Супер е комбинацијата и мене ми одговара. Само кремата за виткана коса ми нема никаква функција ама ќе му дадам уште некоја шанса.
Здраво женски! Прилично сум нова во користење и испробување на Алверде козметика па затоа решив да ве прашам вас. Би сакала да пробам камена пудра, руменило и бронзер на Алверде ама некако сум overwhelmed од целиот избор во ДМ. Кои се вашите фаворити? Инаку имам комбинирана кожа и најголем проблем ми е што пудрата многу брзо ми избива и цело лице ми свети после само 1-2 часа
Ова е безбојно така, дали може да се стави само на лице после крема? Овие две недели е пекол и се што ставив на лице не ми се допага како стои. Како мрсно, неубаво, прво лето вака ми е. Дали дека е најтопло не знам ама барам нешто што ќе биде како ,, гола кожата"
Денес го купив маслото од дива роза и сега да прашам кога и како го нанесувате? Мојата рутина е следна: - Гел за лице (наутро); - Дневна крема q10; - Двојно чистење (навечер); - Хемискиот пилинг (х2-3 неделно); - Ноќна крема q10; Кога да го вметнам маслото?
Наутро јас не го нанесував маслото, а ако сакаш да ставаш и од него, тогаш нанеси после дневната крема. Навечер исто, после ноќната крема. Јас ја купив денес онаа течна пудра во тубичка, mineral matt нешто такво пишуваше на неа. Не се сеќавам дали сум ја користела, ќе видиме како ќе се покаже.
Ти благодарам И јас ја гледав пудрата, откако @koritsaki ја постираше. Набрзо сум на свадба и сакам да ја пробам, но навистина незнам која нијанса да ја одберам. Во Капитол имаше само два тестери, а некако 01 ми се виде многу светла, па се мислам за нијансата 03.. Сподели и ти како ќе бидеш задоволна
Јас го купив тројниот бронзер и многу ми се допаѓа. Исто го имам руменилото холографик и тоа ми е супер.
Од пудрава, ич не сум воодушевена. Искрено, воопшто не ја ни препорачувам ко за на настан. Мене дури ни за секој ден не ми е убава. Ич не ми се допаѓа формулата, тоа ми е deal breaker мислам. Не е мат, накај сјајна е повеќе - значи не затега, пријатна е ептен е брашнеста. Дава некој таков glowy финиш, ама лицето во некои делови изгледа ко да имаш огромна флека посипана со брашно. Башка се пика во секоја можна пора и воопшто не легнува на лицето, не знам како да опишам, останува на површината на кожата и лицето личи ко нафлекано, доста се познава. Со камена или пудра во прав одозгора не се камуфлира баш, дури и да личи дека е океј, по кратко време пак почнува да се познава кај мене. Ми се слоши кога се видов на работа. Убитачна ми е ваква формула на пудра што изгледа ко посеано брашно на кожата. Буквално брашнести флеки ми остави и ефектот ми е ист со што и да ја нанесам - сунѓер, четка, прсти, you name it, све пробав. Исто и подлогата, дури ни Алверде крем не одговара, се прават ко трошки од лупешки. Истото се случува и кога се нанесува над спф. За нијансата да не почнувам, не ми се допаѓа, најсветлата е премногу портокалова за мој вкус. Подобро земи ја таа 2во1 коректор пудра со шпатула. Е таа е одлична, само ако имаш комбинирана кожа, обавезно нанеси и камена пудра за да не ти светне Т-зоната. Дефинитивно пак би ја купила неа, 300 и нешто денари беше. За стотче плус, разликата во квалитет е огромна.
Баш ми е жал што си се разочарала.. Изгледа кај секоја кожа различно легнува Може слика од таа коректор пудра?
Препорака за крема за тинејџер некомедогена,да напоменам има чисто лице без неправилности/комбинирана кожа?