Јас ја користам XXL зелено - црна, малку се размачкува ама убав волумен дава на трепките. Ако ти е нешто од корист искуствово. А тие не сум ги пробала. Дечки, ја користел некој и како е задоволен?
Убава е и нежна. Ја купував неколку пати лани. После тоа ја пробав и оваа и за нијанса повеќе ми се допадна. Во секој случај за цената се одлични
Јас вчера го купив шампонот, беше на попуст, 110 ден мислам, но сеуште го немам пробано. Штом го пробам веднаш ќе те известам
За чудо од брендов ретко што ми се погодило и мене. Кремите за лице само океј им се. Друго ништо не користам.
користам и ја крема од јаболко и лимета со мат ефект, добра е. А и маслото од дива роза ми е убаво многу посебно за масажа на лице. Денес го пробав шампонот и што знам, волумен немав баш. Мислам дека повеќе сјајност и даде на косава. Е сега зависи и каква имаш, ама мене лично најубави ми се од афродита лук или коприва и wash&go лаванда и најмногу волумеен ми даваат.
Јас го користам како маска. Ставам на косата пред капење 1-2ч да одстои. Имам пробано и како регенерстор ама мене не ми се допаѓа така, како да не можам да го измијам само со вода.
Објавија они навреме од кога ќе почнат со реновирање, така да брзав да си обезбедам се што ми требаше од таму
Првата(белата) ја пробав од другарка и можам да кажам оти е чудо против масна кожа. Еднаш ставив на веќе светнато лице(и плус жешко време) и цела вечер лицето ми беше МАТ онака убаво и нежно мат. Дали некоја ја има користено од истатата Минерал линија течната пудра? Околу 200ден. е течната, а прав пудрата околу 250ден.
Препорака за добра пудра/BB крема или CC крема (и коректор) од Alverde? Или евентуално друг бренд ама да е во таа бранша на поприродни состојки, со поубав состав барам. Полумат финиш, односно да не е ни full мат, ни многу сјајна, се измеѓу одговара
Овие две пудри ги има во ДМ , таа со зелено капаче е полу мат, другата не е мат ни па сјајна, ако ти е помрсна кожата треба да ги сетираш. Други пудри до супер состав имаш на Lavera во продсвницата кај Настел https://www.bellina.mk/p/3670/liquid-foundation-techna-pudra-za-litse-30-ml?categories=114
На сајтот го има маслото од рози, а по рафтовите никако не го гледам. Пишете ако го начекате во некое ДМ, сакам да се вратам на таа прва љубав, ми се вратија некои спомени ( колку убаво ми пријаше на лице за масажи)