Јас сакам да земам шампон на алверде ама кој би бил добар затанка коса без волумен која брзо се масти?
Дали некој ги користел кремата на алверде q10 и пудрата? Дали се добри? (инаку сликава е претходниот месец, да не се буниме со цените ) би сакала да ги пробам па дали вреди да се купат
Јас ги имам користено, пудрата уште ја користам, не е многу покривна, мене ми е ок, ама немам некоја проблематична кожа. И кремот ми беше ок, хидратантен.
Ако не ти треба голема покривност пробај ја оваа. Јас сега ја купив и вака за почеток фино делува. Убав свеж и здрав сјај на лицето дава.
Лани ги немаше овие производи на Алверде со заштитен фактор, годинава гледам ги донеле @Biodevojka дали може твое мислење за составот на производот?
Извини јас што се умешувам, ама јас ја имав кремава и ич не бев задоволна, беше како да сум се намачкала со паштета, буквално бев портокалова и никако не се размачкуваше и не се упиваше. За да упие и за да изгледа колку толку убаво треба да ставиш многу мала количина, ама тоа не е поентата на СПФ крема, посебно не ако си на плажа...
Здаво дага формулата како формула е убава како единствен филтер е присутен титаниум диоксид кој е обложен со алумна така да штити и од УВА и од УВБ. Мора да кажам дека кремите на Алверде оставаат бела трага, особено ако влезеш и во вода (на плажа) не може да ги измиеш од себе. Тоа им е единствена маана инаку како формла се ок. Земи го овој кој не отава бело а мног е убав или овој кој моментално е на попуст и кошта 428 мкд
Део кремата е доказ дека евтин производ работи ефикасно. Пазувите ги остава свежи, макар и да се испотиш, не пропушта мирис. Други производи од брендов не сум пробала, ама кремата позитивно ме изненади.
Имам пишувано неколку пати за деостикот на Алверде и Балеа. Јас ги користам неколку години. Иако, за жал, им е смената структурата моментално, по цврсти се од порано, сепак мене ми се одлични. Предност би дала на Балеа поради поизразениот мирис, Алверде скоро и да нема никаков мирис. Би ти препорачала да го пробаш прво деостикот на Балеа.
За што конкретно го користите маслото од дива роза на Алверде? Некоја препорака за нешто под очи, како уморна да ми е во тој дел кожата и да почнува да ми се брчка?
Јас го користам околу очи, во замена за крем за околу очи. На чело ставам и на вратот, како последен чекор од рутината за лице, значи маслото го нанесувам после кремот за лице.
Не би рекла дека какво било масло може да помогне во повлекување на веќе настанати брчки. Освен ако не се работи за брчки кои се појавиле од недоволна хидратација на кожата, тогаш можеби има шанси да се потсредат. Најмногу го користам затоа што ми се допаѓа како ја храни кожата, многу хидратантно и' делува на мојата кожа и со години го користам со мали паузи понекогаш.
Сензитив 24 е преубава крема нежна не е тешка.Јас ја користам таа со роза и баш е убава,мислев масна ама не таман е.