@Biodevojka што мислиш за оваа колекција на Алверде воопшто? И која е разликата на пример, кога би купила крема за лице на Weleda исто на база на дива роза, а се работи исто за производ којшто има natrue сертификат и поседува состојки од сертифицирано органско потекло. А цената од друга страна пак многу се разликува... ?!
Здраво драга, сум напоменала многупати дека мене лично Алверде ми се допаѓа. Станува збор за природна козметика со состојки од органско потекло (не сите) која има убава декларација (поголемиот дел од производите не сум пробала сѐ) и секако фантастични цени кои секој може да си ги дозволи. Веледа ја немам користено многу имам пробано еден крем од калинка во Италија и еден за раце. Сите колекции се убави на свој начин најважно е она што тебе лично ќе ти одговара, затоа што сите сме различни. Тоа може да се заклучи и од вашите кометари за кремот од роза на Алверде на некој прекрасно му одговара додека кај други не ги дава бараните резултати. Поздрав.
@MissChievous јас ја имам базата за сенка, многу е добра ја држи сенката на око. За другите производи незнам не сум ги користела. А што е ова на втората слика иначе?
Како сте задоволни од минералната пудра?Ми треба за под очите, да го задржи коректорот.Или има подобри пудри во прав за таа намена од оваа на Алверде?
Здраво драга, јас ја имам оваа пудра и за мене е одлична. Оваа ја користам во комбинација со онаа кремастата со сунѓерче која е уште попокривна. Оваа ми се допаѓа затоа што е минерална и не ја запушува кожата, ја остава да дише. Може да ја користиш сува со четка или сунѓерче, во комбинација со минерална вода или тоник за поголема покривност или во комбинација со дневен крем како течна пудра. Има навистина многу употреби. Кај мене на блог имаш статија за пудрите во прав наспроти кремастите, доколку сакаш прочитај ја. Поздрав
Здраво драга, јас имам пробано две: со невен и она светкавото лимитед едишн. И двете се многу убави иако може за ијанса повеќе ми се допаѓа светкавото затоа што има фантастичен мирис, а и структурата ми е некако помека и поубава. Се топи на усните. Го користам секојдневно (иако имам еден куп лабела по едно во секоја ташна) Поздрав.
@Emanuela12 мене поубаво ми е тоа со невен, некако помрсна структура има. Не дека розовото е лошо, го користам преку ден баш поради светките, дава фин сјај, ама ова од невен ми е незаменливо за пред спиење.
Од Алверде сум презадоволна од путерот за коса , баш сега ми е при крај , косата ја остава свиленкаста и мека , а не ми ја масти воопшто. Го имам користено пилингот за лице со сините зрнца , мирисот беше неутрален , ми се допаадна како го чистеше лицето Ја имам користено кремава пред 2-3 години мислам беше и беше добра ми се допаѓаше многу мирисот на зелено јаболко. Од истава линија ја имам пробано пената за миење лице и исто беше супер. И секако морам да го пофалам овој спреј за под пазуви. Мириса на нане , нема алуминиум внатре и што е најважно штити од непријатна миризба. Сега трошам второ пакување наскоро доаѓам во Ск па ќе си земам секако од истиот дезодоран би сакала да го пробам и тој од зелен лимон
@black-angel чекам рецензија на темава за сите производи поготово за средството за вадење шминка. сакав порака да ти пишам ама нема таква опција
@koritsaki Да се самоцитирам, со две туферчиња од лицето ми исчисти пудра, коректор, маскара и црно моливче . Во однос на очите не ме печеше воопшто само мала нелагодност имав. Откако го исчистив лицето првите 5 мин имав благо лепење на кожата кое после се впи и лицето ми стана мазно и нежно. Немав никакви црвенила ниту иритации
@black-angel ти благодарам многу се жалеа дека ги печело очите ама очигледно е дека некоја состојка внатре на секого не му одговара Мене ок ми е маслото на Балеа го имам купувано безброј пати , сега нареден пат о ва ќе го пробам
Путерот за коса е врв, сериозно најдоброто нешто за коса што го имам користено. Моментално ја користам кремата за раце со невен и ми се допаѓа. Убаво ја негува кожата, убаво мириса (чудно, но на убав начин) и пакувањето ми е таман за во ранец.
Истото мислење го делам со @MissChievous за путерот за коса на Алверде. Најдобро нешто што сум користела до сега за коса. Уште при првото ставање од путерот резултатот беше видлив, мека и нежна коса. 10/10 од мене.