Ја купив некоја крема за сува кожа(200 ден ми се чини беше) ене ја не отворена страв ми е да ја ставам на лице
Баш е природна цела козметика на Алверде. Повеќе креми имам пробано, мене сите ми се погодени. Единатвена мана им е што повеќето содржат алкохол. Прочитај (со аутотранслејт) за конкретниот крем на нивната германска страна имаа еднен куп рецензии за секој артикл.
Па самата Алверде линија е декларирана како природна, што не значи дека е 100% природна туку дека поголем дел, обично над 90% од состојките се природни. Конкретно за алкохолот, не сум истражувала кој точно алкохол го користат, секако може да е и природен, не мора да се работи за дериват, но сепак само знам дека голем дел од производите го содржат.
Бидејќи не сите алкохоли се лоши. Ако е за така и la roche имаат алкохол во некој од нивните производи ама е убаво објаснето зашто и дека не е штетно и дека е дерматолошки потврдено. Повеќето се лоши и забранети искрено не можат ни да ги донесат тука ако е до толку иако за жал ги има. Но се додека немаш сензитивна кожа па да избувне немаш проблем и секако додека е меѓу последните состојки. Јас искрено ги избегнувам секакви алкохоли поради тоа што имам премногу сензитивна кожа . Може слика од кремата? Ќе ги истражам точно состојките и ќе те известам .