцелан. Тоа можам да разберам. Не знам за каква кожа е, јас имам во главно нормална кожа и скоро секакви креми ми одговараат. Еве ова strahlender, radiant значело.
@tinka-mace Дневна крема е, и пишав на Дримка горе за што е. Може секој да ја користи, не е анти ејџ. Сега бев до ДМ во Веро Џамбо и ги прашав за кремава, и ми покажаа слична крема, само сликата беше различна и наместо дневна крема пишуваше color correction и горе CC cream... И сега не знам дали е истата, ако некој знае нека каже.
Јас мислам дека е тонирана крема. И не се сеќавам убаво ама како да ја користев пред некоја година, само не сум сигурна дали е истата. Мислам фина беше, не ми остави некаков посебен впечаток, баш како ББ крема. Само ако добро ме држи сеќавањето, малку беше потемна, мислам нема да одговара на многу светол тен. Во ред беше, ама не доволно да ја запомнам или да ја купам по втор пат.
Јас ја купив пред околу 2 месеци во DM Point Park, само ова шишенце некако потешко ми се размачкува, не знам може е и до блендерот...
Дали некоја од вас користела производи од оваа линија на Алверде? Овој серум има пептиди па би сакала да го пробам.