Го купив стикот од Алверде со лимета и жалфија мислам беше, ич не сум задоволна. Сабајле се избањав, ставив од него, ај што мирисот одма се губи нема врска тоа ама после неколку часа се приметив испотена и веќе ми мириса потта, не премногу ама сепак. Што ќе биде цел ден ако си надвор активен, вечерта кога ќе се вратиш цел на пот ќе мирисаш... Дезодорансот подобар ли е барем него да го земам?
Не е нешто поразличен, скоро па исто е како стикот. Имаш слични природни варијанти - во Лаш, како сапунче е, Аромако, околу 500-600 денари за 100г, а трае долго, и Ben&Anna во ДМ и Белина, околу 500 денари, трае нешто пократко. Јас лично сум задоволна од двете, од Аромако за нијанса повеќе, поточно затоа што трае подолго време. Второто за два месеци се троши отприлика, а Аромако може и до 6 месеци па и повеќе да трае, а доволно е еднаш дневно да се мачка. Во однос на издржливост се тука некаде, со тоа што Аромако има понеутрален мирис, а Ben&Anna имаат повеќе различни варијанти, со различни мириси, а има и сензитив опција.
Дали Алверде маслото со дива роза е повлечено од продажба? Бев да си докупам креми за лице и тоник, пакувањата на целата колекција со дива роза се редизајнирани и има крема за околу очи која мислам дека претходно ја немаше, нова е. Маслото го немаше. Не знам дали само им се потрошило или го повлекле. Ако можеа да направат ваква глупост, ќе си пукнам.
И јас приметив дека го нема, ама може е моментално, зашто се случувало и со други производи. На официјалната страна на Дм уште го има, така да, се надевам дека ќе го донесат кај и да е.
Колекцијата од дива роза. Додуша, јас само ноќната ја користам, сината, и ќе продолжам. Дневната ми е некако тешка за врз неа пудра, но многу членки ја користат за преку ден. Сега има нова колекција од роза, но не ми е пробана. Ноќната ми е при крај, секако ќе ја земам новата да ја пробам, а добро би било и дневната да е полесна па да ја користам.
Најубава крема од Алверде ми е Ултра сензитив за суво лице како моето е топ. Претходната година ги купив маслото и кремата од дива роза и ми се нафрла цело лице и мирисот некако ми е одвратен.
Зависи каков тип на кожа имаш. Јас ја имам користено кремата со јаболко и лимета, за нормална до комбинирана кожа, има матирачки ефект, многу убав мирис има освежителен и лицето ми е премеко после нанесување. За сува кожа, јас го имам маслото од дива роза и преубаво мириса, а гледам и кремата ја фалат. Имаше и една крема за многу сува кожа ми се чини, со камилица, фино мирисаше и стварно си ја вршеше работата.
Зависи каква кожа имаш. Јас ја имам користено таа со алги и хијалуронска киселина (бела со сино) едно 2 години може, и баш ми се свиѓаше. Ама не е многу матирачка, а јас имам мрсна кожа, така да не ја користам веќе.
Здраво, би сакала да ве прашам дали имате искуства со шампонот на алверде од маслинка за оштетена коса? Мислам дека е малку поскап па ако некој го користел да ми каже мислење
Знае ли некоја од вас дали ги има се уште во ДМ осветлувачот и другово за затемнување на пудра? Поточно ова за затемнување ми треба едно време ги немаше , па пак ги донесоа ама дека не ми требаше не земав..