@mermaid8989 Јас оваа ја користам моментално Преубава, негува, ставам по малку зошто тзоната мене ми е помрсна. Би им дала шанса и на другите креми, ја меркам таа со камилица. Туку јас дојдов да ја пофалам течната пудра. Веќе едвај вадам со шпатулата зошто ја користам една година сигурно единствено многу ме нервира ова пакување ама пудрата е од-ли-чна! Покривна, не мрсна , јас секако го сетирам лицето со малку камена , нијансата е најсветлата 010. Покривноста е одлична а не се чувствува тешко на лицето. Голема препорака за нас со мрсна кожа. Не би ја земала пак кажав поради пакувањето. Наредно ќе и дадам шанса на таа серум пудрата , некоја членка ја,имаше пофалено. Моливчињата се прекрасни исто, пигментирани, убави нијанси. Камена пудра од Алверде од која сте задоволни , препорака? @blueeparadise спф кремата е портокалова? Не се упива? И за таа од 30 и 50 спф збориш?
@koritsaki што цена има пудрава? Јас го имам истото руменило и баш ми се погоди, ми се допаѓа како му прави лифт ап на ликот, дава свежина нијансава.
Мене ми е премногу густа, ја потрошив ама второ пакување не купив. Поретко се шминкам, така да не оксидира, покривна е, ми траела и цел ден без ништо друго, ама пакувањево нехигиенски. Ја нанесувам со прсти (не можам со ништо друго пудра да нанесувам и тоа е) и многу многу е густо паштетеста. Можеби би била подобра ако се меша со крема или со некоја потечна пудра. Штета што Алверде не поработел малку на формулата и амблажата, би се продавала ко алва.
@Mishela околу 300 и нешто денари (ако сум грешка некој нека ме поправи) @Abel Да густа е, а ја нанесувам со сунѓерче , така најдобро ми се нанесува. Штета за пакувањето навистина.
Го купив овој серум за трепки. Го има некоја користено да сподели искуства? Вака на прва употреба, не пече на очи, а за ефектот ќе видиме. Баш фина цена имаше, 170 денари така нешто.
Вие што ги користите кремите со роза, на мрсна кожа одговараат ли? Се мислам помеѓу тие и таа со јаболкото. Ги имам користено тие со q10 но ми беа тешки на лице. И таа ultra sensitive иако ја потрошив исто ми беше тешка.
Јас ја користам со роза,малку е помрсна ама после ретинолот навечер ми е таман.Впива убаво,не светам,а и да ја земеш не е нешто што нема да прежалиш,не е скапа.
Дневната со роза е супер, мене само Т-зоната знае да ми се мрси, па ми одговара кремава. А ноќната крема е доста потешка. Мене (ноќната) ми е идеална во зима и ја користев долго време по цела зима, секако само во вечерната рутина. Би ти препорачала да пробаш прво со дневната, ако ти е ту мач за наутро, можеш да си ја користиш како ноќна крема.
Ви благодарам @Mishela @simona_baby ќе одам во ДМ после и ќе разгледам. Туку минативе денови приметив во Веро центар во тој ДМ кога бев дека ја нема кремава за лице. Некој да не ја има видено на др место?
Овие производи ги земав денес. Карминот е врв боја , многу ми се допаѓа. Не е црвен, некоја портокалова боја. Пудрата и бронзерот ги немам пробано. Слушнав добри коментари. Ноќната крема со q10 е добра дневната ми беше тешка затоа не ја земав. Оваа со алги ми беше лесна и ја земав ко за дневна. Ако ја видете и таа со јаболкото некаде во молам да ми кажете.
@koritsaki пиши впечатоци за серум пудрата кога ќе ја пробаш, ме интересира каква е. Јас периодов сум заљубена во сè што е лесно, со некоја нежна формула што не мора да покрива нешто премногу, туку само благо да го изедначи тенот и да ми даде малку боја што се вели. Ако ова е нешто од тој тип, а претпоставувам дека е, би му дала шанса. Топ се Алверде со декоратива и препаратива. Некогаш знаат да утнат со формулата кај пудрите и да бидат паштетасти, но тогаш обично ја спасувам ситуацијата со тоа што ја мешам пудрата со малку крем. Единствено маскарите нивни не ми се допаѓаат, од другото сè може да се каже дека ми било многу солидно.
И со крем не помага тоа, фрлив две пудри на Алверде после прво ставање. Ептен паштетасти се. Јас ја загледав тонираната крема со ретинол ефект, се мислев дали да ја земам. Позитивно е што е мало пакувањето, па да не ти е мака и да не ти се погоди, ама смачено ми е од купување работи што испаѓаат тотална утка. На овој серум мислев, а јас крем пишав.