@Ginger^ Ми пиша уште кога ја земав дека сакаш рецензија, па после едно две неделно користење да напишам збор два. Декларацијата вели крема за миење лице со лековита кал. Пишува дека е за нечиста кожа, против акни и митисери. Ги намалува постоечките нечистотии и иритаци на кожата и ја спречува нивната појава. Ја користам веќе две недели, скоро секој ден. Ја нанесувам на сунѓерчето од Ебелин за чистење на лице и со лесни движење ја нанесувам и го чистам лицето. Има пријатен мирис, и остава чувство на свежина. Е сега колку помага за митисери и акни, не би можела да кажам дека сум воодушевена. Да, лицето ми е малку почисто, и ми се смирија некои ситни внатрешни бубулички, но митисери се уште ми се појавуваат и по некоја ситна акна. Можеби би требала да ја користам целата линија за нечиста кожа, за да има повеќе ефект. Ја користам кремата за лице исто на Алверде за комбинирана кожа, па можеби и тоа има влијание. Ми се допаѓа, ќе продолжам да ја користам, се надевам ќе земам уште некој продукт од оваа линија, па можеби ќе имам поголемо дејство.
Од декларацијата може да ти кажам дека ја чисти кожата без да ја суши, затоа јас секогаш ја препорачувам за масна кожа. Погрешно е да се користат производи кои сушат. Може ли да ми потврдиш дали откако ќе го измиеш лицето кожата затега или ја чувствуваш убава и свежа? Што се однесува до црнки само зелена глина е спас. Верувај ми. Јас последниов месец дена користам маска од зелена глина (онаа која ја објавив во темата нечиста кожа) само на Т зоната не на цело лице, три пати неделно и мора да кажам дека сите црнки ги вади. Нешто неверојатно. Поздрав.
Одлична ми е Биодевојка, не ми ја суши воопшто кожата, многу ми е лесна, и мека ми е кожата откако ќе ја измијам. Ти благодарам, ќе ја погледам тогаш таа маска за црнките.
Дали сте ги користеле новите проиводи за потемнување и осветлување на пудра што се во тубичка? Конкретно ме интересира за кафеното, дали дава природна боја кога ќе се помеша и каков подтон се добива?
Уште пред неколку месеци ја имав пробано Cover and Stay пудрата на рака, и нијансата ми се виде пресветла. Ама деновиве купував сваштарии, а и онака евтина е па си ја зедов, и онака бев во план да ја измешам со друга. Два минуси, премногу брзо се суши, ако не се избленда брзо знае да изгледа лошо. И нијансите, само две се, што светлата дури и на мојов и онака доста светол тен двои. Деновиве ќе ја земам и другата па ќе ги мешам. Убаво покрива, ја сакав дури и со помала покривност, ама лицево не приметувам да ми се исфрлило, ко што ми се исфрла со акни обавезно после ставање пудри полни силикони и сваштарии. Од Лаверата каде-каде поубав ефект ми дава. И крем коректорот е супер покривен, планирам нареден пат и друга нијанса да земам. Претпочитам камени пудри наместо пудри во прав, попрактични ми се, ама ја пробав на рака таа во прав и стварно убав изглед дава. Лабелцето од невен си го купив по вторпат, презадоволна. Наредно во план ми е палетата сенки со сиви нијанси и berry карминот, мада на брзинка кога го пробав ко да не ми се виде доволно пигментиран. Хепа за тие пари, толку.
Драга Деми ја пробав минералната течна пудра (онаа во тубичка). Не е лоша, ама мене повеќе ми се допаѓаат минералната во прав и компактната крем пудра, незаменливи ми се. Оваа не ми дава ефект кој ми се допаѓа. Значи не е лоша како производ, ама не е по мој вкус. Другите две од алверде ми се врв!!! Поздрав.
Има некој пробано од новиве производи и како сте задоволни? http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/prirodna~kozmetika/alverde/
Зошто го нема во неколку продавници гелот за миење лице Aqua, со екстракт од морски алги за нормална и комбинирана кожа (155 ден - 150 мл)? Се крстев во него, дали е повлечен од продажба или така ми се погодија продавниците?
И јас мислам дека ти се погодиле продавниците. Ако не се лажам до пред некое време беше на попуст заедно со тоникот, па може чистка му направиле потрошувачите. Мислам дека го видов во капитол. Инаку следен пат ако нешто нема прашај ги вработените. Ептен се културни и фини ако нема нешто во таа продавница се јавуваат во другите за да прашаат. Поздрав.
Биодевојка само да те консултирам. Производиве на алверде се Органски 100% или имаат во составот производи од органско потекло?
Здраво драга, не се органски 100%, туку сертифицирани природни со одредени состојки од органско потекло. Само да разјаснам дека не постои 100% органска козметика освен ако не станува збор за колд крем, чисти масла или производи на маслена база или хидролати и цветни води. Во сите останати производи има емулгатори и сурфактанти кои имаат природно потекло и одобрени се од сертификаторите за органска козметика ама не се органски со оглед на тоа што поминуваат лабораториски процес. Поздрав
Многу ти благодарам за одговорот. Јас сега сум во некоја фаза кога кожата ми е ептен осетлива, и веќе неколку месеци ништо не можам да користам од козметика. Почнав дури од лабело да се исипувам. Па сега сум со намера комплетно да заменам се со органски и био производи.
Уф омилена ми стана! Особено декоративната козметика , пудрите (особено во прав ) и кармините им се феноменални. Имав туш за очи не беше лош, но не беше ни екстра. Путерот за тело со макадамија ми е на листа омилени. Имам користено и лосион за тело од јасмин , но путерот ми е поубав. Нешто што не ми се свиѓа се ролоните и дезедорансите против потење , да бидам искрена воопшто не ми помагаат па сум во потрага на подобар ,без алуминиум. Имам користено и гелови за туширање , но веќе не затоа што немаат некое екстра паковање од пола кило и воопшто постоечките не се економични. Лосионот за лице од роза линијата им е исто така добар. И сапунот од истата линија го имам користено е добар и маската за лице е феноменална... Од толку производи може пропуштив некој да го пофалам.. Следен на проба ми е путерот за стапала го меркам од дамна
Путерот за стапала е неверојатно добар!!! Оној во плава кутија како крем. Ќе видиш колку мека кожа на стапалата ќе имаш со редовна употреба.
Јас веќе почнав да ја користам колекцијата на Алверде на база на дива роза, па ќе видиме како ќе биде, но искрено многу бев љубопитна да ја тестирам. Користев Еуцерин против хиперпигментација но бидејќи сум бремена ја ставив на пауза, а колекцијава пак ја добив на подарок а и самата ја сакав. Првичните впечатоци ми се одлични..