Серумот е наменет да ги хидрира врвовите и да ја направи косата мека. Во периодот кога го користев веќе бев постпартум каде огромно количество на коса губев и барав спас во 300 продукти, се погоди да го купам сосема случајно без воопшто да се информирам. Мислам дека го користев во мешавина со многу продукти и не можам да донесам заклучок. Го престанав со употреба, но бидејќи ми остана баш ќе го пробам повторно со маската, гледам дека и шампон имаат од истата линија, па баш ќе ти пишам за дали имам некој придонес. Инаку можеби е и до мојата коса, или пак до сите продукти што ги користев. Според INCI има супер оцена, има добар фидбек од луѓе што го користеле... Јас само се сеќавам дека имаше убав мирис, буквално ист како маската.
Тој што се става како маскара, не те пече на очи? На прва одма ми се насолзат малку очите па престанав да го користам
користев серум од авон оној со арганово. Но забележав дека веќе косата како да ми се засити и повеќе ми се мастат врвовите од вообичаено па време е да сменам. Ќе ја имам оваа во предвид
Да пофалам уште еден Алверде продукт. Ја купив пенава бидејќи се спремам за на одмор а чистачот на CeraVe ми е 1 литар и не можам да го мкнам со мене на пат, па ја земав пенава како помала варијанта. Со резерва ја пробав неколку пати, бидејќи до сега само CeraVe бил лекот за мојата кожа и не сакав други чистачи да пробувам, ама пенава позитивно ме изненади. Многу е нежна а воедно и темелно го чисти лицето. Не ја суши и затегнува кожата што за мене е најбитно нешто што го барам во еден чистач за лице. Да го потрошам чистачот на CeraVe, би и дала шанса за користење и на подолг период.
Преубава е пенава, @fbaby. Пред десетина години имаше и крем за лице од истава линија, мирисаше на јаболка. Не знам дали уште ја имаат кремава, дневна крема беше. И цел форум имавме фаза со кремава, нема некоја девојка што не ја користеше. Ама стварно беше убава. Пената ја имам користено, преубава ми беше, но за брзо ми се расипа механизмот на пумпицата и не ја купив по втор пат за жал. Се надевам дека сум исклучок и дека сега е океј, тоа е.
Значи не сум направила лош избор. Гледам на форумов задоволни корисници од брендов, ќе продолжам да купувам, пред се и добар состав имаат, природна козметика. До сега само на CeraVe користев цела рутина, ама да не ми се засити лицето, може препорака и за некоја крема да пробам. Таа со јаболка вчера не ја видов.
Која крема би ми ја препорачала да ја пробам? Гледам често ги користиш производиве. За дехидрана кожа барам.
Оваа хидро ја користам преку ден, а таа со q10 ноќната ја користам вечер. Супер се, таа хидро е доста лесна крема. Ама јас имам мрсна кожа
Фала ти, ќе ја пробам, баш оваа ја гледав вчера. Мене кожата ми е хаос, те барит сува, те комбинирана, со т зоната имам проблем особено. На периоди ми се менува.
Би требало да ти одговара Не е ни мат, не ја ни мрси кожата навистина е одлична. Од серумиве на Алверде имаш нешто пробано? Ме копка да ги пробам , особено тој со витамин Ц ама некои викаат дека не содржи доволно процент витамин ц , некои па ептен ги фалат. Со витамин Ц некако не сакам да експериментирам особено не сакам да е во голем процент зошто или ме пече лицето или ми излегуваат иритации...
Серумите ги немам пробано. Може да пратиш слики да видам кои се, до сега не сум ги приметила? Сега изгуглав, серумот со вит ц има само 1%. Премалку е, не верувам да има некој ефект.