Хемиски пилинг е со киселини, тие со гранули се механички пилинзи. Овој што си го купила е одличен, јас го користам за да ги одржувам порите чисти. Одличен е, нема висока концентрација на киселини, но одлично си ја врши работата.
Подолг период користам алверде шампони и балзами, од скоро забележувам првут. Да напоменам дека никогаш сум го немала. Дали сте забележале ваква промена и кај вас, дали е можно од шампониве?
Јас одамна ги користев шампоните. Потоа сменив на Балеа или некои од Белина. Решив да земам пак на Алверде, тој за сува коса жолтиот, ама лош. Многу сува ми беше косата и ме чешаше.
Не сум имала проблем со првут и чешање, мене ми одговараат освен тој со авокадото ми ја сплескува косата
Да пробаш да смениш малку. Викаат и од шампон косата може да се засити па од тоа да не имаш таква реакција. Ми се случило инаку да ми се појави првут и чешање, ама кај мене на база на стрес ми се активира како дерматит, само на делови од главата.
Можеби косата ти се презаситила. Не користи регенератор. Смени го шампонот со некој од друга марка и види дали ќе имаш подобрување.
Да не ве тагнувам сите, фала за одговорите. Сува ми е и мене, па и ме причешува одвреме навреме, можеби е и тоа до шампонот. Ќе морам да сменам да видам што ќе биде. Инаку не е којзнае колку првут, ама ме нервира и тоа.
Голема е веројатноста ова да е реакција на шампонот, можеби не ти одговара на скалпот. Пробај со некој друг од Алверде, па ако се повтори истото префрли се на некој друг бренд.
косата се заситува од шампоните. А летен период нормално е да се појави првут,скалпот е изложен на сонце кожата се лупи и обновува