Alverde козметика

Дискусија во 'Лице' започната од Queen^^, 25 јануари 2016.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Јас ја мешав со крем таа пудра што им е со шпатула, ми се допаѓаше така повеќе отколку кога ја нанесував самостојно. Пудрата самостојно нанесена некако не ми прави мерак, па ја спасив така.
    А оваа од сликава не ми е позната, не ни гледам периодов пудри зашто стварно имам залиха за до крајот на годината минимум. :tmi:
     
    На koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.931
    Допаѓања:
    108.244
    Пол:
    Женски
    @Mishela вчера ја пробав и покривноста и е како бб крема, ако немаш нешто многу за покривање ќе ти биде супер. Утре ќе ставам на рака на дневна светлина ќе сликнам како од прилика изгледа. Паштетесто не е со сигурност, баш е лесна како производ. Маана единствена е што чудно мириса, ама кога ќе се нанесе исчезнува мирисот.

    И овој производ интересно изгледа. Го видов баш и се мислев помеѓу ова и серумот. Сакам да ја земам и белата пудра во прав нивна, ја имав купено 01 ама ми беше темна.

    Камените пудри ги имате пробано? Гледам и серуми имаат за лице, дали вредат?

    Топ се производите на Алверде , мене ми се одлични , и квалитетни се и супер цена.
     
    На Mishela и Annath им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Нема излегување од ДМ без да си купам нешто од Алверде. :lol:

    Ми требаше некој пилинг со гликолна киселина. Го купив овој и ќе го пробам после секако, но ме интересираат коментари, впечатоци да сподели некоја од вас, ако веќе го користела. Ми прија гликолна на лицево, ми дава сјај и свежина на тенот, па ќе видиме како ќе се покаже. Планирам да го користам како маска за лице - да отстои некои 10 или преку сила 15 минути, па да измијам и да продолжам со лист-маска додека си гледам серија.

    Screenshot_20250611_190515_Gallery.jpg

    Маскава за коса си ја купувам од време на време, ја обожавам. Ја користам и само неа намачкана на пола коса и немам замерки, ама во последно време најчесто ја мешам со Фанола шампонот за тонирање и оставам да стои на цела коса околу пола саат. Таман додека на лице ми стои шлакната лист-маската. :D
    Преубава ми ја прави косата и не ми ја суши како кога нанесувам само Фанола.

    Кремов за околу очи прв пат го зедов, немам поим каков е. Се разбира дека беше импулсивно купен, ми се виде симпатичен. :)
    Не верувам дека ќе биде некоја ептен голема утка, ама и не очекувам да прави којзнае што. Ако некоја го користела нека каже збор-два.
     
    На Antolinaa и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.931
    Допаѓања:
    108.244
    Пол:
    Женски
    @Mishela ме претрка со постов :D јас исто денес сакав да ставам некои производи од Алверде на темава

    Ќе ти одговорам за сите

    Чистачот е предобар, мене ми е супер лицето од него , свежо и баш има здрав сјај :)

    Маската ја користам од мај месец и бидејќи ми е кратка косата по малку ставам, ама е навистина супер дури многу повеќе ми се допаѓа од балзамот во туба што е. И жал ми е што не земав повеќе, ама лето кога ќе дојдам Мк ќе си направам залихи :)

    И кремот за очи го имам пробано ама оддамна, кога беше во друго пакување:) сега е сменето.

    20250611_091121.jpg

    Исто морам да го пофалам и ова млеко за вадење на шминка ,одлично вади шминка презадоволна сум. И најважно не пече на очи

    20250611_091131.jpg
     
    На Antolinaa и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    @koritsaki
    Ставив од чистачот прееска, го држев 10 минути ко маска, како на времето што правев со црвениот серум од The Ordinary. :lol:
    Ми се допадна ко за прво користење и баш е нежен, ќе видам како ќе се покаже на долг рок ама мислам дека би го купила пак. Ценава беше живо џабе, 150 или 160 денари.

    А маскава nutri care мило ми е што ти се погодила, мене одамна ми е земена на пик и стално гледам да ја имам дома на залиха. Одлична, одлична маска. Штета што ја нема во големо пакување, ама тоа е.
     
    На Antolinaa и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    783
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам нешто во врска со овој пилинг..
    Колку пати може да се користи и за каков тип на кожа е?
    Не сум користела досега пилинг, ама сакам повремено да си го освежам лицето :)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Нежен е, може да се користи за секаков тип на кожа. На пакувањето пишува да се користи секој втор ден наутро и навечер, но јас сепак би ти препорачала да го користиш навечер затоа што гликолната киселина ја прави кожата осетлива на сонце и не е паметно да се користи во утринска рутина, дури и кога се нанесува спф потоа. Најбезбедно е да се вметне во вечерната рутина и не мора (а и нема потреба) да се користи секој ден. Секој втор ден да се миеш со него е супер идеја, дополнително би ти препорачала и да не користиш други киселини во рутината на денот кога ќе го користиш пилингов, а истото важи и за ретиноиди - таа вечер избегнувај да користиш, префрли го ретинолот за следната вечер. Во случај да користиш и такви серуми.
     
    На MeowMeow, koritsaki и Cence им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.931
    Допаѓања:
    108.244
    Пол:
    Женски
    20250614_085701.jpg

    Јас за течните пудри што ги имам сакам да пишам нешто :) првата од лево воопшто не е покривна, нешто како крема за лице што додале некој пигмент внатре. Ок ми е сега за лето и баш е лесна на кожата , само секако мора сетирање.

    Кај втората пудра ми се допаѓа покривноста ама некако е чудна леплива и мирисот воопшто не ми се допаѓа, исто така ми оксидира.
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    2.766
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш дали смее да се користи за време на доење? Читам дека сте доста задоволни од чистачот
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е безбедна за употреба при доење, попроблематични за тој период се продукти со салицилна и ретинол.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    2.766
    Пол:
    Женски
    Многу мака мачам со мелазма од бременоста, еве 9 месеци се поминати уште ми стојат флеките, башка што сум склона кон пеги си ги имам постојано. Баш ќе го пробам продуктов да видам дали ќе имам нешто ефект. Ти благодарам
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Следи го ова што го пишав во претходниот пост погоре и не би требало да имаш проблем.
    А за мелазма не знам, немам искуство некое, можеби @koritsaki повеќе ќе може да те упати што да земеш и што би можело да помогне дополнително.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.